Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Виолинистот Ѓорѓи Димчевски на сцена со Мехта и Доминго

Македонскиот виолинист концерт-мајстор на „Валкири“ на Вагнер, како концерт-мајстор со Оркестарот на Валенсија

По исклучителниот почеток на концертнава година како концерт-мајстор на Оркестарот на Валенсија, што концертира во „Палатата на уметностите на кралицата Софија“, македонскиот афирмиран виолинист Ѓорѓи Димчевски минатата седмица беше дел и од изведбата на „Валкири“ на Рихард Вагнер, заедно со маестро Зубин Мехта и прочуениот тенор Пласидо Доминго, на матичната сцена во Валенсија. „Огромна чест е да се соработува со Мехта и со Доминго“, изјави Димчевски.

Овој настап на македонскиот виолинист следува по серијата симфониски концерти во Абу Даби и низ Германија, под водство на уметничкиот директор на Оркестарот на Валенсија, легендарниот Лорин Мазел, како и настапот во Мадрид на концертот на нашиот пијанист Симон Трпчески.

Инаку, прв пат во Шпанија, во оперската куќа „Палата на уметностите на кралицата Софија“, беше изведен грандиозниот циклус „Прстенот од Нибелунзите“ од Вагнер, во кој се содржани „Рајнголд“, „Валкири“, „Зигфрид“ и „Готердемерунг“. За големиот интерес на публиката, најдобра илустрација е фактот што претставите биле распродадени неколку месеци пред нивната изведба, а за тоа секако придонел и изборот на најдобрите светски пејачи, специјализирани за делата на Вагнер, раководени од еден од најдобрите светски диригенти, воедно и музички директор на Оркестарот на Валенсија, Зубин Мехта. Посебен интерес предизвикала изведбата на „Валкири“, која се одржала на 24 јуни, во која, под диригентската палка на Мехта, настапил и еден од водечките светски тенори, Пласидо Доминго. Оваа претстава во живо била пренесувана во повеќе европски градови во рамките на проектот „Вива Европа 2009“. Инаку, се планира сите четири опери да бидат издадени на ДВД.

Само за потсетување, во октомври минатата година во оркестарот на „Палатата на уметностите“ во Валенсија беше објавен конкурс за концерт-мајстор и во конкуренција од над 100 учесници од цел свет и аудиции во Париз и во Валенсија, токму македонскиот виолинист Ѓорѓи Димчевски го доби ова место во престижниот оркестар раководен од Лорин Мазел и Зубин Мехта. Веднаш по добивањето на оваа позиција, Димчевски го имаше своето деби како концерт-мајстор во операта „Парсифал“ од Вагнер, со Мазел како диригент. Првиот официјален проект како водач на оркестарот, пак, го имаше на Симфонискиот концерт со еден од, моментно, најуспешните светски тенори, Хуан Диего Флорез од Перу, кого критиката веќе го нарече „наследникот на Павароти“. (Т.И.)


Статијата е прочитана 218 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Наградата „Златна маска“ за филмот „Хамса“
„Едип“ во потрага по вистината
Светиниколци создаваат убави уметности
Министерката за култура во официјална посета на Полска
Концерт на Емил Рибарски во Куманово