Неамериканските сили во Ирак да останат и во 2009 година
БАГДАД - Ирачкиот парламент треба да се изјасни за резолуцијата со која би им се овозможило на неамериканските сили да останат во земјата до крајот на јули 2009 година. Во саботата парламентарците не го поддржаа Законот со кој би им се дала правна основа на шесте илјади неамерикански војници да останат во земјата откако на 31 декември истекува мандатот на ОН. Беше постигнат компромис да се гласа за резолуција, во која ќе се бара обезбедување просто мнозинство од парламентарците за таа да биде изгласана. САД постигнаа одделна безбедносна спогодба за останување на нивните војници во Ирак до 2011 година.
Велика Британија веќе се изјасни дека планира да ги повлече сите освен 400 од 4.100 војници стационирани во Ирак до крајот на јули. Австралија, Естонија, Романија и Ел Салвадор, исто така имаат испратено мали контингенти во Ирак. Војниците на Јужна Кореја во петокот ја завршија мисијата во Ирак, приклучувајќи им се на нивните јапонски колеги кои се повлекоа од земјата еден ден претходно. (Би-Би-Си) |