Што пишуваат весниците во светот
Хина Рабани Кар, пристигнува на аеродромот во Њу Делхи

Министерката за надворешни работи на Пакистан, Хина Рабани Кар, пристигнува на аеродромот во Њу Делхи. Кар е во важна посета на Индија, особено по неодамнешните теророристички напади во Бомбај
Тагес анцајгер
Нови теории за заговор за 9/11
Пред 10-годишнина од 11-септемвриските терористички напади во САД, стари и нови интернет теории за заговор се појавуваат во високи места во Швајцарија. Нов веб-сајт, www.911untersuchen.ch во почетокот на јули тргна онлајн, со барања од група швајцарски политичари, академици и медиумски личности за повторно отворање на истрагите за настаните што се случија во 2001 година. Изјавата на поранешниот советник во кантонот Берн, Дори Шаер изјави дека прашањата дали американските власти намерно дозволиле да се случат нападите или всушност дури и ги извршиле, остануваат неодговорени. Националниот советник Алек фон Графенрид од Берн, член на Партијата на зелените, изјави дека верува оти администрацијата на Буш била „подготвена речиси на се'“.
Швајцарскиот консултант за односи со јавноста Клаус Ј. Столкер во изјавата објавена на неговиот веб-сајт вели дека „моралното занемарување“ на САД е очигледно. Даниеле Гансер е швајцарски историчар и истражувач кој напиша поглавје во книгата на теологот Дејвид Реј Грифин „9/11 и американската империја“. Грифин е еден од најпознатите критичари на официјалната верзија на 11 септември. На веб-сајтот Гансер тврди дека сите три верзии – теоријата за „изненадување“ што е официјална верзија, како и верзиите дека администрацијата дозволила да се случат нападите, или дури и ги испланирала – сите тие се теории на заговор. Американската амбасада упати протесна нота во врска со ставовите на Гансер.
Le temps
Арапска пролет и во Израел?
По должина на булеварот „Ротшилд“, најурбаниот плоштад во Тел Авив, стотици студенти и млади двојки кампуваат уште од минатата недела во тековниот протест за подобрување на условите за домување. Атмосферата е пријатна. Соседите им носат храна на демонстрантите. Уметници парадираа за да ја изразат нивната поддршка.
„Во подрумот од 18м2 во кој живеам нема прозорци, а киријата ми е 975 долари месечно. Дали тоа е фер?“, вели Орен Сабиани, еден од лидерите на протестот кој беше организиран преку „Фејсбук“ Демонстранти и шатори никнуваат и во други израелски градови. И тие изгледа ја имаат поддршката од медиумите. Колумнистот Бен Каспит, кој пишува за дневниот весник „Маарив“, приговара за тоа дека „власта инвестира милијарди долари во развој на населби, а го запоставува развојот на самата земја“.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху набрзо сфати дека израелските „индигнадос“ (огорчени) – како што локалните медиуми ги нарекоа – може да бидат политичка опасност. Оригиналните „индигнадос“ станаа познати на почетокот од оваа година во Шпанија. Премеирот прими некои од израелските демонстранти во понеделникот минатата недела. Пред ТВ камерите тој вети забрзување на административните процедури за идните јавни програми за домување. Социјалните движења од овој вид се реткост во Изарел. |