|
|
Збогум на либерте книшките
Кубанското раководство, конечно, најави укинување на либерте книшките за рационално снабдување на граѓаните.
Компирот доби статус на слободен производ и може да се најде во слободна продажба, исто како што претходно беше сторено со цигарите. Цената е пет пати повисока од вообичаената, но затоа нема ограничување на количините и чекање во ред.
Тоа постепено и се' уште симболично укинување на либерте, кое во Куба е воведено пред 47 години, се сфаќа како добар знак на островот дека, сепак, нешто оди на подобро. Сепак, има многу Кубанци на кои промените ќе им паднат тешко, бидејќи нивната просечна плата е околу 20 долари и нема да можат да ги издржат новите цени, кои за разлика од оние со либерте не се субвенционирани.
Во Куба од вкупно 11,2 милиона жители вработени се околу пет милиони, а од нив речиси четири милиони се ангажирани во државниот сектор. (Ек.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1175 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Стефан |
Датум: 28.12.2010 13:37:37 |
|
Имало и полоши од нас. :S :) |
|
|
|
|
|
|
|
|