Пронајдени човечки глави во кутии на аеродром
ЛИТЛ РОК - Официјални лица изјавија дека вработени на „Саутвест ерлајнс“ наишле на неколку кутии со човечки глави на аеродромот во Литл Рок, Арканзас. Главите, пронајдени на 9 јуни, биле на пат кон медицинска лабораторија кон Форд Ворд, Тексас. Меѓутоа, судскиот вештак од областа Пуласки, Гарланд Кампер, изјави дека ги чека документите што ќе покажат дека главите биле легално обезбедени и легално испорачани. Кампер изјави дека 40 до 60 цели или делумни глави се наоѓаат во обласната мртовечница.
Портпаролот на „Саутвест ерлајнс“, Крис Мајнц, изјави дека авиокомпанијата ја повикала полицијата и одбила да ги испорача, бидејќи не биле соодветно спакувани и назначени.
Главите биле испорачани од „ЈЛС консалтинг ЛЛЦ“ од Конвеј, Арканзас. Основачот на ЈЛС, Џенис Хеплер, изјави дека тие би се употребиле во натамошна едукативна програма за лекари. (АП) |