Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Првомајска синдикално-владина идила

Македонија нема проблеми со работничките права. Таков впечаток се доби од годинешната прослава на Меѓународниот ден на трудот. Работниците низ светот го одбележаа Први мај со маршеви и протести. Во Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Турција, Русија, Грција... незадоволството го искажаа со излегување на улица. Нивните македонски колеги одлучија да си останат дома или, пак, да ги запоседнат излетничките места. И додека револтот на работниците од некои земји ескалираше дури и со судири со полицијата, фрлање молотови коктели - жешко и зачадено беше и кај нас, но од распалените скари!

Дека нашава земја е уникум во она што претставува „светска практика“ во борбата за поголеми права, доволно индикативно зборува и начинот на кој синдикалното водство реши да го одбележи овој ден. Како во Македонија да е се' идеално и да нема проблеми, нив ги немаше на чело на протестите, но затоа, пак, решија на плоштадот „Македонија“ да ја промовираат кампањата за мобилизирање ново членство.

Сосема невообичаено и неприкладно, но токму на денот кога требаше да се искаже став околу редуцираните работнички права, ниските плати и големата експлоатација што постои во одделни гранки, првите синдикалци отидоа на славје кај власта. Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, одржа работна средба со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати. Средбата е одржана по барање на двата синдиката (ССМ и КСС) и е оценета како „историска“. Објаснувањето е дека првпат на заедничка маса седнале претставници на сите синдикати.

„Работнички протести и штрајкови ќе има во оној момент кога навистина ќе се постигне консензус за тоа. Не сакаме да се доведеме во позиција да излегуваме со 200 до 300 луѓе, а од друга страна, да гледаат или некои други граѓани или некои други работници дека нешто правиме, а во основа ништо не правиме. Работнички протести и штрајкови ќе има кога ќе дојде време“, изјави новиот претседател на ССМ, Живко Митревски.

Владините министри, пак, не го криеја задоволството од „обновениот дијалог со Синдикатот“ и не пропуштија да излезат во јавноста со пригодни изјави. „Први мај станува историски ден, не само поради историјата на работниците низ целиот свет туку и за синдикалните организации во Македонија, кои денес, по долги години, првпат се случува на иста маса да седнат сите синдикати со Владата во еден искрен и отворен дијалог, социјален дијалог, кој е битен и за синдикатите и за работниците воопшто“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. Тој изрази надеж дека до крајот мај синдикатите ќе се организираат поквалитетно и оти ќе се воспостави и ќе профункционира Економско-социјалниот совет, како рамка преку која на редовна основа ќе се одвива тој дијалог.

Се огласи и премиерот Никола Груевски, кој по повод Празникот на трудот, им порача на македонските работници дека Владата работи на создавање подобри услови и права за работници и подобрување на економските услови во земјава. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да работи во насока на подобрување на животниот стандард, условите, заштитата и правата на работниците, како и добриот дијалог со нив.

Единствени што излегоа на протест беа Движењето за социјална правда – Ленка, а првомајски марш одржаа и Титовите леви сили и Нова социјалдемократска партија. Приврзаниците на Слобдан Угриновски го направија тоа на свој начин - со лопати и слики на Тито и со пароли дека во времето на Броз подобро се живеело. (Г. Д)


#
Статијата е прочитана 1358 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe od Gradcko
Датум: 03.05.2010 00:35:42
Sramota za Sojuzot na sindikati na Makedonija.Sekade vo svetot ( berlin, Vasington, Pariz, Atina,Moskva, London) imase protesti za podobri rabotnicki prava samiot nasiot "nov" SSM so nov lider suruva so vladata. Ocigledna e namerata da vladata se instalira vo sindikatot i Muratovski ne bese nesto posebno ama ova e poveke od ocigledno deka vladata saka da ima kontrola vrz ovoj sindikat. Pa rabotiku koj ke ve stiti vo Makedonija...???Ne osekam deka imame sindikat za rabotnikot...SRMOTA za Sindikatot i SSM
Од: Serafim
Датум: 03.05.2010 06:12:22
Profiterite go osvojuvaat prostorot vo sekoja pora od nasiot gnil sistem.Ne cudete se i po SDSM- SDSM 2.,,Sve je isto,samo njega nema,,?!!!
Од: Kimov
Датум: 03.05.2010 07:04:37
Duri sega Makedonija dobi prav sindikat. Ne mozi odma na ulica i da se strajkuva. Bas pametno kako prvo pregovori so vladata da se zadovolat pravata na rabotnicite a potoa dokolku ne se postigne konsenzus ke se organiziraat strajkovi. Samo plitok covek kako Tito Petkovski moze takvo nesto da organizira pa odi preku sindikatot. Na sto licese tova kolku da mu se smeat. Site si teraat maj ne sakaat ni da mislat za strajk.
Од: sindikTat
Датум: 03.05.2010 08:03:46
ами нашиве синдикати и ако одржеа протести, тоа сигурно ќе беше пред Бихаќка, со пароли "Долу Бранко"!
Од: Cuculigata pee
Датум: 03.05.2010 08:17:39
Sindikat vo Makedonija!!!Sto bese toa,se macka na leb??Nitu imalo,niti ke ima slednive 150 g."Sindikalecot" izjavuva ne e vreme za strajkovi sega!!Bog da cuva i brani od ovakvi ligusi.Mi lici na Amdi Bajram so negovata istoriska izjava"Romite ziveele najubavo vo Makedonija"za da go zadrzat pravoslavnite na vlast i da si gi polni djepovite.Ligus do ligus se politicari vo Makedonija."Ne e vreme za strajkovi" so 100 evra prosecna plata,so nevrabotenost za Ginisova kniga,so nikakov socijalen paket za siromasnite...i da ne nabrojuvam uste..Prodolzuvam so skarickata i ne me zamarajte poveke...nazdravje so rakickata polna so metanol
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 03.05.2010 08:22:15
Земјата на чудата е единствената држава во светот,каде Работниците кои ги Изгубија Сите Свои Права се Презадоволни и Пресреќни од дружењето со власта!Фабриките ги изгубија уште во времето на полуписменото Самоуправување!Правото да раководат со Фабриките-Го Изгубија,предавајќи им ја Сопственоста на Социјалистичките Директори-Лумпенпролетери,кои сега се „Капиталистички Газди“!Имаа право на бесплатно Лекување и Образование,Платени Одмори,Работнички одмаралишта и бесплатни летувања,за Себе и за Своите Деца!13-та плата,Храна,Превоз...и најбитно од сè:Право на Општествен Стан,кој многумина си го откупија за Ич-пари!„Самостојно“ „Нашите“Синдикати ќе се наголемат на истиот Партиски Портокалов број и ќе живееме во Љубовната слога со власта и прекуноќ обогатените Хохштаплери!Секаде во светот,Првомајската прослава,мина во знакот на Црвеното Знаме и Младите!Кај нас со Сино-Жолто-Портокалови Старци!Најубаво ни е!Ние Сме Си Вљубени во Големиот Буратино кој „Умира“од „Грижи“за работникот!
Од: bobims123
Датум: 03.05.2010 08:52:20
Si donesoa svoj sindikat pa sega na gosti si odat ednite kaj drugite ,demek dialog ke pravat.Ne znam samo zasto lugeto se zaclenuvaat vo sindikati.Samo parite si gi davat .
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.05.2010 09:18:35
Имењакот на покојниот маршал и оние леви сили со паролата,,Трудот е капитал,, уште еднаш потврдија да на работниците им останува трудот а за парите се прашуваат некој други.Ме израдува она пророчанското ветување на една учесничка од левите сили која свечано изјави да ,,маршалот ќе воскресне,, и ќе воведе ред.Знаејќи му го менталитетот ќе почне од сопствените редови или од некогашните свои кадри инсталирани како виножитни плус олигарсите,негови директори.Добро е, ќе имаме конфискации на ненародно стекнат имот.
Од: Hari
Датум: 03.05.2010 09:21:00
DPMNE stavi pod kontrola se sto mozese da se stavi, partiski vojnici sekade duri i tamu kade e nezamislivo vo svetot. Sekoj sto misli poinaku e predavnik, ona sto e nasa istorioj so koja trebe da se gordeeeme e NOV se negira a laznata istorija se preuvelicuva. Klasicna Diktatura sred Evropa.
Од: nekoj od EU
Датум: 03.05.2010 10:27:57
Makedonija stanuva kako Argentina vo 70te..DIKTATURA.
Од: sindikalec
Датум: 03.05.2010 13:32:48
Zalni Kimov. EUREKA. Otkri deka duri sega imame sindikat. Zar sindikatot denot na trudot trteba da go slavi so Vladata? Jadni Kimov. I drug pat preteruvase, ama sega ova tvoja glupost nema granica. Mitrevski vo SSM go donese na protivzakonit nacin, bez odrzan Kongres, go don ese Vladata. Sega ke imame "odlicno" sindikalno spienje, odnosno "dvizenje" nanazad.
Од: sirma vojvoda
Датум: 03.05.2010 14:40:09
OTPOR protiv site isprani mozoci

Најди! во Утрински
Политика
Поевтинувањето на едни лекови значи поскапување на други
„Македонско претседателство“ во Советот на Европа
Македонија е во рацете на политиканти!
Пет минути тишина за одбрана на новинарството
Првоодделенчиња во посета на МПМ
Кофинансирање на седум проекти од образованието