Скопската епархија уплати за „Изгрев“, а ЛХБ бара стопирање на постапката
На 9 декември во Струга е закажана распределбата на долгот, зашто хотелот трипати бил ставан под залог
Билјана Јовановска
Скопската епархија на Македонската православна црква уплати 1,5 милион евра, колку што бил проценет струшкиот хотел „Изгрев“ на лицитацијата, но прашање е дали ќе стане сопственик. На 9 декември, во канцеларијата на извршителот Марјан Деребан во Струга, каде што и се изврши јавното наддавање на кое Црквата била единствениот учесник и го купи хотелот по вторпат, треба да се одржи рочиште за распределба на 1,5 милион евра. Дали тоа и ќе се одржи и дали Црквата ќе го добие платениот хотел, зависи од многу работи. Зашто, „Изгрев“ бил ставен во залог трипати и за него е добиен кредит од 7,7 милиони евра, така што уплатените 1,5 милион евра без малку се смешни во однос на побарувањата.
ЛХБ банка преку својот адвокат Панче Нефтенов до Основниот суд во Струга поднесе барање за привремена мерка, која подразбира запирање на натамошното извршување на „Изгрев“, односно сопственоста на хотелот да не се пренесува на Скопската епархија и да не се изврши распределба на 1,5 милион евра додека не заврши судската постапка за поништување на заклучокот на извршителот Деребан за продажба на спорниот хотел. ЛХБ банка од судските органи бара утврдување на фалсификатот во имотниот лист 641 за „Изгрев“, од кој таа е избришана како доверител на кој „Миладинови ДОО“ му должи 5,2 милиона евра. Адвокатот на ЛХБ банка го оспорува и „редот на првенство во однос на другите доверители, бидејќи хотелот бил ставен под хипотека во 2005 година, кога на фирмата и' бил исплатен кредитот од 5,2 милиона евра“.
Во имотниот лист, за кој Нефтенов, застапник на ЛХБ банка, тврди дека „некој го фалсификувал и го избришал долгот кон оваа реномирана банка, за што е поднесена пријава против непознат сторител“, сега како доверители фигурираат Тутунска банка, во која „Миладинови ДОО“ со писмена согласност на врвот на Македонската православна црква го заложила „Изгрев“ за еден милион евра, и струшката фирма АВЕЛ ДОО, кон која има долг од 1,5 милион евра.
Фрапантно е како „Миладинови ДОО“ успеала трипати да го стави хотелот под залог, да добие кредити и заем од вкупно 7,7 милиони евра, а хотелот покрај толку пари да биде во фаза на распаѓање. Оттаму, логично се наметнува прашањето - каде завршиле овие милионски износи?
Да потсетиме, Македонската православна црква во 2001 година еднаш веќе го купи „Изгрев“ на Берза за 700.000 евра, но го изгуби со ставањето под залог. Минатата година, кога излегоа на виделина малверзациите со неког��ш ексклузивниот хотел, ама и деновиве бизнисмените Миладинови тврдат дека МПЦ немала никакво финансиско учество во купувањето на хотелот. „Само формалноправно МПЦ има една третина од ’Изгрев‘ и ништо повеќе, зашто парите за купување ги обезбедивме преку нашите фирми ’Кимико‘ и ’Кимико гардине‘, како и од банкарски средства“, изјави Ѓорѓи Миладинов, додека помладиот Димитар деновиве ни рече: „Факт е дека ’Изгрев‘ никогаш не бил во сопственост на МПЦ“. Архиепископот Стефан, пак, лани излезе со различни проценти за сопственичкиот удел на МПЦ во хотелот - од 51 до 59 отсто. Меѓутоа, иако изјавите се контрадикторни и, очигледно, некој не ја говори вистината, интересно е што Миладинови и сега имаат одлични релации со поглаварот Стефан. Кој кого штити и зошто, веројатно, ќе утврди истрагата.
Случајот со „Изгрев“ повторно го води обвинителката Гордана Гешковска и неофицијално се тврди дека тој ќе биде завршен до крајот на годината. Истражната постапка која потпаѓа под кривични дела за перење пари,
наводно, опфаќа дваесетина лица. Дека истражните органи работат „со полна пареа“ вчера потврди и државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски.
navistina ova mimirisa na korupcija i somnitelno nesto se prasuvamdali zosto tolku mpc e ne organzirana? ova mi lici isto kako vremeto koga bev vo komitetot na vmro-dpmne pa eden Trajce T Trajkovski (burekot) namesto da se grizi za nasite partiski dolznosti toj izigravase plejboj so edna snezana prespanska pa taa go snimila sto zboruval toj na telefon itn i sammo toa se razgovarase na mitinzi ednostavno nisto ne se znaese koj sto zboruva! taka i vo mpc mi lici? Stefan razbudise.
Од: Robert
Датум: 03.12.2008 00:42:11
Toni od Melbourne-ako si go procitas tekstot ke se zaprepastish.Sigurno nema ni samiot da go razberesh.A vo ovaa zdelka ima GOLEM kriminal,sleden poteg se instituciite.Ovaa zdelka mi lici na golema"peralna"!!!
Од: stevo boljer
Датум: 03.12.2008 01:27:27
Eh, ovaa ludost na MPC ke i nanese ogromna steta na Tutunska i LHB bankata -koja e nejsina "sestra banka" od Germanija. Uste i da ja dovedat vo prasanje nejzinata rabota so 700 vraboteni vo ovie teski finansiski denovi, imajki "toxic assets", zaradi MPC i neodgovornosta na drzavata.... A jas samo edno znam, deka ovie lugje od MPC, i ponataka ke si spijat mirno i ke prodolzat da si rastat vo stomacite. Sramota!
Од: VREME E STEFAN DA JA POSETI SUTKA
Датум: 03.12.2008 01:37:06
SRAMOTA. Licata koi treba da se olicetvorenie na cesnost poboznost i humanost gi zafati euforija na pohlepa .Pari i bogatstvo im go svrtija umot Polakomija po pari djipovi mercedesi vili pa hoteli a moze naskoro da se doznae i za razvraten zivot.Go oplackaa narodot i se otudjia od nego.Crkvata ja koristat za licno bogatenje i imaat hierarhija slicna na mafija.Nedopirlivi se zastiteni so telohraniteli i ne polagaat racun pred narodot na koj treba da mu sluzat.Zarem Stefan ne znae koi se Miladinovi od struga.Ama znae koj sadi tikvi so djavolot sto ce go snajde.Ako ima cesni pred se ludje a potoa svesteni lica sega e momentot za akcija da gi raspopat apasita kako Stefan Timotej i nivnite mafijaski pajtasi i da ja vratat verbata vo MPC.Mislam deka ce imaat podrska od narodot.Vo sprotivno i tie ce se soucesnici so mafijasite i odgovorni pred narodot i Boga.
Од: commanddevil
Датум: 03.12.2008 01:43:35
sto se cudite-crkvava e edna gooolema vesh masina...odnosno peralna.kolku samo pari od somnitelno poteklo imaat a nikoj ne prasuva od kade -i site se krijat-zad gospod.epa gospodo popovi...nemate legimitet da vo ime na boga go pravite kriminalot.ne e mozno da se tolkavi sledbenici na gjavolot sobrani o edno duvlo.i utre -veruvaj vo bog?..ma ajde..a sto toj gi pratil za slugi ovie aramii? neka si gi zeme pa ke veruvam..do togas -crkva? jok ..
Од: Ace od Avstralija
Датум: 03.12.2008 02:15:14
HELP ME TO HELP YOU. Bas taka. Problemi so krediti i objekti od ovoj stil imame ostaveni od Timotej koga ni bese ovde vladika. Istiot problem t.e. istiot trik e i so Izgrev, odnosno vo Ohridskata Eparhija. Slucajno ili ne? HELP ME TO HELP YOU.
Од: Nikola
Датум: 03.12.2008 04:55:00
Na vistina e deka nie mu veruvame na lugeto od makedonskata eparhia,ama gospot pa ne mu veruva nim isto i tie samite go dokazuvat toa koga ni citaat od svetoto pismo deka gavolot go lazi covekot,znaci i tie se zamesale so gavolot pa ke vidime do kade ke gi dotera .Na gavolot zatvoro se vika: ''Studen kamen''
Од: bitolcanka usa
Датум: 03.12.2008 05:47:47
ako tolku mnogu pari ima MPC zosto ne gi popravaat starite pred sto godini gradeni crkvi vo moeto rodno selo prekrasna sv Petka crkva ako lugeto od stranstvo ne isprativme pari da se zadrzi crkvata na Mitropolijata ne i bese gajle a im e potreben Izgrev
Од: verag
Датум: 03.12.2008 09:11:08
Не ми е јасно-кога ЉуБчо беше главен и ја имше цела држава на располагање,тоест државниот имот,овој хотел го поклони на црквата.Како сега се продава,препродава,се земаат хипотеки,се бришат? Македонија ,и се е можно,освен правна држава.А црквата ,штом почна со бизниси,нормално е да прави разни ујдурми.
Од: zabegan
Датум: 03.12.2008 09:12:24
sramota MPC ne zive za hristianstvo nego zive od hristianstvo dovolno e neli???????
Од: donco
Датум: 03.12.2008 09:30:31
Brakata Miladinovi se NAJGOLEMITE kriminalci vo Struga , i dosega imaat pronevereno nad 50 miljoni evra , sekako so pomos na vladeackite garnituri .Drzavata ni e za rezil .
Од: Ефтим
Датум: 03.12.2008 09:52:24
Во Врховниот Суд на Нов Јужен Велс повтоно е одложена расправата по деветтата по ред тужба од владиката Петар против МПЦО Света Петка од Рокдаел. Трошоците на Света Петка досега изнесуваат 1 800 000 австралиски долари. Адвокатските расходи на Петар се отприлика исто толкави. Петар е и самиот тужен од поранешните адвокати на кои им должи преку половина милион долари. Стефан, како негов најблизок камарад, мора да помогне. Колку ќе помогне инцвестицијата во туристичкото стопанство, допрва ќе се види. “Божјите слуги“ се претргнаа од желба да ги стигнат световните мафијаши во игри со милионски суми!
Од: So se mantii vo Drim
Датум: 03.12.2008 10:47:17
Vo istoriujata na Vatikan ima zabelezano slucai koga amoralni i nedostojni papi se frleni vo rekata Tibar. Redno e i nie da gi frlime so se mantii Stefan i Timotej vo Crni Drim iu da se kurtuli crkvata od tie Antihrista, bidejci Vlasta i sudstvoto i pokraj istragite nema nisto da im napravi
Од: goran
Датум: 03.12.2008 12:48:25
Изгрев ништо , Говрлево ништо , еден куп афери пак ништо до кога вака Г-дине Груевски , или те венча дедоти Стефан по втор пат на неканонски начин и сега можи да прави што сака ????
Време е да ги пратиш малку во ИДРИЗОВО па да видат како се печалат тие 1,5 МИЛИОНИ ,кутар народ Македонски незнае како се изговар толкава сума а нашите најнационални патриоти се расфрлаат.
Од: Jovan Vraniskovski
Датум: 03.12.2008 16:01:06
dali kreditot e od Vatikan Bankata za Izgrev Hotelot i kolku e zemen sega kredit i na koe ime , ako ne znaete pobarajteme ke vi kazam deka sum dosta zapoznaen
Од: Стојко
Датум: 03.12.2008 17:20:24
Ајде сега власта нека затвори некој од МПЦ , како што го затворија и Зоран Вранишковски за проневера од само 50000 евра.