Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија
Сакаат враќање на германската марка

Берлин - Речиси девет години по воведувањето на еврото, единствената валута на 16 членки на Европската унија, околу 49 отсто од населението на Германија сака враќање на некогашната национална парична единица, германската марка, покажува истражувањето на аналитичкиот центар „ЈуоГов институт“ во Келн.

Според резултатите од тоа истражување, спроведено по нарачка на весникот „Билд“, враќање на германската марка бараат 49 отсто од испитаниците, при што 51 процент од Германците не се задоволни со еврото како валута, а 77 отсто сметаат дека воведувањето на еврото ја намалило нивната благосостојба.

Само 17 отсто од испитаниците изјавиле дека имале корист од воведувањето на еврото.

Во светло на неодамнешната финансиско-економска криза и радикални мерки за спасување на еврото, 67 проценти од испитаниците изразиле сомневање во стабилноста на валутата, а 57 отсто од Германците стравуваат од појава на инфлација. (МИА)

#
Статијата е прочитана 895 пати.

Испрати коментар

Од: kaktus
Датум: 28.12.2010 13:24:30
Се гледа крајот и епилогот на авантурата наречена евро, вештачки и незграпно започната од меѓународната олигархија и САД. За да опстои една супранационална валута не е доволно само заедничка Централна банка, туку и заедничко министерство за финансии, какво што Европа го нема, а ниту пак може да го има. Како и да е фијаското од еврото нема да го платат земјите од евроунијата, туку периферијата која поради глупост ги врзала своитр национални валути со еврото. (како што сме ние)
Од: девичанецот
Датум: 28.12.2010 20:04:39
Не е само голо фијаско на Еврото...Фијаското на СФРЈ ќе биде целосно повторено... Имаше еден израелски советник во Хрватската Влада околу евроинтеграциите..после два месеци тој отворено им рече: Ако во 6+2 члената СФРЈ не Ви чинело, тогаш во 28 члената Унија уште пет пати повеќе нема да Ви чини. И си замина во Израел.
Од: Doktorot od Detroit
Датум: 28.12.2010 23:46:31
Koga jas zboruvam da se vrze Makedonija so Dolarot (Denarot da go sledi Dolarot) nikoj ne slusa!

Најди! во Утрински
Економија
За пакетче се дава и последниот денар
Тендерот за „Чебрен“ и за „Галиште“ уште само сон
Фирмите со поповолни оцени во ноември
Нема продолжување на рокот за дворовите
Над половина милион луѓе работат на црно
Гасификацијата добро се движи
Збогум на либерте книшките
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks