Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Старци владеат со Европа

Што се случува кога постарите избирачи доминираат на европските избори

Гледано отстрана, Европа изгледа како „геронтократија“, објави еден американски весник во 1963 година. Европејците се млади според годините и според изгледот (нивна средна возраст е малку над 32 години). Меѓутоа, нивните лидери се 87-годишниот Конрад Аденауер во Германија, 70-годишните деспоти во Шпанија и Португалија; Шарл де Гол во Франција (тогаш 72-годишен човек и одлучен во намерата да ја задржи претседателската функција уште шест години) и бебето во групата, 68-годишниот Британец, Харолд Макмилан, кој наскоро требаше да се повлече од премиерската функција.

Денес Европа повторно се соочува со владеење на постарите. Не затоа што нејзините лидери се многу стари: модерни��е политичари сакаат да парадираат со бремените сопруги и деца на школска возраст и да се забавуваат во шорцеви за возење велосипед и опрема за трчање. Сега гласачите се тие кои остареа. До 2050 година повеќе од една третина од потенцијалните гласачи на ЕУ ќе бидат постари од 65 години. И бидејќи постарите гласачи се посигурни отколку помладите, тие би можеле да имаат голема моќ.

Тоа ги вознемирува оние загрижените за европскиот пензиски и социјален систем. Дејвид Вилетс, британски ториевец, предизвика бура од негодување со „Кражба“, книга, во која ја обвинува бејби-бум генерацијата (огромниот број луѓе родени меѓу 1945 и 1965 година), за крадење на иднината на нивните деца. На бејби-бум генерацијата и' припаѓа повеќе од половина од личните богатства на Велика Британија во вредност од шест билиони фунти, тврди тој. Тука се вклучени брзиот пораст на цените на куќите и великодушните пензиски шеми на компаниите кои се затворени за помладите вработени. Вилетс (роден 1956) стравува дека армија од пензионирани припадници на бејби-бум генерацијата би можеле да гласаат за тоа огромни суми пари да бидат трошени за здравствена заштита и пензии, наспроти желбите на помладите даночни обврзници кои веројатно би преферирале за трошење на работи како, на пример, образованието.

Таквите стравувања инспирираат храбро размислување. Арџи Ланс Бовенберг од Универзитетот Тилбург во Холандија (роден 1958), размислува дали на родителите треба да им биде даден дополнителен глас на изборите за секое малолетно дете што е во нивна грижа. Економистот од Виенскиот универзитет, Денис Милер (роден 1940), забележува дека постарите лица треба да полагаат возачки тестови за да ги задржат своите дозволи. Што е со тестовите за државјанство пред да им биде дозволено да гласаат, слично со тестирањата за граѓанските права и должности со кои се соочуваат голем број на имигранти? Некои политички партии, вклучувајќи ги и лабуристите во Британија, сугерираат дека законската возраст за гласање треба да биде намалена на 16 години.

Таквите решенија се со тенденција да бидат неуспешни. Тие се дискриминаторски наспроти оние што не можат да имаат деца. Или, тие ги навредуваат постарите гласачи, кои со децении им служеле на своите земји. Во 2008 година, Австрија стана првата европска земја која им дозволи на 16-годишниците да гласаат на националните избори. Многумина од нив набрзина ди дадоа гласовите за екстремнодесничарските партии, кои обезбедија поголема поддршка од помладите отколку од постарите гласачи.

Лесно е да се биде песимистичен околу идејата дека геронтократијата ја зазема власта во Европската унија, место кое веќе прави напори да остане конкурентно. Анкетите на Еуробарометер во кои беа прашани 1.000 граѓани во секоја од 27-те земји-членки на ЕУ, нудат богат спој на докази дека политичките и економските приоритети варираат со возраста. На пример, постарите гласачи се понезадоволни од нивните животи и попесимистички околу економската иднина. Поголема е веројатноста дека постарите Европејци ќе кажат оти падот на железната завеса во 1989 година го направи животот во нивните земји „понебезбеден“, начин на размислување што се покажа како вистинит и во Источна и во Западна Европа.

Неодамна Еуробарометар праша дали владите треба да им олеснат на постарите луѓе и понатаму да продолжат да работат откако ќе ја достигнат возраста за пензионирање ако тие тоа го сакаат. Резултатите покажаа мали разлики според возраста, но неверојатен јаз според националноста. Речиси девет од десет испитаници во Британија, Данска, Финска и Холандија се изјасниле дека на постарите лица треба да им се помогне да работат ако тие тоа го сакаат. Друга крајност е, 55 проценти од Грците се противат на тоа. Тоа е можеби така бидејќи Грците ја наведуваат ЕУ да верува во погрешниот аргумент за фиксно работно време за работниците: големо мнозинство се согласува со тоа, додека подолго работат постарите луѓе „помалку работни места ќе бидат слободни за помладите луѓе“. Заблудата дека вработените стари лица автоматски им ги крадат работните места на помладите, исто така, е популарна и во Кипар, Унгарија, Португалија и Италија, иако овие земји се соочуваат со многу различно темпо на стареење на населението. Со други зборови, националната политичка култура е многу поважна од возраста.

Властите во Шпанија изгледа се исплашени дури и да дебатираат за повисока возраст за пензионирање. Другите се похрабри. Во нордиските земји законската возраст за пензионирање е се' повеќе прицврсте��а за животниот век. Неодамна првиот човек на холандскиот синдикат Петер Горцак, сугерираше дека на работниците треба да им биде ветена фиксна должина на пензионерскиот стаж, да речеме околу 20 години, и нивното време за пензионирање треба да се пресмета наназад од просечниот животен век во нивниот сектор.

Владеењето на геронтократијата секако има долгорочни опасности. Меѓутоа, Европа мора пред се' да избегне да биде распарчена, бидејќи некои земји подобро се справуваат со стареењето на населението отколку другите. Зрелото доба не е непријател на реформите тоа се: незнаењето, себичноста и плашливоста.

Постарите лица немаат монопол врз овие пороци и можеби со текот на годините собрале по некоја мудрост. Во следните децении Европа ќе има голема потреба од тоа. (Економист)


#
Статијата е прочитана 559 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Егзекутиран убиец со стрелање во Јута
Пронајдени човечки глави во кутии на аеродром
Ја варосуваат планината од жал за исчезнатиот глечер
Исланѓаните не сакаат во ЕУ
Британски граничари претепале ирачки азиланти
Обама попопуларен во Европа, отко��ку во САД