Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Хашим Тачи главен во трговијата со човечки органи

Премиерот на Косово веќе десет години се занимава и со продажба на дрога и оружје

Косовскиот премиер Хашим Тачи е лидер на криминална организација, која веќе десет години се занимава со продажба на дрога, оружје и човечки органи, се наведува во извештајот на Советот на Европа, кој спроведе двегодишна истрага. Тачи е опишан како „шеф“ на мрежа што почнала со криминални дејства во екот на косовската војна во 1999 година, а до денес има многу силно влијание и на власта и на криминалните организации. Извештајот од двегодишната истрага, во кој се цитираат ФБИ и други разузнавачки извори, го доби британскиот „Гардијан“. Во него се наведува дека Тачи во последните десет години „насилно ја контролирал“ трговијата со хероин на Косово.

Извештајот наведува дека врските на Тачи со организираниот криминал се од пред десет години кога приврзаниците на т.н. Дреничка група стана доминантна фракција во рамките на ОВК, а контролата на другите фракции и одметнати организации им овозможуваше да преземат контрола на поголемиот дел од илегалните работи на Косово.

Во извештајот се наведуваат имиња на уште четворица припадници на Дреничката група, кои „убивале, затворале, тепале и испитувале“ лица за кои се сомневале дека соработуваат со непријателите - Срби и Роми, а се додава дека светската јавност одлучила да ги игнорира злосторствата што ги вршеле косовските сили над Србите и другите малцинства во текот, но и по судирите, и дека најмалку пет странски разузнавачки агенции заклучиле дека Тачи и остатокот од Дреничката група биле на чело на организираниот шверц со хероин. Луѓето од блискиот круг на Тачи се обвинети за тајно пренесување луѓе преку границата во Албанија, каде што продавале органи, а уште пред неколку години се утврди дека таму се убивале српски затвореници за да можат да се продаваат нивните органи на црниот пазар.

Обвиненијата дека и ОВК во времето на судирите со српските сили учествувала во убивање Срби и продажба на нивните органи, потекнуваат од книгата на поранешната хашка обвинителка, Карла дел Понте. Како одговор на тие обвиненија, швајцарскиот сенатор Дик Марти го истражуваше случајот со тим од Советот на Европа.

Во извештајот се опишува и начинот на убивање и кражба на органите, што им дава кредибилитет на тврдењата на Дел Понте. Се опишува дека ОВК во своите логори главно држела Срби, и дека Дреничката група имала најголема одговорност за судбината на затворениците. Меѓу затворениците имало помал дел кој бил одведуван во импровизиран затвор недалеку од Тирана, каде што „ладнокрвно се убивале“, а потоа хирурзите соопштиле дека се спремни за вадење на органи. Истите Косовци и странци кои биле вклучени во тие убиства биле вклучени и во случајот што сега е пред судот.

Европскиот обвинител изјави пред Окружниот суд во Приштина дека седум луѓе обвинети за организирана меѓународна мрежа на трговци со човечки органи, ги искористувале мошне сиромашните луѓе од Молдавија, Казахстан, Русија и Турција, ветувајќи им по 15.000 евра за органите. Луѓето кои ги примале органите, меѓу нив Канаѓани, Германци, Израелци и Полјаци, плаќале меѓу 80 и сто илјади евра за органи, но жртвите никогаш не добиле компензација за продажба на сопствените органи“, изјави обвинителот на Европската унија, Џонатан Рател.

Петмина обвинети Косовци, дел од организацијата која наводно се занимавала со продажба на органи, се изјаснија за невини, а судењето е одложено до 6 јануари. Петмина државјани на Косово, меѓу кои и Илир Речај, поранешен висок функционер во Министерството за здравство, се обвинети за пет казнени дела, но никој не е приведен. Уште двајца, турскиот лекар Јусуф Сомнез и израелскиот државјанин Моше Харел, се на списокот на Интерпол за издадена потерница. Сомнез се обвинува и во други земји за учество во продажба на луѓе и вадење на органи. Обвинителството наведува дека лидер на криминалната организација бил косовскиот хирург Љуфти Дервиши. Тој наводно на конференција во Истанбул во 2006 година побарал некој кој знае да вади органи, а шест месеци подоцна го контактирал Сомнез. Дервиши и Сомнез ги изведувале операциите на клиниката „Медикус“ која ја водел синот на Дервиши, Арбан, исто така, обвинет. Харел ги „идентифицирал, регрутирал и транспортирал жртвите“ и осигурувал исплати со банкарски трансфери. Други двајца лекари, Сокол Хајдини и Дритон Јилта, исто така, се обвинети. Уште двајца лекари, израелскиот државјанин Заки Шапира и турскиот државјанин Кенан Демиркол, исто така, се наведени како „необвинети учесници“. (Индекс.хр)


#
Статијата е прочитана 1291 пати.

Испрати коментар

Од: Taci
Датум: 16.12.2010 14:51:10
Abe ja sam bilj u pOdrUm i nshta nesam videlj!
Од: Vrvna hipokrizija
Датум: 16.12.2010 17:12:00
Nevidena hipokriziaja! NATO na celo so SAD izvrsi nelegitimna agresija na suverena zemja i na "tacna" mu go dade Kosovo na grupa na poznati kriminalvci od tipot na Taci Haradinaj i sl. iako se zanaese deka istite trguvaa so ludje, so drogi i so covecki organi. Pa 90% od strestvata na UCK bea od tie izvori.Del Ponte znaese dobro za " zoltatakuca" kade se zrtvuvaa zarobenici i macenici i im se odzemaa organite, Kusner so godini za debeli pplati bese na celo na protektoratot i intimizirase tokmu so ovie licnosti, posebno so Taci. Ahtisari so parite od droga prodazba na ludje i organi bese podmiten ( 40 miliona evra) za da napise izvastaj po zelba na ovaa zlicinacka banda. I se se zbnaese i se molcese. I sega mu tekna na licemerite od Zapad da otkrijat ona sto i vrapcinata go znaea. pa ako e taka , togas treba da odgovara i Kusner bidejci toj bese na celo na protektoratot i jako blizok so ovie strukturi.Mozebi i toj zemal provizija?
Од: caki
Датум: 16.12.2010 20:17:23
a ""Balkankan" neli beshe pred Karla del Ponte?
Од: goran
Датум: 17.12.2010 01:38:14
Dvegodisna istraga na FBI? Vo isto vreme SAD znaci gi imale ovie informacii koga ja podrzuvaa nezavisnosta na najgolemoto geto vo svetot, Kosovo. Ova e veke sramota. Ajde be politicari od Balkanot, lupnete im nesto vo lice na Amerikancite od ovie raboti, koga veke ve pravat idioti vo lice. Komuinistite po koi plukate barem imaa hrabrost da kazat sto mislat. Se dodeka im se ligavite na SAD i na EU se pomalku respekt ke imaat za vas.

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (6)
Нема веќе реклами пред избори за џабе
Тиквешански
На азилантите во Чешка им мерат ерекција
„Утрински весник“ ќе ја додели наградата „Роман на година“ по дванаесетти пат
Албанците навалија без визи во Европа
Северина на календар
Судство под пресија
Хендикепот не е пречка за живот со полни едра
Дивите градби ќе станат легални
Атлетико нема да ја брани титулата во Лига Европа
Нон - стоп лидер
Основачот на „Фејсбук“ личност на 2010 година на „Тајмс
Сомнителни политички компромиси
Феноменот „Фацизам“
Почина американскиот режисер Блејк Едвардс
Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
Карикатура
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu