Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

На азилантите во Чешка им мерат ерекција

Скандал по сознанието дека со наводен детектор за еротски лаги се открива кој е хомосексуалец

Властите во Чешката Република користат наводен детектор за еротски лаги за да испитаат дали азилантите лажно тврдат дека се хомосексуалци. Но, таа практика беше критикувана откако агенција на ЕУ за човекови права дозна за тоа.

Во Иран, хомосексуалците можат да бидат осудени на смрт со бесење. Од 1979 година, режимот што е под контрола на исламските свештеници веќе егзекутираше речиси 4.000 хомосексуалци, вообичаено откако ќе ги обвинат за силување. Стравувајќи од таква судбина, двајца ирански мажи - Рахим и Карим (тоа не се нивните вистински имиња) побегнаа во Европа пролетта 2008 година. Тие сакаа да побегнат од режимот и од нивната полиција за моралност колку што е можно побрзо. Првиот лет со кој можеа да излезат од Иран беше за Прага. Кога пристигнаа на аеродромот „Рузине“, тие веднаш поднесоа барање за азил. Тврдеа дека иранската полиција ги гонела во нивниот град Захедан и им наредила да се јават на сослушување под обвинение за „неморално однесување“. Тие дури ги носеа со себе поканите од полицијата. Меѓутоа, за чешките органи се чинеше дека поканите не се доволен доказ дека Рахим и Карим навистина се хомосексуалци и дека се во опасност.

Така, Министерството за внатрешни работи на Чешката Република ги испрати Рахим и Карим кај доктор Ондреј Тројан, лекар и сексуален терапевт, кој има ординација во центарот на Прага, за да им биде направен преглед. Откако им постави низа прашања, Тројан заклучи дека единствениот начин да добие цврсти докази е да се направи тест во кој се користи фалометриска направа. Соочени или да им се изврши мерење на нивната ерекција или да бидат депортирани, двајцата Иранци немаа голем избор освен да се согласат.

Рахим и Карим беа подложени на метод што почнал првпат да го развива психијатарот Курт Фројнд во Прага во 50-тите години. Во тоа време, таа техника се користела како дел од обидот да „се излечат“ хомосексуалците од своите тенденции. Дури по неколкугодишно истражување, Фројнд сфатил дека хомосексуалноста не е болест. Делумно како резултат на неговата работа, Чехословачка ја легализираше хомосексуалноста во 1961 година. Сепак, изумот на Фројнд остана - „плетисмограф за пенисот“, наводен детектор на еротски лаги што ги мери промените во прилив на крв во пенисот. Поновите верзии на тие направи дури можат да ги мерат реакциите на женските сексуални органи. На пример, апаратот беше употребен кај жена од Камерун, која, исто така, аплицираше за азил во Прага, бидејќи тврдеше дека била прогонувана во својата матична земја поради сексуалната ориентација.

Рахим и Карим поединечно требаше да седат на софа во собата за преглед на д-р Тројан. Лекарот ги посоветува да стават метална манжетна на своите пениси. Електрода од манжетната преку кабел е поврзана со компјутер, што ја следи и ја анализира експанзијата. (Кај верзијата за жени, наместо манжетна, се користи направа за мерење со големина на тампон). Потоа Тројан им покажа порнографски филмови, некои со голи мажи, а некои со голи жени. Наскоро резултатите беа познати. Доктор Тројан потврди дека двајцата се хомосексуалци и им беше дозволено да останат во Чешката Република. Но, ако природата ги изневереше во погрешен момент, тие можеби ќе беа депортирани.

Минатата недела чешкиот апарат за мерење ерекција стана цел на исмевање во Европа откако Европската агенција за фундаментални права со седиште во Виена дозна за прегледот во Чешката Република и остро ја критикуваше владата во Прага. Во одбрана, чешкото Министерство за внатрешни работи одговори дека побарало прегледи со мерење ерекција во осум-десет случаи, со цел да се спречат азилантите да наведуваат лажни причини во своите апликации. Покрај тоа, официјални лица брзо додадоа дека не побарале никој да биде приклучен на фалометриска направа од почетокот на 2010 година.

Агенцијата на ЕУ прв пат дозна за процедурата кога друг азилант од Иран побегнал во Германија од Чешката Република, бидејќи било побарано да оди на крајно засрамувачки преглед во Прага. Неговото барање за азил, исто така, било негирано во Германија и тој, конечно, д��бил рочиште за депортација во северната држава Шлезвиг-Холштајм. Со оглед на репутацијата на Чешката Република како „безбедна трета страна“, човекот се соочил со изгледи да биде депортиран назад во Прага. Но, кога германските судии дознале за тестот во Чешка, ја поништиле наредбата за депортација, тврдејќи дека човекот би можел да се соочи со „нехуман третман“ во Чешката Република.

Фалометриската направа, исто така, се користи за мерење ерекција во Германија и во САД, на пример, да се обезбеди доказ за педофилска наклонетост. Но, постои и научно и сериозно правно оградување против таа практика. На пример, бидејќи тестот теоретски би можел да открие „скриени желби и внатрешни процеси“, регионален апелационен суд во Келн донесе одлука во 2004 година дека со тоа се крши слободата на волјата. Случајот пред судот се однесува на човек обвинет за силување. Спротивставувајќи се да биде спроведен тестот, тој го довел случајот до највисокиот суд во Германија - Федералниот уставен суд и победил.

Во меѓувреме, д-р Тројан е инволвиран во друг скандал. Поранешна пациентка тврди дека тој понудил да мастурбира пред неа додека таа се' уште била на лекување и има намера да приложи видеоснимки како доказ за случајот. Тројан инсистира дека тој едноставно спроведувал метод познат како „демонстративна терапија“ за која дури и тој тврди дека е „контроверзна“. Иако таа метода не се смета за кривичен прекршок, Чешкото медицинско здружение му изрече казна на Тројан од 20.000 чешки круни (околу 800 евра). (Шпигел)


#
Статијата е прочитана 4438 пати.

Испрати коментар

Од: Зачуден
Датум: 16.12.2010 12:08:40
А како во Чешка ја утврдуваат хомосексуалноста кај жените? Се чини дека глупости се случуваат и по светот, а не само кај нас.

Најди! во Утрински
��асловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (6)
Нема веќе реклами пред избори за џабе
Тиквешански
„Утрински весник“ ќе ја додели наградата „Роман на година“ по дванаесетти пат
Албанците навалија без визи во Европа
Северина на календар
Судство под пресија
Хендикепот не е пречка за живот со полни едра
Дивите градби ќе станат легални
Атлетико нема да ја брани титулата во Лига Европа
Нон - стоп лидер
Основачот на „Фејсбук“ личност на 2010 година на „Тајмс
Хашим Тачи главен во трговијата со човечки органи
Сомнителни политички компромиси
Феноменот „Фацизам“
Почина американскиот режисер Блејк Едвардс
Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
Карикатура
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary