Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Обама попопуларен во Европа, отколку во САД

Муслиманите се разочарани од американскиот претседател

Вашингтон - Американскиот претседател Барак Обама е попопуларен во Западна Европа и во Азија, отколку во САД, а муслиманите се разочарани од него, покажа годишното истражување на институтот  „Пју рисрч центар“.

Според анкетата, спроведена во 22 држави, не помалку од 90 проценти имаат доверба во Обама во поголема или помала мера. Тоа важи за 87 проценти од Французите и 84 проценти од Британците, но само за 65 проценти од Американците.

Седумнаесет месеци откако Обама ја презеде претседателската функција, тој продолжува да ужива висока доверба во Азија, 76 проценти во Јапонија, 75 проценти во Јужна Кореја, 73 проценти во Индија  и 67 проценти во Индонезија.

Рејтингот на првиот афроамерикански претседател во историјата на САД е висок во двете африкански држави вклучени во истражувањето, Нигерија со 84 проценти и 95 проценти во Кенија, родната земја на неговиот татко.

Во споредба со тоа, највисока е недовербата кон Обама во муслиманскиот свет. Неповолно мислење за американскиот претседател имаат 65 проценти од Турците, 64 проценти од Јорданците, 60 проценти од Пакистанците и 59 проценти од Египќаните, од кои сите исламски држави сојузнички на САД.

Единствен исклучок од муслиманскиот свет е Индонезија, каде што Обама поминува дел од своето детство.

Популарноста на американскиот претседател во исламските земји се намали во 2009 година кога тој во својот говор во Каиро објави нов почеток меѓу САД и муслиманскиот свет.

Карактеристично е и намалувањето на рејтингот на Обама во Мексико. Овој тренд се објаснува со новиот построг закон за емиграција во државата Аризона, иако тој се спротистави на неговото усвојување. Пред влегувањето во сила на овој акт, 47 проценти од Мексиканците имаа доверба во Обама, а сега нивниот дел е намален на 36 проценти.


#
Статијата е прочитана 282 пати.

Испрати коментар

Од: kiroSAD
Датум: 19.06.2010 18:38:59
Normalno bidejki saka i bog da cuva moze ke mu uspee da go nametne socijalismot od EU, I ovde go provalija so "SHEKSPIROVITE" govori a nema nisto na delo.. bla bla bla golema birokratija carovi i socijalcna pomos ....da se deli bogatstvoto ete zatoa.

Најди! во Утрински
Свет
Егзекутиран убиец со стрелање во Јута
Пронајдени човечки глави во кутии на аеродром
Ја варосуваат планината од жал за исчезнатиот глечер
Исланѓаните не сакаат во ЕУ
Британски граничари претепале ирачки азиланти
Старци владеат со Европа