Синдикатот најавува 13. плата за работниците. Според в.д. претседателот на ССМ, Живко Митревски, деновиве ќе има средба во Министерството за труд и социјала, на која ќе се побара во наредните измени во ЗРО да се вгради и правото за 13. плата на сите вработени. Но, тоа нема да биде обврзувачка категорија за компаниите. Поточно, би било дадено како алтернатива, фирмите да го исплаќаат доколку можат финансиски да го поднесат тој товар.
ССМ најавува и преговори за додефинирање на некои прашања околу репрезентативноста на синдикатите, согласно со измените во ЗРО. Односно, изнаоѓање начин за забрзување и поедноставување на постапките за утврдување на репрезентативноста.
„Организацијата на работодавци и ССМ се главните социјални партнери без кои не би постоел ниту Општиот колективен договор, како и другите грански договори. Ние го оживуваме и го ставаме во сила социјалниот дијалог, кој речиси воопшто не постоеше“, рече претседателот на Организацијата, Димитар Стојановски, кој целосно се согласи со тоа 13. плата да биде алтернативно дадена во ЗРО.
Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавци вчера го потпишаа усогласувањето на Општиот колективен договор за стопанство со последните измени во Законот за работни односи, донесени лани во ноември. Според Митревски, со тоа се отвора широк фронт на колективното договарање на ниво на гранки. Сега може да продолжи процесот на колективно преговарање и усогласување на измените во ЗРО со другите грански колективни договори. „Се договоривме во идниот период да направиме сериозен напредок во колективното договарање, односно во продлабочувањето на социјалниот дијалог, не само меѓу ССМ и работодавците, туку и со третиот партнер, Владата“, изјави Митревски.
Kakva be 13 plata ...pa ne li gledate sto stanuvavo Grcija so tie bonusi i plati....Sindikatot e nuzno zlo i kako takov treba da se ukine.....Koj ke plati za 13 plata
Од: Nato-Jato
Датум: 29.04.2010 08:11:38
E jak predlog be bravos, pa i cetrnaesta vaka da im predlozite kje prifatat firmite-alternativno! SRAMOTA!!!
Од: tomo
Датум: 29.04.2010 09:35:56
Decko, sega sedna u fotelja i odma entuzijazam, Legni si ke ti pomine za 2 meseci. 13 da bide zagarantirana a 14 po moznost. I rabotna nedela 35 casa.Taka ke ima povekje vraboteni. No, najbitno e da ima zagarantiran minimalec za bransha, za strucna sprema i za struka. Pa taka da nema vekje banki kaj sto ima 200 evra plata i toa na krediten referent, informaticari da imaat na primer zagarantiran minimum, telekom kompanii zagarantiran minimum, i tie so fakultet zagarantiran minimum da ne moze toj so sredno priucen da zima plata kolku toj so sredno.
Од: nekoj
Датум: 29.04.2010 10:15:49
Jas ziveam vo EU i zemam 13 plata, bonusi za performansa, postojan bonus na sekoi 6 meseci, hranarina (ova doaga plus), dodatok za odmor (dovolen da se otide na dobar domor), revizija na plata ednas godisno, mesecen dodatok za slobodni aktivnosti (sportski, kulturni). Pravo na kupuvanje vo odredeni prodavnici roba so popust (preku firma). Ne znam dali nabrojav se. Mozete i vie da go imate toa, na ako odberete da ste solo-player, tesko.