Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економи��а
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Убавината како бескрај

Годинава се одбележуваат 150 години од излегувањето на Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци (1861-2011)

Разме Кумбаровски

Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци (Загреб-24.6.1861), поседува посебна свечена убавина, даровина и задоволство, таа преставува вистинска духовна трансцедентална полифоника и глас, радост и шир за душата и срцето на човекот и читателот. Со Сократовиот принцип „Спознај се самиот себе си“ ова летописание и книга, односно Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци, навистина преставува високо творечко богатство и задоволство, да се испеат, запишат и изустат тие народни песни од грлата и од усните на народниот пејач од повеќе краеви и простори на Македонија.

На убавината на Зборникот од Миладиновци, не и' се потребни аксиоми и приоди што можат да се почувствуваат и остварат основите и вечните соништа на еден измачен народ како што е македонскиот. Болката и ропството, претставуваат потера што човекот не ги посакува ниту пак може да опстане во тој сооднос и страв. Задоволството секогаш ја надминува тагата, болката и траумата до мигот и желбата кога Зборникот треба да се појави и ја здогледа својата вистинска светлина. Додека Константин студира во Москва, професорите и најблиските колеги го именуваат со епитетот „Македонијата“, повторувам „Македонијата“, што сето тоа преставува уште еден вистински изворен приод и факт од XIX век, за постоењето, опстојот, битот и непокорот на македонскиот народ и Македонецот.

Апсолутната убавина преставува вистинска емотивна радост и белег, да се читаат и прелистуваат песните и краснописот на Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци, тие стилизации и епски поетски пеења и метафори од обичниот македонец, како есенцијална вистина, ткаеж или изуст од XIX век. Зборникот преставува вдахновеност за сегашното и идното време, за новите фиданки и генерации што доаѓаат. Умотворенијата на бесмртниот народен пејач и мислител, не претставуваат ништо друго, освен златна алка, духовен свод, бела низалка од топлите бисерни грла и успенија онтолошки на сенародниот народен трагач и воин, на животот суров, вековен и кобен.

Ќе се вратиме повторно на тагата и болката, на Константиновите „Орелски крилја, на полето ако го погледнеш-или планината, на Сонцето каде светло угреват-а небото ѕвезди посевјат и повторно осаменоста и бескрајот романтично тајат и боледуваат, кон неисцрпените окна и црвените искри на духовното богатство на македонскиот народ. Не случајно народниот пејач во својата песна за Македонија ќе испее: „Полна си со злато...“. Магновението е вечно. Потребно е радоста и среќата често да бликаат во задоволствата и почитта на убавината и недогледноста на срцето што радува и пее, што пленува и ја разбиструва мислата и гласот на поетот.

Сензуалниот призвук и глас на Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци, најубаво се согледува и осветлува низ предговорот:„Сиве почти песни се слушани од западни ст‘рни на Струшко, Охридско, Битолско, Дебарско, Прилепско, Велешко, Кукушко, Воденско. Во Струга, сжде една девојка ни каза до сто и педесет песни, како и Депа Каваева, а во Прилеп таа Ѓурѓа Котежа‘‘.

Да се навратиме повторно на клучните зборови на убавината и темата од Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци: осаменоста, тагата, болката, носталгијата, поетскиот вознес и тоналитет, орелските крилја Константинови – се' до местата и засладите каде што се соѕидуваше таа златна поетика и азно до: Загреб, Ѓаково, Струга, Охрид, Кукуш, Стамбол, Москва...

Убавината беше осветлена виорно од вечниот пламен на столетието, од „Сонцето каде светло изгреваше-каде небото ѕвезди посеваше‘‘.


#
Статијата е прочитана 436 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Шарлота Ремплинг ќе пристигне во Сараево
Научнофантастично Скопје низ уметнички дела
„Сестрата на Зигмунд Фројд“ ги освои издавачите
Одбележани 150 години од објавувањето на Зборникот на Миладиновци
Нови книги
Концерт на познатиот оргулист Франсоа - Анри Убар

"""