Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Ексдиктаторот повторно сака власт

Дувалие и неговото семејство со години живееја луксузно на француската ривиера, возејќи спортски автомобили и престојувајќи во ексклузивни вили

ПОРТ-О-ПРЕНС - Властите на Хаити започнаа процес за судење на Жан-Клод Дувалие за корупција и проневера за време на неговото брутално 15-годишно владеење. Поранешниот диктатор, познат како Бејби Док, со часови беше сослушуван од судиите зад затворена врата во главниот град на Хаити.

Системот на Хаити предвидува притвор пред судење, но на Дувалие му беше дозволено по сослушувањето да остане на слобода и да се врати во неговата хотелска соба под полициска придружба. Сепак, тој не може да ја напушти земјата. Неговата долгогодишна партнерка Вероник Рој претходно изјави дека ако треба да ја напушти земјата, тој ќе побара и ќе замине, но дека сега тој нема ни пасош.

Неколку стотици приврзаници на Дувалие се собраа пред судот, палеа гуми, извикуваа слогани и повикуваа да се уапси претседателот Рене Превал, а потоа расположено поздравуваа кога Дувалие ја напушти судницата. Претходно некои приврзаници се обидоа да ги блокираат улиците со превртени канти за отпад и камења за да ја спречат полицијата да го однесе Дувалие од неговата хотелска соба во судницата.

Како и да е, нема знаци за голема поддршка на Дувалие.

Чал Кристен (56) мавташе со знаме на политичката партија на Дувалие, кое го зачувал откако некогашниот „доживотен претседател“ беше соборен со народен бунт и замина во егзил пред речиси 25 години. „Немаме храна, нашите куќи се урнати, нашите деца не можат да одат на училиште. Превал е диктаторот. Го сакаме Дувалие за претседател. Под негова власт добро се храневме, бевме безбедни“, рече Кристен.

Фенел Алекси, 31-годишен механичар, ги следеше настаните и ги осуди и Дувалие и Превал - поранешен активист против Дувалие. „Граѓаните на оваа земја претрпеа многу криминал. Не сме имале претседател што не извршил злосторства“, рече Алекси.

Дувалие беше отстранет од хотелот откако приватно се состана со високи судски претставници на Хаити во неговата хотелска соба додека групите за човекови права и другите упатуваа повици за негово апсење. Хенри Роберт Стерлин, поранешен амбасадор под режимот на Дувалие, кој последниве денови изјави дека зборува како портпарол на поранешниот диктатор, рече дека е шокиран од развојот на настаните. „Да видиме дали ќе го стават в затвор“, рече тој.

Дувалие ја презеде власта во 1971 година на 19-годишна возраст по смртта на неговиот татко, Франсоа „Папа Док“ Дувалие. Таткото и синот претседаваа со едно од најбруталните поглавја во историјата на Хаити, период кога тајните полициски сили познати како „Тонтон макуте“ ги измачуваа и ги убиваа опонентите. Приватната милиција на насилниците ја спроведуваше апсолутната моќ на династијата Дувалие и живееше од изнудување.

Во затворот-тврдина Форд Диманш, жителите на Хаити беа егзекутирани или умираа од недоволна исхранетост за време на диктаторствата на Дувалие од 1957 до 1986 година. Периодите со болка и насилство што потекнуваа од диктаторството на семејството Дувалие во текот на 29 години се' уште длабоко рануваат многу жители на Хаити, вклучувајќи ги и оние што беа принудени да заминат во егзил. Дувалие, исто така, е обвинет за проневера на неколку милиони долари од јавните фондови и нивно пренесување од земјата во швајцарски банки, иако тој негира дека крадел од Хаити.

Дувалие и неговото семејство со години живееја луксузно на француската ривиера, возејќи спортски автомобили и престојувајќи во ексклузивни вили. Во 1993 година по финансиските тешкотии, Дувалие се пресели во регионот на Париз. Тој веќе загуби голем дел од своето богатство кога се разведе од својата сопруга. Кланот Дувалие водеше долгогодишна битка за враќање на најмалку 4,6 милиони долари замрзнати во една швајцарска банка. Но, во септември 2007 година се обрати до радиото на Хаити од странство за да се извини за „погрешните дела“ што биле направени под негова власт и побара приврзаниците да се соберат околу неговата маргинална политичка партија.

Неколкумина лојални приврзаници водеа кампања за да го вратат Дувалие од егзил и основаа фондација за да се подобри имиџот на диктаторот и да заживее неговата политичка партија со надеж дека еден ден ќе може да се врати за да владее демократски. (Асошиеjтед прес)


#
Статијата е прочитана 395 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Почна самитот на двата џина
Со коката Боливија ќе војува со „Кока-кола“
Почна дипломатска офанзива за легализацијата
Париз ги преспал случувањата во Тунис
Орбан дочекан во Брисел со инцидент
Германците земаат се' помали плати