Побарана временска рамка и за преговорите за името
Доста се одложувања за Македонија, кажаа во вчерашната расправа европарламентарците
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Европскиот парламент не им верува на аргументите на Европската комисија со кои и' го скрати датумот за преговори на Македонија, со речиси единствена порака дека по изборите во март околу ова прашање не смее да има повеќе одлагања.
Ова е главната вест од вчерашната дебата во ЕП, на која учествуваше и вицепремиерот за евроинтеграции, Ивица Боцевски, која беше одраз на расположението во политичките кругови иако, како што се покажа многупати досега, прашање е колку ќе влијае на одлуките на Европската комисија и на тие во Европскиот совет.
Како и да е, од расправата се виде дека и за европарламентарците станува апсурд четиригодишното чекање датум за преговори за Македонија, а за некои од нив апсурдни беа и критиките на ЕК во последниот извештај за прогресот на земјата, па беа окарактеризирани како претеран критицизам.
„Длабоко сум несреќен од работата на Советот поради ставот кон спорот за името и од Европската комисија поради годишниот извештај за прогресот“, започна германскиот парламентарец Берд Поселт. Нему најмногу му пречеа три нешта. „Не можам да се согласам со описот на изборите од страна на ЕК. Во 97 отсто од изборните места тие беа во согласност со европските стандарди, а само во мал дел од гласачките места на малцинствата имаше проблеми. Не можете поради нив да ја казните цела земја“, порача Поселт. Според него, исто така, неприфатливо е две третини од Македонците и Албанците во земјата да ја поддржуваат Владата, а таа да биде обвинувана од ЕК поради индивидуалци што го бојкотираат парламентот. Тој повика, исто така, да се поддржи енормната законска регулатива што се усвојува место да се нарушува тој процес со претерани критики.
„Нема причина да не почнат преговорите со Македонија“, го поддржа неговиот став и Ангелика Бер од групата на зелените, инсистирајќи дека Македонија чека не со години, туку со декади и дека е крајно време ЕУ да најде решение за спорот околу името. Таа сметаше дека е неуспех на ЕУ тоа што носи одлуки спротивни на меѓународното право и и' овозможува на националистичка Грција да го блокира напредокот на целиот регион.
Првпат во Брисел парламентарецот Јелко Кацин излезе со став дека преговорите за името не можат да траат вечно, а со тоа и блокадите за Македонија во ЕУ. „Кога зборуваме за Хрватска, употребуваме ’мора‘. Можеме ли конечно да кажеме колку треба да траат преговорите за името? Можеме ли да утврдиме некоја временска граница? Веќе три години е запрен прогресот на Македонија и тоа е премногу“, порача Кацин, додавајќи дека и' честита на власта за промените и пробивите во последните недели околу политичкиот дијалог со заклучок дека датумот за преговори не смее и натаму да биде проблем за земјата.
Грчките парламентарци главно се криеја зад европската реторика за добрососедство, потреба од силна демократија во Македонија, заеднички интерес да се постигне решение за спорот и слично, бидејќи климата не им одеше во прилог во ЕП. Освен еден, кој ја повика нашата Влада да се соочи со реалноста, бидејќи во извештајот стоело дека со години нема задоволителен прогрес во земјата, а ЕК не е грчка ниту прогрчка.
Известувачот за Македонија, Ерик Мејер, кој кратко го презентираше својот најнов извештај, повика повторно да и' се даде датум за преговори на Македонија, а спорот за името да се решава ако треба и отпосле. Секоја земја, според него, решава сама за името, но добро е ако овој пат двете земји најдат заедничко решение колку што е можно побргу, излегувајќи повторно со ставот дека Грција направила отстапка со тоа што прифатила воопшто да се спомне зборот Македонија. Во извештајот како основа за решение тој го посочи предлогот од 6 октомври, кој беше неприфатлив и за Македонија и за Грција.
Инаку, минатогодишниот извештај на Мејер претрпе толку измени што на крајот беше непрепознатлив, па мораше да биде повлечен и од расправа за да се смени уште еднаш поради блокадата околу спорот за името. „Кога ќе поминат изборите во 2009 година, мора да почнат преговорите. Веќе не смее да има пролонгирања“, повика Мејер од говорницата на ЕП. Хендикепот е што кога ќе се решава за тоа, овој состав на ЕП нема да биде во Брисел, бидејќи сите нив ги чека избори.
Кацин и Боцевски ја искористија говорницата да им одржат лекција по толеранција на грчките парламентарци, првиот нагласувајќи дека ќе зборува словенечки, што не го прави вообичаено, само за да изрази солидарност со македонскиот јазик, а вицепремиерот обраќајќи се на грчки со една реченица. На грчките пратеници тој им порача дека ЕУ има над 90 отсто поддршка во Македонија, бидејќи граѓаните гледаат на неа како на организација преку која ќе го заштитат националниот идентитет, зашто секогаш била инструмент на инклузивност со кој се премостуваат билатералните прашања.
На критиката дека Македонија не е подготвена за преговори со ЕУ, тој реплицираше со зборовите дека е обратно, дека државата има административен капацитет да ги почне веќе утре. „Целиот регион е подготвен да направи чекор напред. И не е подготвен само за нареден чекор туку за целосна интеграција во ЕУ. Дојде времето за тоа“, порача Боцевски, објаснувајќи дека заморот од проширувањето во ЕУ кај нас се преведува со зборот хипокризија. „Имало замореност или не, Македонија е цврсто решена да ги исполни барањата, бидејќи сегашната ситуација е неодржлива. Инциденти се случуваат во секоја земја. Важен е институционалниот одговор на нив“, рече тој, набројувајќи ги сите позитивни промени годинава на економски и на политички план. Притоа, се пофали со специфичниот мултиетнички модел во државата како најголем успех, посочувајќи дека во ЕП е придружуван од вицепремиер - Албанец, дека главен во Кабинетот му е Турчин и дека и самиот има делумно српско потекло.
Расправата во ЕП не ја следеше ниту еден грчки новинар, кои во континуитет ги игнорираат настапите на македонските функционери, бидејќи по се' изгледа им се доволни грчките и немаат волја да слушнат други аргументи.
He he he, ova e dobro, samo ne znam dali ova im odgovara na politicarite i na kriminalnite strukturi vo Makedonija. Zamislete navistina da pocnat pregovorite, kako li Gruevski ke proba da gi spreci me interesira? Do sega glupostite so imeto mu odea vo korist. Im se zdosadi i na Evroparlamentarcite :)
Од: commanddevil
Датум: 03.12.2008 01:31:26
ma na ramka da se obeseat tie evropjani...uuups -kvazi evropjani
Од: Ace od Avstralija
Датум: 03.12.2008 02:00:21
Mene licno mi pukna film od gluposti. Daj ednas narodot da zivee kako sto treba, da se vikame EVROPSKA MAKEDONIJA, a ako i toa ne odgovara togas SVETSKA MAKEDONIJA.... samo ne daj Boze BALKANSKA MAKEDONIJA.
Од: Skopje
Датум: 03.12.2008 02:39:08
E navistina bi bilo super ako toa se sluci zosto ovaa Vlada ocigledno e deka ne saka da odime vo Evropa poradi oligarsite i perenjeto pari a najpoveke poradi diktaturata sto ja pravi vo drzavava a ako vlezeme vo Evropa boga mi ne ke moze toa da go pravi. BRAVO za Evropskiot Parlament. Neka ne se fali posle Grujo deka on uspeal da ne vnese vo EU zosto ova ispadna bas kako onoa za Muhamed so bregot "ako bregot nejke kaj mene togas jas ke odam kaj bregot", pa taka da ova ke bide zasluga na drugite a ne na ovaa Vlada.
Од: St.Patrik
Датум: 03.12.2008 02:55:34
SOMEONE: sakas da mi kazes deka vo Bugarija, clenka na EU i NATO, ima pomalku kriminal i korupcija od kaj nas?!? Alooooooo, pred nekoj den na Bugarija i zamrznaa preku 300 MILIONI evra poradi korupcija i kriminal, Grcija go lazirase nadvoresniot deficit za da moze da bide clenka na EU..a ovde prikaski sega kako Gruevski ke gi sprecel pregovorite. ZOSTO da gi spreci?
Од: amerika
Датум: 03.12.2008 02:57:43
mora da e ovaj nekoj golem komunjar,sto ne mu e do interes za Mak.stom napisal takvo nesto.
komunjari do koga vakaaaaaaaaaaaaaaaaaa
Од: Vasco beleski
Датум: 03.12.2008 03:13:02
Someon si ja zgresil temata kavki kriminalci be so tropas
Од: demokrat
Датум: 03.12.2008 04:38:22
ovie kako trgnale na kloci ke ne uteraat vo eu. verovatno im e cest so potomcive na hunzite da se u isto drustvo
Од: Kiril
Датум: 03.12.2008 07:42:25
Ne se plasete, Gruevski i posle Mart kje izmisli novi izbori. Samo za da ne se resi prasanjeto. Takov mangup retko se srekjava.
Од: Ramce
Датум: 03.12.2008 08:00:28
Od Ramkovniot dogovor stanav alergicen na zborot "ramka".
Од: makedonce
Датум: 03.12.2008 08:36:59
koj uste im veruva na ovie iod eu, istite sto ja podelija makedonija pa sega vreme bilo makedonija da dojde na red...za placenje
Од: do someone
Датум: 03.12.2008 08:44:01
Neznam sto vrska ima tvojot komentar so tekstov.Ne drzi voopsto mesto.A demokrat-fakt e deka i Evropskite drzavi probaat da ne sfatat,megjutoa od takvite pettokolonashi kako vas odime eden cekor napred,pet nazad.Zalna Makedonska istorija a i segashnost e toa!!!
Од: do amerika i slicni na nego
Датум: 03.12.2008 09:12:25
golem patriot si i ti sigurno kako mnogu patrioti ako stvarno zivees vo amerika otide so Blgarski pasos da te potsetam: da dobies blgarski pasos treba da ispees edna pesna pradedomi se custvuval blgarin tatkomi e blgarin i as sam blgarin. Kade vie patriotizmot za pasos si go prodadovte identitetot a ni prodavate patriotizam sram da vie e bideki evropa nesaka da stane po ziiteli vasata blgaria golema zatoa so kloci ke ne ftera tamo pa tie se posvesni i poodgovorni za Makedonija nego vie lazni portokalovi patrioti na celo so vasiot lepotan od koj se plasi SAD
Од: Nikola - Germanija
Датум: 03.12.2008 09:27:30
Ot sekogash zemiite so izlez na more imat prednost.Toa ne e tajna.Taka bese so Bugarija i Romanija vo 2007 i so Grcija vo 1980,koga tie stana clenki na EU.Pa od tamu treba da zaklucite deka Evropa saka da si gi stiti nejzinite strateski interesi-sakam da recam,BG,RO i GR blagodarenie na politicki-nadvoresni faktori se integriraa vo Evropa.I poradi toa nema potreba od lutez kon Evropa.Se razbira,deka Evropa vo MK gleda kako Evropska Drzava,no EU so nejzinite 27 clenki se naogja vo faza na konsolidacija.I sto se odnesuva do MK,sekogas sum so stav,deka na
Balkancite voopsto im nedostiga samokriticnost.
Kompromis okolu imeto za mene licno ne znaci i otkazuvanje od identitetot i jazikot,kako sto postojat na primer dve korejski drzavi ili do pred 15 god.severen i juzen jemen,sepak i kako oddelni drzavi si go zacuvaa identitetot.GR "napravi otstapka" i site cekaat i MK da go pravi sledniot cekor.Do togas pritisokot ke bide nasocen kon MK.Samo trezveno gledano,nisto drugo.So pocit
Од: danco Germanija
Датум: 03.12.2008 09:32:05
SOMEONE,ACE OD AUSSTR.,KIRIL,SKOPJE ITN.
Vie pisuvate razdrazeno,emocionalno a ne razumno.
Na KIRIL ke mu kazam da go vidi ruskiot spomenik
vo Bitola, a posle da ja mrazi Rusija.Zalno.Abe lugje
ovaa Evropa i cel Zapad pocna mnogu da smrdi.
Zboruvaat postojano za recesija. Videte vo recnik za
strannski zborovi. Koga nema lek za recesija kako
1929 se spremat za svetska vojna. Strav da te fati
i sega Grujo bil kriv.Nie treba da bideme za Makedonija a ne za partiite.Tie idat i si odat.
Од: bravo
Датум: 03.12.2008 09:55:02
Kako prvo ne znam zosto im gi objavuvate komentarite na takvi licnosti kako vmr-ovci bidejki vo vecer ne objavuvaat ni eden komentar ako e napisan protiv vladata,no ova ke go razberam kako nezavisen i dobar vesnik.Kako vtoro bas mi e keif sto mozebi konecno i EU se resile da progovorat za nas,ako ne e mackanje oci seto ova ,no ako ne se zainteresiraat oni premiarot sigurno nema.Pa koj ke vrsi pritisok vrz obrazovanieto koj ke pere pari,velite i Bugarija e vo EU pa ima kriminal,ama za toa javno se obelodeni deka im gi ukinuvaat 300-te milioni,a gruevski vaka koj go znae sto pravi,poracuva sadnici za 6000000 evra. samo vo Evropa ke imame dostoinstvo kako sto ima sekoj narod vo svetot.
Од: zelezara
Датум: 03.12.2008 10:00:18
Redno bese i Evropa da kaze dosta bese ni zdosadivte veke.Mislite deka tie nemaat drugi raboti pa celo vreme ke se zanimaavaat so nas,sigurno ne i veke daj ednas da se najde nekakvo resenie i da pocneme da ziveeme kako normalni i civilizirani luge.
Од: од мелбуорне
Датум: 03.12.2008 10:36:03
Сите ваши коментари се од детска градина,немаат никаква веза со случувајната помеѓу нас и југот,а пак вие сите мислите само на едно како и како да и наштетите на МК.подобро било да си молчите и кога не ги разбирате работите.Дали сите во светот несборат за презентирајне на своите дрзави што повејќе.
Од: mirjana
Датум: 03.12.2008 11:17:54
Dali znaete deka svoevremeno, Grcija go blokirase vlezot na SPANIJA vo EU? Otako e vlezena, pravi problemi, i toa go znae cela EU, ama tesko se bori so toj fakt??!!
Од: влатко македонски
Датум: 03.12.2008 11:20:11
Мислам дека ова е редок примерок на утрински каде реално ги писува работите ,ама коментарите како на симеон и сличните комуњари да ти се згади.Напред МАКЕДОНИЈА ќе ги преживеш и овие предавнички комуњари.
Од: Patriot
Датум: 03.12.2008 14:50:53
Abe budali politicari, Rusija ne bara da go menime imeto, samo da im se kazi na NATO deka ako ne ne primnat pod ustavnoto ime, znaci REPUBLIKA MAKEDONIJA, togas potpisuvame dogovor za partnerstvo so Rusija na koja ke i dozvolime da namesti na nasata teritorija raketni sistemi, pa da vidime posle kako ke reagira NATO, dali mnogu ke gi slusa juznite gomnari grcista.....
Од: evropa
Датум: 03.12.2008 16:42:01
evroparlamentarcite ve lazat...koga ce zavrsat izborite 2009 pa da se pocene so pregovori midzi da te lazat nisto ne im mozat na grcite za imeto samo ja prefrlat topkata do prolet 2009 pa posle ce dojdat odmori pa lisabon...pa pretsedatelski izbori pa parlamentarni i otidoa 4-5godini.