Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Одбележани 150 години од објавувањето на Зборникот на Миладиновци

„Зборникот на струшките браќа е интеграциска златна алка на современата македонска книжевност и таа не може да се изземе од јазикот и од книжевното писмо кое некогаш како уметнички гениј на народот го препознаа, го собраа и му дадоа гласност меѓу народите преподобните струшки браќа чија судбина трагично-симболичен начин за врши во цариградските зандани“, истакна во поздравната беседа Бранко Цветкоски, директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на свеченото одбележување на јубилејот-150 години од излегувањето на Зборникот на Миладиновци.

На свеченоста присуствуваа сите досегашни лауреати на наградата што го носи името на струшките браќа и која поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ ја доделува за најдобро поетско дело објавено меѓу два фестивала.

Во холот на Библиотеката беше поставена изложба на сите изданија на Зборникот, делата на Миладиновци од фондот на Библиотеката, како и книгите што досега ја добиле наградата „Браќа Миладиновци“, а програмата беше збогатена и со настап на гудачкиот квартет „Еквилибриум“.

Присутните ги поздрави Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, а за делото на Миладиновци говореше Марко Китевски. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 348 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Шарлота Ремплинг ќе пристигне во Сараево
Убавината како бескрај
Научнофантастично Скопје низ уметнички дела
„Сестрата на Зигмунд Фројд“ ги освои издавачите
Нови книги
Концерт на познатиот оргулист Франсоа - Анри Убар

"""