Брејвик можеби ќе добие 30 години затвор

Осло - Норвешкото обвинителство би можело да бара Андерс Бехринг Брејвик, осомничен за двата напада во кои загинаа 76 лица, да биде обвинет за злосторства против човештвото, затоа што во таа земја максимална предвидена казна е 30 години затвор.
Тоа би значело дека Брејвик доколку биде осуден ќе добие поголема казна од 21 година колку што норвешкиот Закон предвидува за обвиненија во врска со тероризмот, а што многу Норвежани сметаат дека е недоволно за злосторството што го направи.
Обвинителот Кристијан Хатило изјави вчера за норвешкиот весник „Афтенпостен“ дека новото обвинение што е воведено со законот во 2008 година моментално е само можност.
„Полицијата досег�� го цитираше Законот за тероризам, но барањето за други обвиненија не е исклучено“, изјави портпаролот на полицијата Стурл Хенрејксб, дополнувајќи дека се' уште не е донесена конечна одлука. Во бомбашкиот напад во петокот во Осло загинаа осум лица, додека престрелките на островот Утоја неколку часа подоцна, Брејвик убил 68 луѓе.Судијата на Брејвик му одреди осумнеделен притвор, од кој четири недели ќе ги помине во самица. |