Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Обама избра „дрим тим“ за надворешната политика

Поранешната прва дама Хилари Клинтон се враќа во Белата куќа како државен секретар во драматичен период

ВАШИНГТОН - Со неговиот нов тим за национална безбедност Барак Обама изгледа е подготвен да почне со работа кога станува збор за предизвиците во надворешната политика со кои треба да се соочи неговата администрација. Луѓето од доверба што ги именуваше на овие функции ќе му овозможат да посвети доволно внимание на економската криза дома, без притоа да го игнорира светот кој чека некаква форма на обновено американско ангажирање. Прашањето што голем број набљудувачи и понатаму продолжуваат да го поставуваат е дали шесте еминентни, моќни личности ќе работат заедно или дали ова повторно формирање на „тимот од ривали“ на Абрахам Линколн ќе покаже дека ќе биде тешко да се обезбеди тимска работа.

Најистакнат ривал во тимот, секако, е поранешната прва дама, со која Обама во неколку наврати дебатираше на патот на долгата и жестока предизборна кампања за обезбедување номинација од редовите на демократите. Таа изјавуваше дека тој нема искуство во надворешната политика, а тој ја критикуваше за тоа што гласаше за поддршка за војната во Ирак. Тоа се само некои од разликите. Меѓутоа, се' на се', нивните погледи кон светот не се толку различни, и со изборот на личности како госпоѓа Клинтон и сегашниот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, Обама ја одвраќа критиката дека е наивен. Беа потребни многу преговарачки напори за Обама и госпоѓа Клинтон да постигнат договор, и како дел од конечниот договор, поранешниот претседател Бил Клинтон беше принуден да ги обелодени имињата на повеќе од 200.000 донатори во неговата добротворна фондација. Тој, исто така, даде согласност Стејт департментот да ги ревидира неговите говори и бизнис-активностите во иднина.

Се' уште не е јасно како Бил Клинтон ќе се вклопи во мозаикот, но фокусот примарно ќе биде на работните односи на г-ѓа Клинтон со новоизбраниот претседател. „Проблемот што во одреден степен ќе се појави со Хилари Клинтон е дали таа гледа на кризата како начин да дефинира која е, или како ќе изгледа нејзиното место во Стејт департментот“, вели Стив Клемонс од либералната фондација „Нова Америка“. „Обама смета дека е способен да биде сопствен државен секретар, значи ќе биде многу ангажиран, без дистанца меѓу нив. Меѓутоа, што се случува кога имаме криза или економски проблем што е без преседан? Таа ќе има многу простор да го дефинира, според мое мислење, начинот на кој ќе работи. Тој ќе мора да најде време во неговата агенда да биде во постојана врска со неа, таа сака директен контакт со него и ќе го добие тоа, а тој мора да биде таму за неа“.

Во моментот кога госпоѓа Клинтон ќе се пресели на новата функција, таа ќе наиде на голем број проблеми. Повлекувањето на војниците од Ирак, што Обама го вети за време на кампањата, ќе бара внимателно следење на ситуацијата ако не се сака земјата да биде вовлечена во ново насилство. Нападите во Мумбаи и тензиите меѓу Индија и Пакистан би можеле да го исфрлат од колосек планот на новоизбраниот претседател за регионален пристап за стабилизирање на Авганистан, еден од неговите приоритети. Како и многу претседатели пред него, и тој сака да го реши нерешливиот блискоисточен конфликт.

Како државен секретар Хилари Клинтон ќе донесе искуство и тежина во тој процес. Меѓутоа, додека Израелците го поздравуваат нејзиното именување, арапскиот свет изразува поголема внимателност, разочараност дека нема нови личности во администрацијата. Многумина се сомневаат дека таа ќе биде способна да донесе пробив во сегашниот пат-позиција. Во центарот на вниманието, покрај многуте напори на администрацијата за Авганистан, Ирак, ќе биде и Иран, земјата за која Обама посочи дека ќе се обиде да ја анимира. Меѓутоа, Техеран би можел да не е толку заинтересиран да разговара со неговиот пратеник. „Сакам Иранците да знаат дека ако станам претседател, ќе го нападнеме Иран (ако тој го нападне Израел)“, изјави г-ѓа Клинтон во март во интервјуто за „Еј-Би-Си њус“. „Во следните десет години, период во кој тие би можеле неразумно да ја разгледуваат можноста за извршување напад врз Израел, ние ќе бидеме во состојба целосно да ги уништиме“. Во тоа време Обама изјави дека таа звучела како Џорџ Буш, меѓутоа, и тој исто така предупреди дека нема да му дозволи на Иран да произведе атомско оружје - па сега се поставува прашањето како да се комбинираат овие два приода во еден. Покрај моменталното справување со кризата, двајцата демократи се изјаснија дека сакаат да го подобрат угледот на Америка во светот. Тоа е тема што се повторуваше и во понеделничките изјави од членовите на тимот за национална безбедност.

За време на кампањата Обама често изјавуваше дека „ќе го промени светот“. Постои неверојатно добра волја низ светот во очекување на Хилари Клинтон, но ривалите како Кина и Русија не чекаат со раширени раце. Додека тимот на Обама од познати личности би можел да ги разочара оние кои се надеваат на радикални промени, набљудувачите посочуваат дека комбинацијата на воени и дипломатски вештини би можела да произведе нови идеи. „Разликите на Обама што се видливи само со гледање на човекот (значи дека тој може) да создаде нов простор за дипломатијата и нови опции кои во моментов (не се очигледни)“, пишува колумнистот Дејвид Игнејшус во „Вашингтон пост“. „Обама има шанса да биде голем претседател со оглед на тоа дека наследи некои навистина монструозни проблеми и ако најде решенија за нив што не би се очекувале. Во моментов ќе биде тешко да се каже како ќе го направи тоа, но тоа не значи дека не може да го направи“.

Она што го сигнализира изборот на Обама е јасното сфаќање дека повеќето од прашањата за надворешната политика се поврзани, и ќе бараат повеќестран приод. „Кога ќе ги ставите Боб Гејтс, Џим Џонс и Хилари Клинтон во ист тим добивате слика за некој што сака да ја промени стратегиската мапа на САД и нивното ангажирање во остатокот на светот“, вели Клемонс од фондацијата „Нова Америка“. Обама сега ги именуваше извршителите на визијата што ја презентираше за време на неговата кампања, визија што стана се' понијансирана и прагматична. Тој ќе се надева дека неговиот тим од ривали може заедно да работат за прекројување на имиџот и безбедносната улога на Америка низ светот. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 735 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 03.12.2008 00:37:39
uff sega ke bide drim tim...ama i nov pozdrav imaat vo timot. na demokratite ---.BAJRAM OBAMA OLSUN
Од: NAJGOLEMO RAZOCARUVANJE
Датум: 03.12.2008 01:49:14
OBAMA ce bide NAJGOLEMOTO RAZOCARUVANJE sto go doziveale amerite vo dosegasnata istorija. Vece za edna necela godina site ce se kaat sto go glasale ama ce si go trpat do kraj na mandatot i ce bide glaven vinovnik za krizata koja ce ja zafati SAD(segasnava e pocetok)i ce ja oslabi ekonomski.Toj e podmetnat da bide vinovnik na brodot koj e neminovno da potoni.Sto ce stane so dolarot koga na skoro naftata ce se kupuva vo eura koga site ce sakaat da se oslobodat od dolarite i ce gi prodavaat a tie ce se vracaat vo SAD? Hiperinfacija so propast na navodno najakata ekonomija sozdadena so pecatenje pari pez materijalno pokritie za niv.
Од: mene
Датум: 03.12.2008 06:27:59
isto ko nasiot dream team. kako li ke izgleda milososki so svojot angliski so kicevski naglasak na masa so edna dama kako hilari da mi znati. pa koga ke i raskaze za hunzite nema da znae sto ja snaslo
Од: commanddevil do mene
Датум: 03.12.2008 10:56:26
eh bre ,,mene,,.....pa ako zemem fakti-barem milosevski go znae kolku tolku nejziniot jazik za razlika od tie americki seljaci koi se total nepoismeni..mozebi so kicevski ili ne znam kakov akcent ama znae eden jazik povekje od niv...i...a koi se tie pa da niv im davas objasnuvanje za hunzi? daj ne pati od kompleksi...zarem na edna nacija bez koreni treba da im objasnuvas sto e sto..i taka se ograniceni so umot.zatoa-gordo malku mene....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Не сакам да живеам во сенка на минатото
Само добрите фирми до кредит
Зденко
Претходен број
Кога министер брка министер
Заврши штрајкот во училиштата
Не се точни тврдењата на сведокот за атентатот
Вербатим
Собранието повторно ќе носи „брзи“ закони
Промашена промоц��ја
Почнува вистинската борба за вториот круг
„Златната топка“ за Роналдо
Скопската епархија уплати за „Изгрев“, а ЛХБ бара стопирање на постапката
Неопходност од попретпазливи фискални политики
Побарана временска рамка и за преговорите за името
Дерида и балканското мезе
Стоп за сидата - одржи го ветувањето
Заобиколување