Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Британски граничари претепале ирачки азиланти

Се верува дека 42 Ирачани биле вратени во Багдад со употреба на сила

БАГДАД - Ирачки азиланти депортирани од Велика Британија изјавија дека биле тепани од страна на Британската гранична агенција (УКБА) за да ги качат и да ги симнат од авион. Се верува дека 42 Ирачани биле вратени во Багдад со употреба на сила. Се наведува дека 36 се' уште се наоѓаат на аеродромот во Багдад каде што пристигнаа вчера изутрина. УКБА одби да ги коментира тврдењата, меѓутоа, посочи дека минимум сила би се употребила само како последно средство.

Депортацијата беше спроведена од Британската гранична агенција во услови на целосна тајност, без откривање на какви било информации. Авионот слета на аеродромот во Багдад вчера околу шест часот, а на новинарите не им беше дозволен пристап. Од 42 депортирани лица за колку што се веруваше дека има во авионот, само шестмина набрзина биле ослободени.

Еден од нив, Шерван Абдула, Курд, за Би-Би-Си изјави дека тој и други биле тепани од припадниците на УКБА за да ги принудат да се симнат од авионот во Багдад. „Тие не' зграпчија, ни кажаа дека ако не се симнеме ќе не' претепаат и ќе не' исфрлат“, вели Абдула. На прашањето дали ова се случило во авионот, тој рече: „Да, во авионот. Ако некој не сакаше да излезе, тие го зграпчуваа, го фаќаа за врат, речиси го убиваа, луѓето не можеа да дишат“. Абдула, исто така, додаде дека сите пари му биле украдени од ирачката полиција на аеродромот. Ова беше жестоко негирано од страна на ирачки официјални лица.

Меѓутоа, 14 од депортираните на Агенцијата за бега��ци на ОН, УНХЦР, кажаа дека биле тепани од припадници на УКБА како за влез во авионот во Лондон, така и за симнување од него во Багдад. УКБА соопшти дека минимум сила би се употребила како последно средство кога лицето станува агресивно или одбива да соработува. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 361 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Егзекутиран убиец со стрелање во Јута
Пронајдени човечки глави во кутии на аеродром
Ја варосуваат планината од жал за исчезнатиот глечер
Исланѓаните не сакаат во ЕУ
Обама попопуларен во Европа, отколку во САД
Старци владеат со Европа