Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Научнофантастично Скопје низ уметнички дела

Мултимедијалниот настан насловен „Скопје помеѓу наука и фантастика“ - Сити ЛАБ Проект, дел од „Скопско лето“, ќе се случува денеска од 11 до 21 часот на различни локации во центарот на Скопје. Куратор на проектот е Јованка Попова, а уметниците Александар Станкоски, Атанас Ботев, Жанета Вангели, Зоран Попоски, Борис Петровски и Александар Гроздановски, своите дела ќе ги претстават поединечно на неколку места и во раз��ично време.

Билбордот на Александар Станкоски „Скопје помеѓу науката и фикцијата“ ќе биде поставен на раскрсницата на улиците „Теодосиј Гологанов“ и „Климент Охридски“. Во 19 часот, Атанас Ботев ќе се претстави со перформансот „Филингблу“ пред Спомен домот на Мајка Тереза. Во 20 часот, видео проекција на ЛЕД видео-дисплејс на Жанета Вангели насловена „Епифанија“ ќе биде поставена на станбен објект непосредно до Собранието на Р Македонија. Во 20,30 часот, пак, делото на Зоран Попоски под наслов „Споменик: 1000 Александри“ кое е проекција и интервенција во јавен простор, фонтана - споменик на Александар Македонски, ќе може публиката да го види на плоштадот „Македонија“. Во 21 часот, перформансот на Борис Петровски, „Симулација на освојување на јавен простор“, ќе се одржи на тревникот пред кафе „Тренд“ на плоштадот „Македонија“, и на крајот, во 21,30 часот, Александар Гроздановски ќе ја презентира „City Texture Guide“ - интерактивна видео инсталација, во Безистен, Старата скопска чаршија.


#
Статијата е прочитана 380 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Шарлота Ремплинг ќе пристигне во Сараево
Убавината како бескрај
„Сестрата на Зигмунд Фројд“ ги освои издавачите
Одбележани 150 години од објавувањето на Зборникот на Миладиновци
Нови книги
Концерт на познатиот оргулист Франсоа - Анри Убар

"""