Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

ИНТЕРВЈУ

„Македонско претседателство“ во Советот на Европа

Мевлут Чавушоглу

Претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа: Во Комитетот на министрите е прифатено дека ќе биде „македонско претседателство“

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Господине претседателе, за десетина дена Република Македонија ќе го преземе претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа. Што очекувате од македонското претседателство, Вие и Парламентарното собрание на Советот на Европа?

Среќен сум што една земја-членка, во која секогаш одам со задоволство, ќе го преземе претседателството во мај. Ќе бидам присутен на церемонијата во Стразбур уште повеќе ако се знае дека потоа Турција ќе го преземе претседателството од Македонија. Од македонското претседателство очекуваме да игра поактивна улога во Комитетот на министрите, ПС на СЕ и во целиот Совет на Европа во ангажираниот процес на реформи. Се надевам дека реформите ќе бидат следени и гарантирани од македонското претседателство. Бирото, Постојаната комисија и Комитетот на претседателите на ПС на СЕ ќе се состанат на 20 и на 21 мај во Скопје. Се радувам што ќе имам можност да ја посетам вашата земја. Убеден сум дека македонското претседателство ќе биде крунисано со успех и дека Македонија ќе придонесе за зацврстување на нашите главни вредности.

Позната ни е позицијата на вашата земја, Турција, околу името на Македонија. Вие самите го користите терминот „македонско претседателство“, но дали претседавањето под ова име може да претставува проблем овде во Советот на Европа?

Колку што знам, за ова се зборува во Комитетот на министрите и таму е потврдено и прифатено дека ќе биде „македонско претседателство“. Не велиме дека ќе биде претседателство на Република Македонија, ниту на Македонија ниту на поранешна југословенска Република Македонија, иако ова е официјалното име на земјата. Името претставува проблем за идната евроатлантска интеграција на земјата. Искрено, се надевам дека проблемот наскоро ќе биде решен и дека ПС на СЕ нема повеќе да се грижи за вакви видови прашања, кои, според мене, се некорисни. Но, потребно е да се реши проблемот, бидејќи тоа ќе придонесе за поголема стабилност на Балканот. Што се однесува до претседавањето, тоа ќе биде „македонско претседателство“ и тоа нема никаква врска со Турција или со мене лично.

Позната ни е позицијата на ПС на СЕ, бидејќи е усвоен извештај во однос на проблемот со името, дали грчката парламентарна делегација изврши притисок или реагираше на користењето на насловот „македонско претседателство“?

Добивме писмо од еден член на грчката делегација. Во одговорот на тоа писмо имаше објаснување дека ние како ПС не СЕ не сме тие што одлучија за тоа име и дека ние не сме вистинската адреса на која требаш�� да се испрати писмото. Требаше да му се пишува на Комитетот на министрите, а не нам. Освен оваа, немаше други реакции.

Вие сте запознати повеќе или помалку со ситуацијата во Македонија и во регионот. Деновиве ОБСЕ, ЕУ и САД побараа зачувување на Рамковниот договор од Охрид, дали има елементи, кои, според вас, можат да ја дестабилизираат земјата?

Не, не го следев последниот развој на ситуацијата, ниту повиците за почитување на Охридскиот договор. Прв пат ја посетив земјата во 2006 година, како шеф на ад-хок Комисијата за следење на парламентарните избори и можам да речам дека оттогаш има поголема стабилност во земјата, а и го констатирав тоа. Имаше проблеми за време на изборите, но тие проблеми, всушност, беа актите на насилство меѓу двете партии на Албанците. Тоа го подвлеков во мојот извештај. Јас не констатирав потенцијални конфликти меѓу различните етнички заедници што ја составуваат земјата. Македонија е прекрасна земја, ние не сакаме да има проблеми и конфликти во земјата, туку сакаме мир и напредок.

Претстојната сесија содржи многу прашања поврзани со Балканот, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија... Дали фактот што по потекло сте од Турција, чија дипломатија игра важна улога во регионот, може да придонесе за поефикасна акција на Советот на Европа и ПС на СЕ во овие земји?

Да, точно. Тоа е дел од дипломатијата и надворешната политика на Турција. Нашата цел е да има стабилност и мир на Блискиот Исток, на Кавказот и на Балканот, односно нашите соседни региони. Ние имаме силни врски со Балканот и одлични односи со секоја до земјите што го составуваат овој регион. Односите меѓу Србија и Турција значајно се подобрија последните две години. Турција се обидува да ги искористи одличните билатерални односи со секоја од овие земји за да ги приближи и да го зацврсти дијалогот и дипломатијата меѓу земјите од Балканот. Затоа, тројцата претседатели се состанаа во Турција и ја потпишаа „Декларацијата од Истанбул“. Тоа придонесува за стабилноста на регионот и за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина. Ние се трудиме да придонесеме за ова и мислам дека сите земји од Балканот ги признаваат напорите што ги прави Турција.


#
Статијата е прочитана 1557 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Политика
Поевтинувањето на едни лекови значи поскапување на други
Македонија е во рацете на политиканти!
Првомајска синдикално-владина идила
Пет минути тишина за одбрана на новинарството
Првоодделенчиња во посета на МПМ
Кофинансирање на седум проекти од образованието