Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Светот испраќа храна за Сомалија

Повеќе од 3,5 милиони луѓе може да изгладнат до смрт поради сушата

МОГАДИШУ – Светската програма за храна (ВФП) при ОН ќе почне со доставување на храна за Сомалија со воспоставување на воздушен мост, изјави првиот човек на ВФП, Џозет Ширан на кризните разговори за сушата во Источна Африка. Ова ќе биде првиот воздушен мост преку кој ќе се испорачува храна, откако ОН минатата недела прогласи глад во две области на Сомалија.

Сомалискиот министер за надворешни работи Мохамед Ибрахим на вонредната средба во Рим предупреди дека повеќе од 3,5 милиони луѓе „може да изгладнат до смрт“ во неговата земја. Исламистите, кои контролираат поголем дел од Сомалија, ја забранија ВФП во областите што се под нивна контрола. Ал Шабаб, која има врски со Ал Каеда, ги обвини групите за кои стави забрана за влез во нивните територии дека биле политички.

Ширан изјави дека помошта ќе биде доставена во главниот град Могадишу, каде слабата привремена влада – поддржана од мировните сили на Африканската Унија - контролира само делови од градот.

Десетици илјадници Сомалијци ги напуштаат областите кои се под контрола на Ал Шабаб и се упатуваат кон Могадишу и соседните Кенија и Етиопија во потрага по храна.

Ширан присуствуваше на средбата во Рим – свикана од Франција, која претседава со групата Г20 на развиени и економии во подем – откако го посети Могадишу и бегалскиот камп Дадаб во Кенија. „Она што го видовме беа деца кои пристигнуваа толку слаби што повеќето од нив беа во четврта фаза од неисхранетост и имаа мали шанси- помалку од 40% - да преживеат“, изјави таа. „Ова е за спасување на животи сега. Не е за политика, не е за ништо друго освен човештвото да се соедини за да се спасат животи“.

Ибрахим изјави дека помошта во храна главно е потребна во областите под контрола на Ал Шабаб. „ОН проценуваат дека повеќе од 3,5 милиони Сомалијци, огромно мнозинство од нив во областите што се под контрола на бунтовниците, може да изгладнат до смрт“, изјави министерот за надворешни работи.

Но, директорот на меѓународната хуманитарна организација „Цел“, Џон О’Шеј за Би-Би-Си изјави дека одговорот на ОН на политичката криза во Сомалија ја влоши кризата. Тој додаде дека Советот за безбедност на ОН требаше да овласти забележителна сила од мировници за да се стави крај на неколкугодишниот конфликт во Сомалија.

Пред самитот во Рим, Светската банка вети 500 милиони долари помош. Околу 12 милиони долари ќе бидат за итна помош за најзагрозените од она што ОН го опиша како најлоша суша во Источна Африка во последниве 60 години. Но, голем дел од парите ќе оди за долгорочни проекти за да им се помогне на фармерите што одгледуваат добиток. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 296 пати.

Испрати коментар

Од: Buntovnik
Датум: 27.07.2011 12:01:49
Svetot hrana, Bankite oruzje i se taka do beztraga

Најди! во Утрински
Свет
Затвор за 5.000 евра затаен данок
Брејвик можеби ќе добие 30 години затвор
Шпанија не сака работници од Романија
Европските десничари го осудија масакрот во Осло
Хина Рабани Кар, пристигнува на аеродромот во Њу Делхи
Најмалку 78 загинати во урнат воен авион во Мароко
Банките во САД се подготвуваат за банкрот?
Вацлав Клаус направи инцидент во Австралија

"""