Министерката за култура во официјална посета на Полска
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, на покана од полскиот министер за култура и национално наследство на Република Полска, Богдан Здројевски, од денеска до 8 јули ќе престојува во официјална посета на Република Полска. Во рамките на посетата, министрите за култура ќе потпишат Програма за културна соработка меѓу двете министерства за 2009-2011 година.
Канческа-Милевска вечерва во градот Олштин ќе присуствува на концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, чие гостување е финансирано од Годишната програма за култура на Министерството за култура. |