Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Шпанија не сака работници од Романија

Од 1 август „привремено“ се ограничува пристапот на
романските работници до шпанскиот пазар на труд

 БРИСЕЛ – Шпанските власти ги одобрија мерките со кои од 1 август се ограничува пристапот на романските работници до нивниот пазар на труд поради високата стапка на невработеност што ја мачи земјата. Мерката ќе биде „привремена“ и за своја цел ќе ги има само новодојдените романски работници, а не оние речиси еден милион што веќе и официјално се регистрирани во Шпанија, изјави во средата помладиот министер за имиграција Ана Терон за Европа прес.

Со стапка на невработеност од 21 процент и завршен градежен бум, слободни места за Романци - кои се упатија кон Иберискиот Полуостров поради сличноста меѓу романскиот и шпанскиот јазик - има се' помалку. „Меѓу Романците што се во Шпанија стапката на невработеност изнесува 38 проценти и изгледа разумно што Шпанија прво ги апсорбираше оние што се тука“, изјави Терон.

Мерката, за која веќе се информирани романските власти, исто така, треба да има „педагошко влијание“ со тоа што ќе ги обесхрабри другите Романци да дојдат во земјата. Но, одлуката е удар за романската дипломатија, каде што официјалните лица моментно се обидуваат да ги придобијат сојузниците поради нејзиниот веќе одложен влез во безграничната шенген-зона. „Ова е случај без преседан, тешко да се оправда, бидејќи е прва земја, која повторно воведува ограничувања за нејзиниот пазар на труд откако претходно ги укина“, изјави во средата романскиот министер за труд, Себастијан Лазароиу, пред новинарите во Брисел по средбата со комесарот за социјални прашања.

Романскиот официјален претставник, исто така, е загрижен дека потегот може да предизвика повторување на мерките во време кога „Холандија, на пример, се обидува да воведе нови ограничувања за Романците“.

Според романскиот официјален претставник Европската комисија се' уште не е информирана, но мерката на крајот ќе биде анализирана од службите на комисијата. Шпанија законски е обврзана повторно да ги воведе ограничувањата – бидејќи и Романија и Бугарија – кои и се приклучија на Унијата во 2007 година – може да се најдат во ситуација нивните работници да бидат блокирани од пазарите на труд во други земји-членки до 2014 година. Меѓутоа, Шпанија беше првата западноевропска земја, која во 2009 година ги крена овие рестрикции. (ЕУ обзервер)


#
Статијата е прочитана 822 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Затвор за 5.000 евра затаен данок
Брејвик можеби ќе добие 30 години затвор
Европските десничари го осудија масакрот во Осло
Хина Рабани Кар, пристигнува на аеродромот во Њу Делхи
Светот испраќа храна за Сомалија
Најмалку 78 загинати во урнат воен авион во Мароко
Банките во САД се подготвуваат за банкрот?
Вацлав Клаус направи инцидент во Австралија

"""