Германците земаат се' помали плати
Додека платите во поголемиот дел европски земји во последниве десетина години растат во просек за една четвртина, во Германија реалната заработувачка опаѓа. Ова го покажуваат најновите податоци на ИЛО, меѓународната организација за труд.
Поради флексибилниот пазар на работна сила, земјата за многу други е урнек за успешно справување со екомонската криза. На пример, скратеното работење, модел во кој фирмите не ги отпуштија своите вработени, туку ги префрлија на скратена работа. Таа значи вработените привремено не работат, но не добиваат отказ. На ваков начин бројката невработени за време на кризата остана во граници.
Флексибилен пазар на труд, меѓутоа значи и друго - бројот на луѓе што имаат траен работен однос со платени социјални давачки во последниве години, дури и пред кризата, опаѓа. Се' повеќе луѓе работат на скратено работно време и заработуваат толку малку што не можат да живеат од својот труд. Расте и бројот на работни места на ограничено време и цвета „позајмувањето работници“ преку трети посреднички фирми, преку што се намалува сатнината. Овие форми на вработување и умерените тарифни договори, според ИЛО, водат до намалување на платите во Германија, и тоа цела деценија наназад. (Дојче веле) |