Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Забава

„Роса“ останува на врвиците на традицијата

Здружената македонска фолк-естрада, по игра на случајот, во петокот на 26 ноември беше ставена во ситуација да ја тестира својата моќ врз публиката, наспроти Цеца. И со сите сили некако си ја одбрани честа, полнејќи ја Универзална на 12. издание на Фолк-фест „Роса“. Фестивалот, по традиција ревијален, не остави простор за сплетки и игри за награди, па македонската фолк-естрада требаше само да се покаже во сиот свој сјај и стајлинг, секако според можностите. Дали песните што беа испеани од: Руса Андова, Дејан Димишков, Оливер Милошевски, Спасе Сиљановски, Ирена Вељовска, Весна Диндева, групата „Т’га за југ“, Кристина Трајанова и групата „Крешчендо“, Благица Николова, Јордан Митев, Дарко Стојановски, Андријана Андреевска, Миле Кузмановски, Милица Кузмановска, Марјан Коцев и „Дрим тим“, Анета Наковска и „Витрус“, Анастасија Петреска, Гоце Арнаудов, Благица Калева и „Модус“, Јасмина Гуњова, Влатко Миладиновски, групата „Џумбуш“ и Елена Велевска ќе остават некаква трага, ќе слушнеме најрано идната година.

Годинава на „Роса“, впрочем, како и секогаш имаше награди само за животно дело, а со нив беа почестени: Миле Барбаровски, Љупчо Трајковски-Фис и Милан Завков.

Во услови кога вербата во македонскиот фолк е како давеник за сламка, опстојувањето на „Роса“ се доживува како „опстојување на врвиците на традицијата“. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар

Од: mikica
Датум: 30.11.2010 15:01:01
sorry, a sto festival e ova??? slusa li nekoj ova "cudo"???

Најди! во Утрински
Забава
Европа потклекна под налетот на имигрантите
„Капка под небото“ во тираж од 20.000 примероци
Бесна поради написите за свадбата
„Алпина БМВ Б5 битурбо“
Замина уште еден крал на комедијата
Почна трката на Песна за Евровизија
Познатите ги згаснуваат своите дигитални профили
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars