Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Ја варосуваат планината од жал за исчезнатиот глечер

Ова е прв експериментален чекор во оригиналниот план за закрепнување на глечерите на Андите, кои исчезнуваат

АЈАКУЧО - Полека, но сигурно, на исчезнатиот глечер во оддалечениот агол на перуанските Анди му е вратена првобитната боја, не со нови снежни врнежи или обновени ледени прекривки, туку со вар. Ова е прв експериментален чекор во оригиналниот план за закрепнување на глечерите на Андите, кои исчезнуваат. Меѓутоа, се води дебата меѓу оние што ја отфрлаат идејата како обична лудорија и оние што сметаат дека тоа би можело да биде едноставно, но брилијантно решение, или во најмала мера такво што би требало да се тестира.

Светската банка, очигледно, верува дека идејата, замисла на 55-годишниот перуански пронаогач Едуардо Голд, има вредност, бидејќи беше еден од 26 добитници од околу 1.700 поднесоци во конкурсот „100 идеи за спас на планетата“ на крајот од 2009 година. Голд, кој нема научни квалификации, но студиозно ја проучувал глациологија, е воодушевен што е дојдено времето да ја претвори својата теорија во практика. Иако допрва треба да ги добие 200 илјади долари награда од Светската банка, неговиот пилот проект веќе се спроведува на врвот Чалон Сомбреро, на надморска висина од 4.756 метри, во област на околу 100 км западно од регионалниот главен град Ајакучо. Областа долго време беше оголена од нејзините снежни бели врвови.

Четири лица од Ликапа, село што се протега подолу во долината, облекоа комбинезони и мешаа боја од комбинација на три примероци едноставни и еколошки состојки: вар, индустриски белки од јајца и вода. Мешавината се користела уште од колонијалните времиња во Перу. Тука нема четки за фарбање, работниците користат кофи за да ја истурат варта врз соголените карпи околу врвот. Тоа е тежок процес, но тие обелеа два хектари за две недели. Планот е да се исфарба целиот врв, потоа да се продолжи уште со два други врва, со вкупна површина од околу 70 хектари.

Голд можеби не е научник, меѓутоа, неговата идеја се темели на едноставен научен принцип дека кога сончевата светлина се рефлектира од бела или светла површина, соларната енергија повторно се враќа во атмосферата и во вселената, наместо да ја затоплува површината на Земјата. Американскиот секретар за енергија, Стивен Чу, прифати слична идеја употребувајќи бели покриви во САД, што, веројатно, е попрагматично, отколку фарбање планини. Променувајќи го албедото (мерка за тоа колку силно некој предмет рефлектира светлина) на карпеста површина ќе доведе до оладување на површината на врвот, вели Голд, што, пак, како резултат на тоа ќе генерира студена микроклима околу врвот. „Студот генерира повеќе студ, како што топлината генерира повеќе топлина“, вели Голд. „Се надевам дека ќе успееме повторно да направиме глечер, бидејќи повторно ќе ги создадеме сите неопходни климатски услови за формирање на глечер“.

Деветстоте жители на Ликапа, село чиј живот зависи од Чалон Сомбреро за снабдување со вода, не се мислеше многу за предлогот на Голд и финансиските средства што тој би ги донел. „Кога имав 15-20 години, Чалон Сомбреро беше голем глечер, целиот во бело, потоа малку по малку почна да се топи“, вели 65-годишниот Пабло Парко, кој е еден од поддржувачите на проектот. „Четириесет години подоцна, и нивото на реката никогаш не било пониско, ноќите се многу студени, а деновите неподносливо жешки. Не беше вака кога јас растев... Секогаш беше подносливо. Среќни сме што сме дел од овој проект за фарбање на планината. Може да ви кажам дека изутринава имаше снег на земјата, нешто што ретко гледаме. Овде на оваа висина ние живееме од нашите животни, тука нема работа, тука нема посеви, бидејќи онаму каде што има помалку вода, има помалку пасишта, а тоа значи помалку добиток“.

Во Перу, каде што се наоѓаат повеќе од 70 проценти од тропските глечери во светот, глобалното затоплување веќе стопи 22 процента од нив во последниве 30 години, според извештајот на Светската банка од 2009 година. Преостанатите глечери би можеле да исчезнат за 20 години ако не се преземат мерки за ублажување на климатските промени.

Влијанието би можел да биде почувствувано и надвор од заедниците кои живеат на Андите, со драматични последици по снабдувањето со вода за густо населеното крајбрежје на Перу и хидроелектраните. Во мај перуанскиот министер за животна средина, Антонио Брак, изјави дека на Перу ќе му бидат потребни 400 милиони долари годишно за ублажување на климатските промени. Тој е еден од скептиците кои не се подготвени да и' дадат шанса на идејата на Голд. „Мислам дека има многу поинтересни проекти кои би имале поголемо влијание во ублажувањето на климатските промени, и таму е местото каде овие пари треба да се инвестираат“, изјави тој за Би-Би-Си.

Меѓутоа, првиот човек на одделот за климатски промени при министерството, Едуардо Дуранд, изјави: „Секоја оригинална идеја има право да биде слушната“, и му даде зелено светло на пилот-проектот. „Во локални размери проектот би можел да има влијание, би можел да го промени трендот, малку да ги подобри работите“, вели Томас Кондом, глациолог и хидролог, кој работи во францускиот Институт за истражување и развој, кој во последниве 15 години ги набљудува тропските глечери во Андите. „Меѓутоа, влијанието нема да го промени или сопре трендот во рамките на целиот регион. Ќе биде многу тешко да се направи нешто слично во големи размери на Андите“.

Во извештајот од Британското кралско здружение во 2009 година се наведува дека „технологијата за геоинежеринг“ проекти се' уште е „во зародиш“ и властите треба да продолжат да се фокусираат на намалување на емисиите на јаглен двооксид. Меѓутоа, ако пилот-проектот на Голд се покажа како успешен во намалувањето на температурата тој предвидува негово проширување на најзагрозените глечерски региони во Перу во големи размери. „Јас подобро би се обидел и не успеал да најдам решение, отколку да почнам да размислувам како ќе преживееме без глечерите, ако ситуацијата е неповратна“, изјави тој. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 419 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Егзекутиран убиец со стрелање во Јута
Пронајдени човечки глави во кутии на аеродром
Исланѓаните не сакаат во ЕУ
Британски граничари претепале ирачки азиланти
Обама попопуларен во Европа, отколку во САД
Старци владеат со Европа