Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Белорусија нуди признавање на Јужна Осетија заради гас

МОСКВА - Белорусија би можела да и' каже на Русија дека ќе ги признае бунтовничките грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија како независни држави во замена за умерени цени за руски гас во 2009 година, објави вчера еден руски весник.

Бизнис-весникот „Комерсант“ објави пред разговорите меѓу претседателите на Русија и на Белорусија дека Минск би можел да понуди да и' продаде на Русија акции во државната компанија за транзит на гас „Белтрансгас“ за да обезбеди постигнување договор околу цената на гасот и да добие заем во рубли од Москва, како помош за Белорусија во надминувањето на глобалната финансиска криза.

Русија навлече меѓународна осуда на себе кога ги призна сепаратистичките грузиски региони како независни држави, по кратката војна со Грузија во август годинава, која почна по обидот на Тбилиси со употреба на сила повторно да ја преземе контролата врз Јужна Осетија.

Лукашенко веднаш не ја призна независноста на регионот, наведувајќи дека парламентот ќе го разгледа тоа прашање. Парламентот не презеде никаква акција. „Претседателот на Белорусија навистина има нешто да му понуди на својот руски колега и од политички и од економски аспект“, беше цитирана изјавата од страна на „Комерсант“ на анонимен извор пред разговорите планирани за вчера меѓу рускиот претседател Дмитриј Медведев и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 392 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 23.12.2008 01:01:16
i makedonija treba da gi priznae...i taka se i sesto priznava pa steta da se propusti vakva sansa

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Неамериканските сили во Ирак да останат и во 2009 година
Русите не му продаваат „С-300“ на Иран
Белгија остана без влада по трет пат годинава
Мандатот на рускиот претседател продолжен на шест години
Индиски селани претепале 50 жени поради магија
Виктор Јушченко ја нападна убавата Јулија Тимошенко