Концерт на Емил Рибарски во Куманово
Пијанистот Емил Рибарски, вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во 20 часот, ќе одржи самостоен концерт на кој ќе изведе дела од Скарлати, Шопен и од Мусоргски.
Емил Рибарски дипломира на Одделот по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а моментно е апсолвент на магистерски студии во класата на менторот Андреј Диев, заслужен артист на Русија, кој е визитинг-професор на ФМУ. Досега пред македонската публика се претставил со целовечерни рецитали во Скопје, Битола, Штип, Кочани, Струмица, Охрид, а значајни се и неговите настапи надвор од земјава, во Русија, Италија, Турција, Србија, Австрија и во Грција. |