Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Мандатот на рускиот претседател продолжен на шест години

Путин можеби ќе се врати на претседателската функција

МОСКВА - Нацрт-законот за продолжување на претседателскиот мандат од четири на шест години е поддржан од Горниот дом на парламентот на Русија, откако го прифатија регионалните собранија. Сите присутни сенатори на Советот на Федерацијата ја поддржаа одлуката на собранијата за продолжување на мандатот, што претставува последен чекор во процесот на законодавно одобрување. Минатиот месец, и Долниот дом и Горниот дом го одобрија Нацрт-законот. Брзото напредување на Нацрт-законот се гледа како знак дека Владимир Путин можеби наскоро ќе се врати на претседателската функција. За промените беше потребна поддршка од најмалку две третини од регионалните законодавства во земјата и тие беа едногласно одобрени, јавуваат руските новински агенции.

Амандманот ќе стане закон откако ќе го потпише претседателот Дмитриј Медведев, но ќе стапи во сила по следните претседателски избори. Путин стана премиер годинава, откако беше обврзан со Уставот да се повлече по два едноподруги претседателски мандати. На претседателската позиција го наследи Медведев.

Аналитичарите истакнуваат дека секогаш се претпоставувало оти Путин може да се врати откако ќе заврши еден мандат на Медведев. Но, очигледното брзање да помине овој уставен амандман некои го гледаат како знак дека Путин брза и може да се врати многу поскоро. Потоа, потенцијално би можел да работи уште два шестгодишни мандата.

Нацрт-законот, исто така, го продолжува мандатот на Долниот дом, државната Дума, од четири на пет години. Владата истакнува дека уставните промени се потребни, бидејќи сегашниот четиригодишен мандат е премногу краток за да се имплементираат сериозни реформи во толку голема и комплексна земја. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 279 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Неамериканските сили во Ирак да останат и во 2009 година
Русите не му продаваат „С-300“ на Иран
Белгија остана без влада по трет пат годинава
Индиски селани претепале 50 жени поради магија
Виктор Јушченко ја нападна убавата Јулија Тимошенко
Белорусија нуди признавање на Јужна Осетија заради гас