Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Македонија е во рацете на политиканти!

Петстотини и педесетте делегати на првиот конгрес на партијата Обединети за Македонија, што вчера се одржа во Струмица, со акламација го избраа Љубе Бошкоски за претседател. Тој порача дека неговата партија не е трета, туку единствена опција за Република Македонија и дека на предвремените избори Обединети за Македонија ќе победи.

„Од нашето формирање пред 12 месеци до денес, Обединети за Македонија поминаа низ сцили и харидби. Мислеа дека ќе светнеме и ќе изгаснеме. Привременото партиско раководство на ДПМНЕ, со месеци води хајка за моја дискредитација и за намалување на силата на Обединети за Македонија, форсирајќи ги монтираните процеси и користејќи ги сите неконвенционални средства од времето на тоталитарните режими како метод на политичка борба. Меѓутоа, Обединети за Македонија ја покажа својата цврстина, рече Бошкоски во своето обраќање.

Претседателот на Обединети за Македонија силно ја критикуваше актуелната власт за лошото владеење и ги потенцираше програмските задачи на партијата, во кои значајна место заземаат меѓуетничките односи.

„Македонскиот, како мнозински народ, ја носи одговорноста за меѓуетничко, односно меѓуцивлизациско и меѓурелигиско хармонизирање на односите со етничките заедници во Република Македонија, а Обединети за Македонија знае како да го реализира тоа, внимавајќи на спецификите на секоја од заедниците. Ова е еден од носечките столбови на внатрешната политика на Обединети за Македонија, истакна Бошкоски.

Тој нагласи дека за жал, Македонија, моментно е во рацете на политиканти. „Тие не да ја можат разберат политиката ниту сами, а ниту со туѓа помош и совети. Тие се најопасни кога имаат власт, бидејќи и' нанесуваат огромни штети и зло на државата“, додаде тој.

Првиот конгрес на Обединети за Македонија го поздравија претставници на СДСМ, ДПА и на Либералната партија, а присуствуваа претставници на повеќе здруженија и амбасадите на Хрватска и на Бугарија во Македонија. (Е.П)


#
Статијата е прочитана 1459 пати.

Испрати коментар

Од: Kimov
Датум: 03.05.2010 06:53:03
Samo 5 mina vo Strumica Ljube Boskovski ima kolku da se rece deka ima opstinski komitet. Drugototo sto go gledate na slikata Zaev gi ima sobrano od negovata partija. A poluvinata se dojdeni za seir da si gledaat i da se smeat. Ljube i partija boze boze nitu e bila pa nitu ke bide.
Од: mite
Датум: 03.05.2010 08:04:44
Navistina dojde vise vremeto na pravata pol.opcija...mnogu kako mene koi ne se pol.opredeleni, vece site razmisluvaat za VAS...G-dine Boskovski,deka navistina so edna Blaga i korekna politika moze da ne izvadite od kriza (politicka i ekonomska)....seto ova vi go objasnuvam so fakltot od odnosot koj go ima vasiot pretpostaven i timot so koj raboti voTETOVO -vasata partija g-Dine Boskovski.....koreknost, iskrenost i cesnost kon site bez razlika na vera ,pol.opredelba i pol.......a za razlika na SVERCEROT-koj e najaden i voobrazen...samo treba da im ukazete na vasite lugje i tie da ostanat kakvi sto se ,,,,,,a ne koga ce dojdat na pozicija da ne ne poznavaat ...i samo napred G-dine Boskovski...so pravi i cesni lugje i narodot ce bide so vas........da zivee samostojna i Evropska MAKEDONIJA......
Од: Cybersex® во Земјата на Чудата
Датум: 03.05.2010 08:42:59
За жал Македонија не ја владеат ниту Политиканти, туку Наконтени Празноглави Шарлатани, занесени во Црно-белите Неми Филмови од Минатото! И не се работи за сцили и хариДБи, туку за Сцилa и ХариБДa, Две Единки, кои во Чудовишен облик, тешко може да ја имаат својата Плурална Форма!
Од: Goran
Датум: 03.05.2010 10:00:20
Eh teško na Makedonija ako ovi poetski zanesenkovci kako brat Ljube ja izvadat Makedonija od kal.Ako beše tolku dobar nemaše da bega od Mk. i da napađa se što e makedonsko,da šuruva so onie od kosovo a ovde da glumi patriot i spasitel na Makedonija od vladeenjeto na VMRO,vo koe beše i on ama samo so drugi igrači koi ja pljačkaa,uništuvaa i prodavaa Makedonija.Se gleda kolku e slatka vlasta koga čovek tolku očajno se bori za da se vrati bez pardon pa makar i gazejći gi načelata koi samiot gi ima postaveno kako pravec od koi ne smee da se otstapuva.Neka bidat izbori pa će te vidime brat kako će pomineš,predavnicite znarš deka ne bile na dobar glas nikogaš kaj makedonskiot narod.
Од: Navivam za Boskovski
Датум: 03.05.2010 10:51:12
Se poveke mi se dopaga Boskovski,specijalno ona sto go kaza za MALCINSTVATA.Se nadevam deka i toa misli navistina,ili pak ke bide kako i mnogute idioti politicari.
Од: realen-sv nikole
Датум: 03.05.2010 14:16:18
eden sosema klasicen primer za narodnata pogovorka RANI KUCE DA TE LAE!!Vmro-dpmne go vnese vo politikata,go hranese,mu dade funkcija,pa go izvadi od zatvor boskovski(dodeka Johan seuste lezi tamu!!),za sega da pravi partija so izdisani politicki figuri kako onoj mladiot prazen demagog Petrovski),da pluka po GruevskiI vmro dpmne,kako da se najgolemi neprijateli...zgora na seto toa kumuva so branko crvenkovski i zaev...sramotilaci...ova li e tretata opcija??na ovakov narodot ke mu veruva???ako e taka togas pocrno ne moze da bide za nas:)a neka kaze boskovski zosto se molea po gradovite da soberat luge vo avtobusite koi odea za strumica???polovina od tie otidoa da se prosetaat do strumica za bez pari i pet banki ne davaat za ljube....

Најди! во Утрински
Политика
Поевтинувањето на едни лекови значи поскапување на други
„Македонско претседателство“ во Советот на Европа
Првомајска синдикално-владина идила
Пет минути тишина за одбрана на новинарството
Првоодделенчиња во посета на МПМ
Кофинансирање на седум проекти од образованието