Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Собранието повторно ќе носи „брзи“ закони

Опозицијата критикува дека не се почитуваат препораките од ЕУ

Денеска пред пратениците ќе бидат нови дваесетина закони кои Владата предлага да бидат донесени по скратена постапка. Поради ова, опозицијата го критикува владиното мнозинство дека не ги почитува препораките од Европската комисија законите да се носат во редовна постапка и со квалитетна дебата во Собранието. Опозиционерите забележуваат дека со законите поврзани со глобалната економска криза ќе се протуркаат и други закони што немаат никаква врска со кризата.

На денешната собраниска седница на дневен ред се предложени измените на законите за животната средина, социјалната заштита, персоналниот данок на доход, данокот на добивка, даночната постапка, платниот промет. Потоа Предлог-законот за отпишување камати на достасани обврски по основа на даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување, измените на законите за трговија, за работни односи, за пензиско и инвалидско осигурување, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за вработување на инвалидни лица, за волонтерство, за исплата на платите, за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката, на Законот за пратениците, за платите на судиите, за финансирање на политичките партии, за спречување на корупцијата, за државните службеници, за судска служба, како и Предлог- законот за мирување и отпишување обврски по основа на придонеси за задолжително здравствено осигурување. (П.Р.)


Статијата е прочитана 553 пати.

Испрати коментар

Од: sandra
Датум: 03.12.2008 04:36:12
lele mislam ovie vmrovcive da gi zeme Trendo u milioner na ona brzi prsti partal ke napraat. e ova im priznavam - glasanje bez upotreba na takozvani mozak i kakva diskusija be, kako shtab naredi. posle ovie ke ti zborat za skrsseni kicmi e da ti pukne dushichkata
Од: Bobo
Датум: 03.12.2008 05:56:57
Pa zarem ovaa Vlada znae nesto po umno da napravi???? Oni mislat narodot e glupav, ama ne e. Toa ke go vidat i osetat na narednive izbori. Kutrite od sto se uplaseni zatoa sega na brzina sve sakaat da napravat. Neka ne brzaat, ne im vredi vise nisto, nie narodot uste sega im presudivme i nisto vise ne gi spasuva. Ne im pomagaat poveke ni site onie silni reklami po site televizii i mozam da kazam deka i bas poradi tie reklami narodot e zgrozen od ovaa Vlada.
Од: Lile
Датум: 03.12.2008 08:13:43
Да се носат Закони за пензионирање и да се запослат млади, онај стариот закон да се продолжи барем уште една година 35 г. стаж жени, и 40 г. мажи и одма ќе има запослување на млади кадри. А не не смеј сме можи во Запад редко кој работи со толку многу стаж. Треба да се гледа за младина а ние сни одработиле, младината оди во странство, а ние старци ќе работиме
Од: verag
Датум: 03.12.2008 08:46:05
Е’ ов ие вмро-ОВЦи во собрание не работат месец дена на ниеден закон,а потоа мора да надоместат и турбо ги донесуваат еден куп закони.Изгледа тоа им стана стил на работа.После пак до ЕУ ќе стигне извинување,но дали ќе биде прифатено,тоа ним не им е важно.Меѓу многуте закони ќе го вметнат законот за плати за пратеници и тука нема да се спомне глобАЛНАТА КРИЗА.
Од: ДимоАго
Датум: 03.12.2008 09:18:27
Кога го направија тоа прв��от пат не ми се веруваше што прават.Подоцна сосема оправдано беа искритувани од ЕК за тоа.Сега гледам дека не им дошол паметот, па после пак нека кажат дека опозицијата им е крива што не не критикуваат европските комисии.Па господа од владата дневните весници не излегуваат толку брзо, колку што вие брзо носите закони(или може сакате да влезете во ГИНИСовата книга на рекорди).Голем поздрав до Сандра баш убаво си се сетила на брзите прсти во милионер.
Од: Zoki
Датум: 03.12.2008 13:36:03
Значи пак ќе го гледаме Вељановски на ТВ како некое прваче се извинува дека ‘нема пак така да прави и да носи закони набрзина‘. Ропаци се нема што!
Од: stole
Датум: 03.12.2008 18:58:08
pak so stari glupavi resenija pocnuva VMRO po brza postapka zakoni,prasajte gi sto zakoni izglasuvaat vmro-parlamertarci (glasacka masina) pojma nemaat barem 90% od niv.posle "glavniov" na parlamentot pred stranskive pretstavnici pak ke se izvinuva ke gi moli (kako malo dete) da mu prostat i pak ke veti deka veke nema taka da pravi,mozebi i ke mu veruvaat?????

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Не сакам да живеам во сенка на минатото
Само добрите фирми до кредит
Зденко
Претходен број
Кога министер брка министер
Заврши штрајкот во училиштата
Не се точни тврдењата на сведокот за атентатот
Вербатим
Промашена промоција
Почнува вистинската борба за вториот круг
„Златната топка“ за Роналдо
Скопската епархија уплати за „Изгрев“, а ЛХБ бара стопирање на постапката
Неопходност од попретпазливи фискални политики
Побарана временска рамка и за преговорите за името
Дерида и балканското мезе
Обама избра „дрим тим“ за надворешната политика
Стоп за сидата - одржи го ветувањето
Заобиколување