Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Париз ги преспал случувањата во Тунис

ПАРИЗ - Францускиот дневен весник „Либерасион“ со наслов „Дисквалификувана“ побара оставка од министерката за надворешни работи Мишел-Алио Мари, бидејќи за време на масовните протести во Тунис предложила Франција да ги советува туниските безбедносни сили во одржувањето на редот.

Ни останатиот француски печат не е понежен со француската дипломатија, која остана во „магла и немоќ“ наспроти настаните во Тунис, каде што американската дипломатија се покажа многу повешта.

„Канар аншене“ пренесува една реченица што не е потврдена од страна на нејзиниот автор, министерот за одбрана Алан Жупе“: „Навистина е лудо да се дознае што се случува во една многу блиска земја слушајќи радио“.Според француските медиуми, францускиот амбасадор во Тунис, на самиот ден кога Бен Али побегна од Тунис, во телеграмата упатена до Елисејската палата и во МНР напишал дека „претседателот Бен Али ја држи ситуацијата под контрола“. Министерот за одбрана Алан Жупе во интервју се обидува да ја извлече француската дипломатија од оваа незгодна ситуација, објаснувајќи: „Без сомневање, ние го потценивме степенот на безнадежност на јавното мислење. Но, Франција останува верна на нејзините фундаментални принципи на нејзината надворешна политика: немешање во внатрешните работи на една суверена држава и поддршка на демократијата и слободата“. (МИА)


#
Статијата е прочитана 529 пати.

Испрати коментар

Од: Taka e...
Датум: 21.01.2011 10:45:22
Tocno ... sto i e gajle na Francija za poranesna kolonija ?? Na vremeto si zema se sto mozese...e sega gi ostava na nivna "demokratija" samite da se udavat so AL KAEDA...!!.Ako sakas nekogo da unistis samo predizvikaj ekonomski haos...kolku Tunis ke izgubi so ovaa "revolucija " ne se svesni tesko turisti da im se vratat i za 50 godini...!!!

Најди! во Утрински
Свет
Почна самитот на двата џина
Со коката Боливија ќе војува со „Кока-кола“
Ексдиктаторот повторно сака власт
Почна дипломатска офанзива за легализацијата
Орбан дочекан во Брисел со инцидент
Германците земаат се' помали плати