Првоодделенчиња во посета на МПМ
Првооделенчиња, кои учат германски јазик во дневниот престој на Германскиот јазичен центар во Скопје, во петокот ја посетија „Медија принт Македонија“, компанија во сопственост на германската медиумска група ВАЦ, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај.
Децата рецитираа песнички на германски јазик и разговараа на германски со управителот на „Медија принт Македонија“, д-р Срѓан Керим. Ја посетија и печатницата во Графички центар, каде што го „усовршуваа“ процесот на печатење на нашите весници и списанија.
Александра Петреска-Паскоска, менаџер на Германскиот јазичен центар, вели дека се' повеќе ученици, првоодделенци и повозрасни, се запишуваат на курсевите по германски јазик што ги нуди центарот. Моментно, 50 ученици до 8-годишна возраст учат германски во ова училиште. Германскиот јазик станува втор странски јазик во Македонија, вели таа. |