Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Хендикепот не е пречка за живот со полни едра

Врзана е за количка, но 36-годишната Живка Мицова од испустеното село Лаки не очајува над судбината и сама ги врши сите работи

Иван Бојаџиски

ШТИП - Живка Мицова е мила, убава 36-годишна девојка со хендикеп, која живее во Лаки, село во виничка општина, кое последнава деценија стравотно се испустува. Оние што ја познаваат, а такви во Виничко се многу, ја нарекуваат девојката храброст. Иако на 16 години и' откажале двете нозе, таа не се предава пред искушенијата. Храбро го живее животот, отворено говори за проблемите на лицата со хендикеп, не очајува над судбината, вози автомобил, сама ги врши сите работи со помош на својата количка и по цел ден е зафатена со многубројни активности.

Живка стана синоним на отпорот против лошата судбина, која може да го снајде човек кога најмалку се надева. Нејзината борба за живот со полни едра се чита од нејзината ведрина, исполнетиот ден, убавата насмевка. И од настојувањето, таа, а не мајка и' Стојка, да го свари кафето за новинарот, кој ненајавено тропнал на вратата од нејзиниот скромен, но со многу вкус уреден дом во селото сместено во пазувите на планината Плачковица...

„Бев втора година текстилно во Виница кога нозете почнаа да ми откажуваат. Навлегував во тајните на текстилот, а имав желба да станам наставник по математика, која многу ми одеше и многу ја сакам. Но, судбината сакала да биде поинаку. Барав решение за мојот здравствен проблем по нашите болници, бев во бањи на рехабилитација, се лекував во Костозглобна во Охрид. Докторите ми рекоа дека се работи за воспаление на мускулите, ме уверуваа дека еден ден болеста сама ќе се повлече. Од тој наод поминаа години, а јас не сакав да седам и да чекам. Бргу ја надминав кризата и реков дека морам да живеам како и останатиот свет“, раскажува оваа девојка.

Во 2002 година италијанските војници од УНПРОФОР дознале за нејзината состојба и ја посетиле Живка носејќи и' подароци. „За 8 Март ме однесоа во еден ресторан каде што со жени од Виница го славевме празникот. Беше тоа убав настан што ќе го паметам. Тогаш се пронесоа информации дека тие ќе ме носеле во Италија на операција, што не беше точно. Вечно ќе им бидам благодарна на жените од виничкото пензионерско здружение ‘Златна доба‘, кои организираа акција и собраа пари за реновирање на куќата. И неколку фирми од Виница донираа материјал. Љубовта на тие луѓе ми обезбеди убав дом и пристап со количката до него. Немам зборови со кои би им ја искажала својата благодарност“, додава Живка Мицова. Таа укажува дека инвалидизираните лица наидуваат на многу пречки.

„Автошкола за луѓе со телесен инвалидитет има само во Скопје. Такви можности мора да се предвидат барем во пет други поголеми града. Нема сервиси што би ги приспособиле на возилата нашите можности за да управуваме со нив“, потенцира Живка. Проблем за неа, но и за малобројните што останале во селото е што на ТВ може да го следат само Првиот и Собранискиот канал на МТВ и тоа што нема Интернет.

„Сонувам за компјутер, Интернет. Сакам да комуницирам со пријателите, посебно со оние што го напуштија Лаки и заминаа во светот. Сакам да гледам многу повеќе ТВ-програми од сегашниве, зашто кога ќе се стемни, овде замира се'. Владата вети бесплатен Интернет во руралните подрачја, ама ние не сме добиле ништо“, нагласува Мицова.

Таа прима постојана парична помош по основа на инвалидитет и помош за нега на друго лице. Тврди дека тоа и' е доволно, не бара повеќе.

„Што се однесува до слободно време, го немам. Знам работно да го исполнам денот. Мајка ми преку ден оди во колибата, високо во планината, бидејќи таму има многу земјоделски работи. Во тоа време јас средувам дома, готвам, шијам и пишувам по нешто. Се плашам да не останам сама во селото каде што некогаш имавме 800 жители, а сега останаа едвај стотина. Во нашите села нема услови за живеење. Тоа е причина за бегството на младите од родното огниште. За тоа мора да се води сметка, бидејќи држава без добро село не ја бидува“, порачува Живка додека не' испраќа од терасата на својата куќа. А во селото Лаки старите куќи се уриваат сами од себе, а нови не се градат.


#
Статијата е прочитана 796 пати.

Испрати коментар

Од: Jasmina
Датум: 16.12.2010 17:37:10
Bravo devojko, ti posakuvam se' najubavo! Me posramoti i me zamisli. Srecata gi sledi hrabrite, prodolzi hrabro i ponatamu! Ti posakuvam uspeh na site polinja!
Од: Љупчо Толевски
Датум: 16.12.2010 18:22:48
Ме радува тоа што Живка , и покрај бројните тешкотии, има силен дух и желба со голема надеж да продолжи понатаму. И посакувам се најдобро.
Од: AHAM-AVSTRALIA
Датум: 16.12.2010 21:26:35
Ve moleme vo redakciata da ni gi ispratete po e-mail site mozni kontaktni telefoni od mladata Zivka i nie kako humanitarna organizacia od Avstralia i pomogneme na Zivka kolku sto ke mozeme. Vo imeto na AHAM-Avstralia, Janko Georgievski- +61412 472 474
Од: zike
Датум: 16.12.2010 23:39:19
bravo ime ako ti treba maz javi se jas ce te zemam emalot adresa poznat na redakcija.
Од: zulum
Датум: 17.12.2010 00:06:58
Bravo Zivka. Devojka so hendikep a aktivna i poproduktivna od iljadnici sto gi imame vo Makedonija sto se zdravi i pravi a nesposobni, ili kako sto jas gi vikam "slepi creva na opstestvoto", nemaat nikakva funkcija i prasanje e koga ke bidat otstraneti. Samo napred Zivka, jakite lugje kako tebe davaat dopolnitelna motivacija. A do ovie "slepi creva" za koi govoram, napravete napor i obezbedete Internet za ovie lugje vo ruralnite sredini.
Од: mene
Датум: 17.12.2010 04:48:23
Neka te prati sreka. Se divam na tvojata hrabrost i optimizam. Ti posakuvam se najdobro

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (6)
Нема веќе реклами пред избори за џабе
Тиквешански
На азилантите во Чешка им мерат ерекција
„Утрински весник“ ќе ја додели наградата „Роман на година“ по дванаесетти пат
Албанците навалија без визи во Европа
Северина на календар
Судство под пресија
Дивите градби ќе станат легални
Атлетико нема да ја брани титулата во Лига Европа
Нон - стоп лидер
Основачот на „Фејсбук“ личност на 2010 година на „Тајмс
Хашим Тачи главен во трговијата со човечки органи
Сомнителни политички компромиси
Феноменот „Фацизам“
Почина американскиот режисер Блејк Едвардс
Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
Карикатура
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu