Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Заврши штрајкот во училиштата

СОНК и Владата ги усогласија ставовите за синдикалните барања. Од денеска продолжува редованата настава

Web Update

22:37 02.12 - Раководството на СОНК и претставниците на Владата на средбата во Министерството за образование и наука го усогласиле текстот на Спогодбата и се договориле вечерва да бидат потпишани колективните договори за основно и средно образование.

Претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски по неколкучасовната средба изјави дека вечерва на вонредната седница на Советот на СОНК со ресорните министри ќе бидат потпишани колективните договори за основно и средно образование. Цветановски очекува дека Советот на СОНК ќе донесе одлука за прекин на генералниот штрајк во образованието, науката и културата.

Ваквиот епилог следува по неколкучасовната средба на раководството на СОНК со министерите за образование и наука и за култура Перо Стојановски и Елизабета Канчевска - Милевска и заменик - министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. (МИА)

Текст од печатеното издание:



Жаклина Хаџи-Зафирова

Неизвесноста дали ќе се прекине штрајкот на просветарите, кој трае веќе втора недела, траеше вчера до доцните попладневни часови, кога пристигнаа информации дека синдикалниот лидер Дојчин Цветановски има закажана средба со министерот за образование и наука, Перо Стојановски. Претходно, Цветановски ја потврди оваа средба, истовремено најавувајќи дека по средбата со Стојановски ќе се одржи вонредна седница на СОНК за да им го пренесе договореното со ресорниот министер.

Додека се одбројуваа часовите до долгоочекуваната средба со претставници од Владата, се огласи и премиерот Груевски, кој ги замоли просветарите да почнат со наставата и да имаат разбирање за состојбата во која се наоѓа државата.

„Претседателот на Владата упатува апел за итен почеток на наставата во оние училишта во кои се' уште не е почната и ја потенцира определбата на Владата да продолжи да инвестира во образованието и во квалитетот на образовниот процес, бидејќи тоа е гаранција за успешна и просперитетна иднина на идните генерации и на државата“, стои во обраќањето на Груевски до просветарите. Премиерот ги осуди сите видови притисоци и обиди на партиите за манипулација со просветарите и обиди за политичка злоупотреба на нивните барања.

Синдикалниот лидер Цветановски вчера во изјава за медиумите не сакаше да ги потврди шпекулациите дека високиот владин претставник с�� кого тој се сретнал му понудил повисоки надоместоци за храна и превоз кои ќе почнат да се исплаќаат од 1 јули идната година, како и трансформација на работниот однос на наставниците од определено на неопределено време. Единствено кажа дека трансформацијата на работниот однос била претходно договорена, додека кај колективните договори е спорен финансискиот дел.

„Дефинитивно ќе има преговори меѓу претседателството на СОНК и трите ресорни министерства“, изјави вчера Цветановски, кој додаде дека состојбата со штрајкот и вчера била непроменета. Тој не сакаше да открие детали од понудата од Владата, но потенцира дека се' што ќе договори со Владата ќе биде ставено на хартија и ќе биде дел од спогодбата што ќе ја потпишат со Владата. „Поради тоа, закажавме и вонредна седница за да видиме што ќе произлезе од преговорите. Потоа ќе знаеме дали сме дошле до спогодба која ќе биде практично прекинување на штрајкот или повторно ќе се приближиме или оддалечиме од позициите што ги имаме“, им изјави синдикалниот лидер на новинарите непосредно пред средбата со Стојановски. До последен момент СОНК вчера ги собираше мислењата од синдикалните организации околу предлогот на Владата.

Тој оцени дека е оптимистички тоа што Владата ги напуштила тврдите позиции, иако не кажа кои се тие. Цветановски пред средбата беше оптимист дека Владата сериозно ќе ги разгледа нивните барања, бидејќи секое одолжување ќе ја комплицира ситуацијата.

Инаку, вчера повторно немаше класична настава во училиштата, каде што имаше само скратени часови. На училиште не доаѓаа сите деца, а нивното отсуство се забележуваше само од страна на некои професори.


Статијата е прочитана 1701 пати.

Испрати коментар

Од: Твртко
Датум: 03.12.2008 00:18:38
А Дојчине, убав на мајка, ова твоето многу личи на она “запеј, заиграј и за појас задени“! Што лидер, што чуде беше?
Од: miki maus
Датум: 03.12.2008 00:32:00
sposoben premier, slab sindikat.bravo za gruevski
Од: mene
Датум: 03.12.2008 00:39:15
Od eden fala bogu kurtulivme sega koj ke bide naredniot. Metalcite ili nekoj sosema tret obrabotuvaat SDSM. Ajde da se odredat site pa da zapocneneme da rabotime bidejki treba neli i vo EU da vleguvame. Zivi sramovi sme
Од: Petre
Датум: 03.12.2008 00:50:52
a sto praime ako dojde i kaj nas do ekonomska kriza i prosecnata plata vo stopanstvoto se namali ~30% ??, ke se vrakaat li platite na drzavnite sluzbenici, ke se zabordjuva drzavata ili ke se voveduva danok vo krv ??
Од: commanddevil
Датум: 03.12.2008 01:25:04
jas sum za voveduvanje na ,,kuluk,, pred da se vovede danok na disenje,danok na spienje,danok na ....ma da si kjutam onoj crni grujo da ne vidi i dobie ideja da go vovede???...tolku mu cukaat..ta on idei crpe od narodecot..pa posle ke me okrivat za toa sto toj go pravi
Од: do "mene"
Датум: 03.12.2008 04:01:38
Epa BRAVO be decko!!! Ete vidis li i sam gledas kolku e sposoben SDSM epa togas ZOSTO plukas po niv???? Ili ti sakas NESPOSOBNA Vlada kako ovaa na Gruevski??? Dobro e koga vie vmrovcite vidovte i svativte kolku se SPOSOBNI SDSMOVCITE i deka mozat koga sakaat da go krenat celiot narod i na strajk i na rusenje na Vladata na Gruevski. Epa vidis li deka Gruevski LAZE deka mu e golem rejtingot jer kako moze covek i Vlada so tolku golem rejting a SDSM da kreva tolkava masa narod na strajk???!!!. Znaci narodot e so SDSM. BRAVOOO SDSM!!!!
Од: goran.b.skopje
Датум: 03.12.2008 04:06:37
ima mnogu za komentar,ama i volcite siti i ovcite ...koj znae ?!?
Од: ljupco,bitola
Датум: 03.12.2008 04:40:53
Само буџетарите ќе користат хранарина од 3800 ден,па после се лутат што ги нарекуваме-лапачи. Ние останатите смртници,само ќе го полнеме буџетот.Уставниот суд пресече за сите,тогаш на сите нека ни исплаќаат полна хранарина-ОД БУЏЕТОТна РМ.
Од: do petre i do mene
Датум: 03.12.2008 04:46:39
petre, togas ke se polni budzetot od tie sto nejkat da se zenat i da ragaat po 16 deca, a mozda i od kaznite za tie sto zasadile drvce a ne im vireelo. ovoj mene e stvarno tokmak. kako moze sdsm da go obrabotue dojci vmrovecot. ne gleas kako podvitka opashkata a ne kazue sto mu vetile. da bese arno ke iskocea lepotanite pred kameri. i tret, ako metalcite i ostanatite se zadovolni ne moz nikoj da gi nabuckuva kako so vikas ti. toa se metodi na vmro - glassot na svetlinata cel grad blokirae so dve koli i sea raboti u vlada
Од: prosveten jadnik
Датум: 03.12.2008 06:15:05
I ovie baraat nie da bideme oceneti za nashata rabota preku znaenjata na decata. Koj da gi ocenuva niv za odnosot so tie zaradi koi postojat. Premierot vide koj gi vrsheshe pritisocite vrz prosvetarite. Mizerijata na mnogumina celni lugje po opshtinite, ucilishtata ja vide celata javnost. Prosvetarite nikogash ne dozvoluvaat nekoj da vleze vo nivnata ucilnica i da gi kara uceniciye. Direktorite dozvolija lica od nadvor da vlezat vo ucilishtata i na nastavnickite soveti da gi ucenuvaat, da im pretat na nastavnicite. Shto so tie VMROvci? Kje bidat nagradeni, so povisoki pozicii ili kako shto nalaga redot kje bidat trgnati od 'hramovite na mudrosta". Poarno Gruevski da si gi trgne sega, vednash, bidejki daskalite sigurno kje im presudat ama naprolet.
Од: Kiril (do Petre)
Датум: 03.12.2008 07:38:22
Nema potreba da se zaborcuvame. Dovolno kje bide da se trgnat debilnite komunjarski reklami na vlasta i kje imame dovolno pari za site :)))
Од: od Cile Mile
Датум: 03.12.2008 07:43:32
Eeeee a tie sto strajkuvaa za ESM 10 strakuvaci celo Skopje go blokiraa togas ako togas VMRO bese opozicija sega necini zosto sindikatot protestiral mislam mnogu ste providni VMROVCI e sega duri vrapcinaat znaat i vikaat VMRO i se smeeat site vo EU eeeeeeeee
Од: Buntovnik so pricina
Датум: 03.12.2008 08:07:33
I Grujo sit i Dojcin na broj!
Од: do do "mene"
Датум: 03.12.2008 08:32:41
Hahahahaha.Mnogu si vickast.Narodot=SDSM.i=Ihihihihi.Ama me iznasmea burazeru.Prasajte gi 360 te iljadi nevraboteni koi ostanaa bez rabota za vreme na privatizacijata.Bravo SDSM-mnogu uspesna privatizacija!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: родител
Датум: 03.12.2008 08:40:29
Од 1ви јули ќе им се покачи? Тогаш кога не одат на работа им требаат повеќе пари за на одмор, па да.Зар овде да седат на таа вруќина? Толку изнамачени преку цела година. (се извинувам на оние 20% кои навистина ги бива)
Од: demokrat
Датум: 03.12.2008 08:42:03
edana rabota nemie jasna.Kako moze dase pokacuvaat plati i dodatoci na vraboteni koi realno ne proizveduvaat nisto smetam na drzavnata administracija dodeka onamo kade sto ima proizvodstvo nikoj ne saka da pomisli za strajk ili drugi metodi a tie rabotnici rabotat po 10 sati i prosek im e okolu 8000den. so zakasnuvanje na plata od nekolku meseci.Pa koj ke ja polni kasata ako nema proizvodstvo jako stopanstvo.Edragi moi imam soznanija na toj porecanecot so bela brada Grujo mu zavrsi rabota i mu vraboti bliski vo MVR pa sto sakate toj dase bori za prava pa negledate li kolku e beden toj onoj Cerkezi,Azeski kako Vardar od kal dagi isfrlil posle poplava tie neznaat drugo osven da bacuvaat raka beskicmenjaci Azeski i CErkezi ajde neka dignat strajk pa vo stopanstvoto e katastrofa no eden od niv e sin na bivsi policiski sluzbenik pa stilot na rabota se zanae bacuvaj raka kodosi,i slikajse so premierot dali e toa Grujo ili nekoj od SDSM za niv nee vazno vazno e da se na komotna fotelja.
Од: susana
Датум: 03.12.2008 08:50:04
znaci trebase da dojdat od Brisel i da se ubedi vladata , od ovaa drzava nisto ne bidva t.e so ovie politicari ne znaat ni doma ni nadvor.
Од: zabegan
Датум: 03.12.2008 09:07:18
a sto vlada ce bese ova ????????? pred nekoj den STAVRESKI rece i dusa da im zemale nemalo pari za strajkuvacite.pa kaj najdo sega? more da ne izmislia uste nekoj zakon za kanzni(globa) vrz narodot jas mozebi ne mi teknuva vo ovoj moment sto uste mozat da izmislat.posto za se skoro ima kazni ..ete kolku imat svoe ja gi iz...a dojcin od strav.
Од: gv
Датум: 03.12.2008 09:20:06
Pred pocetokot na strajkot vo istot mesto izjaviv deka ovaa e dubara pomegju Vladta i Bolen Dojcin.Sega treba da strajkuvaat ucenicite za da ne se raboti vo sabotite.Mizi da te lazam.
Од: mkd-once
Датум: 03.12.2008 10:08:18
Neviden pritisok se izvrsi vrz prosvetnite rabotnici,vo ucilisniot dvor se sobraa site roditeli" mesnite komiteti na VMRO"da vrsat sto pogolem pritisok,pretcedatelite na opstinskite ogranoci se rastrcaa po sekoja cena po naredba na premierot da se stopira strajkot po bilo koja cena,bidejki doagaat izbori a rejting ne se dobiva taka lesno kako sto moze da se izgubi,i seto toa zamislete si go izvedoa uspesno,no ima i naredni izbori neka se zamislat malku prosvetnite rabotnici za kogo ke go dadat svojaot glas,zosto za sekoe naredno nezadovlostvo moze da bide i so poostri zakani pa i so napustanje na raborta.Seuste trazam zadovolni profesori i nastavnici koj ke objavat validen komentar deka tie licnio se zadovolni od svojata plata.Ajde sega odete na rabota i ne razmisluvajte za nisto sto vladata veke go smislila.pozdrav
Од: Teacher
Датум: 03.12.2008 10:17:40
Како просветна „јадничка“ ќе се дрзнам да кажам збор-два, изложувајќи се на бесот на озлобената јавност. Во образование сум од 1998 година, на договор на определено(со магистратура) и секој 1 септември минувам низ агонија дали ќе си го задржам работ.место, да не ги споменувам психозите предизвикани од изборите! Згрозена сум од односот на јавноста кон нас!!! И за информација: хранарина и пат не добиваме за време на летниот распуст! А за време на летниот распуст кој е од 10 јули до 10 август, т.е. ЦЕЛИ 3 МЕСЕЦИ, како што милува јавноста, ќе одиме на летување само во европските летувалишта, бидејќи недоволната „хранарина и пат“ ќе ни ги ограничат можностите!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Не сакам да живеам во сенка на минатото
Само добрите фирми до кредит
Зденко
Претходен број
Кога министер брка министер
Не се точни тврдењата на сведокот за атентатот
Вербатим
Собранието повторно ќе носи „брзи“ закони
Промашена промоција
Почнува вистинската борба за вториот круг
„Златната топка“ за Роналдо
Скопската епархија уплати за „Изгрев“, а ЛХБ бара стопирање на постапката
Неопходност од попретпазливи фискални политики
Побарана временска рамка и за преговорите за името
Дерида и балканското мезе
Обама избра „дрим тим“ за надворешната политика
Стоп за сидата - одржи го ветувањето
Заобиколување