Асанж пуштен со кауција од 240.000 фунти
(17.12.2010г.-10:02ч.) Основачот на интернет-страницата Викиликс, Џулијан Асанж, вчеравечер е ослободен со кауција од 240.000 фунти. Асанж по девет дена поминати во лондонски затвор не одговори на новинарските прашања за идните планови. Тој наведе дека ќе продолжи да се бори за да ја докаже својата невиност по обвиненијата од Шведска за силување и за сексуално насилство на две жени. (МИА)
|