Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Тендерот за „Чебрен“ и за „Галиште“ уште само сон

Новогодишната желба на Пешевски нема да се исполни, во Економија се' уште се дотерува новиот текст

Маја Томиќ

Нема да му се оствари новогодишната желба на вицепремиерот Владимир Пешевски оваа недела да се распише новиот повик за претквалификација за двете хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“. Тој пред една недела изјави дека посакува пред крајот на 2010 година, односно во текот на неделава, да се објави новиот тендер за овие ХЕЦ и посака негова успешна реализација. Тоа било можно, според Пешевски, затоа што досега се потрошиле многу време и енергија, а она што е сработено во Министерството за економија било со висок квалитет.

Сепак, иако квалитетно, работата околу изменетите тендерски правила

се' уште не е целосно завршена во Министерството за економија. „Уште траат извесни подготовки и тендерот ќе остане за наредната година. Не можеме точно да прецизираме кога ќе се објави новиот повик“, информираа од ова Министерство, изразувајќи верување дека тоа би требало да се случи по првата половина на јануари.

Дека „Чебрен“ и „Галиште“ ќе одат повторно на тендер беше соопштено од Економија пред повеќе од еден месец откако пропадна вториот меѓународен тендер во последните четири години, а шести досега. Според неофицијални сознанија, причината за тоа е што во претходно дадените тендерски услови инвеститорите не гледале гаранција дека проектот им нуди економска исплатливост и барале подобри техничко-технолошки решенија.

Иако беше очекувано, очигледно не помогнаа многу странските консултанти кои лани ги ангажира Владата за да направат измени што ќе гарантираат успешен тендер. За потсетување, Владата беше голем оптимист дека годинава сигурно ќе се најде инвеститор за оваа енергетска инвестиција, многу значајна за земјава. Во таа смисла, во почетокот на 2010 година од државната каса на меѓународната финансиска корпорација ИФЦ и' се платија 100 илјади евра за изработка на нов тендер. И покрај тоа, на последниот рок за доставување понуди, ноември, ниту една понуда не пристигна на адресата на Министерството за економија.

Сепак, Владата го задржа ИФЦ како советник за подготовка и на последниве измени во тендерскиот текст, кои според Економија нема да бидат значителни во однос на претходните. Останува да се види дали овој пат, конечно, ќе имаме успешен тендер.

На изминатите два претквалификациски повика за „Чебрен“ и за „Галиште“ во игра беа три странски компани, италијанската „Енел“, германската РВЕ и австриски „Вербунд“. Од РВЕ пред околу еден и пол месец излегоа со соопштение дека се откажуваат од овој тендер и дека поради кризата, компанијата на краток рок ги стопира капиталните инвестиции.

Инаку, двете централи треба да се градат на Црна Река, а нивната моќност да биде 600 мегавати. Проектот е проценет на повеќе од 600 милиони евра, а ако еден ден се реализира, тоа ќе биде највредната странска инвестиција во земјата.


#
Статијата е прочитана 581 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
За пакетче се дава и последниот денар
Фирмите со поповолни оцени во ноември
Нема продолжување на рокот за дворовите
Над половина милион луѓе работат на црно
Гасификацијата добро се движи
Сакаат враќање на германската марка
Збогум на либерте книшките
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks