Концерт на познатиот оргулист Франсоа - Анри Убар
Вечерва во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во 20 часот, концерт ќе одржи францускиот оргулист Франсоа - Анри Убар, оргулист во црквата Мадлена во Париз. На програмата се дела од Купрен, Бах, Вивалди, Моцарт, Хубарт, Франк.
Франсоа - Анри Убар (1952) е носител на титулата „Офицер од редот на уметноста и книжевноста“. Оргули почнува да свири на единаесетгодишна возраст. Во 1979 година станува прв оргулист на црквата „Св. Мадлена“ во Париз, со што на 26 години станува следбени�� на светски познатите композитори Камиј Сен-Санс и Габриел Форе. Има реализирано повеќе од 1.200 концерти и рецитали во Европа, САД, Канда и Јапонија и се смета за еден од најдобрите оргулисти денес.
|