Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Буџетска дупка од 67 милиони евра

Владата во март собрала 185,5 милиони евра, а потрошила 186,3 милиони евра, што значи дека во третиот месец од годинава имало само мал буџетски дефицит од околу 800 илјади евра. Но, ако се смета за првите три месеци од годинава, буџетскиот дефицит веќе достигна 67 милиони евра.

На веб-страницата на Министерството за финансии веќе не се објавуваат проектираните месечни приходи и расходи, како што беше практика во текот на минатата година, па не може јасно да се види дали во март имало потфрлање на буџетските приходи или пречекорување на буџетските расходи. Од Министерството за финансии вчера не беа достапни да дадат прецизни одговори на овие прашања.

Единствениот достапен податок се остварените приходи и расходи во март минатата година, што покажуваат дека лани во март биле остварени приходи од 196 милиони евра, што значи дека годинешниов март во однос на ланскиот има потфрлање од 10,5 милиони евра. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 966 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Грција е банкрот - ЕУ мора брзо да дејствува
Власта обвинета за трошење на депозитите
Инвеститорите не сакаат да ги учат политичарите
Пријавување даноци од компјутер
Синдикатот ќе бара 13. плата
Индустријата тоне, тоне...