|
|
|
|
|
|
Гасификацијата добро се движи
„Министерството за транспорт и врски изработи физибилити студија за проектот за гасификација, која е доставена до Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои треба да го финансираат проектот“, информира вчера вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Тој нагласи дека дека проектот за гасификација на Македонија се одвива според предвидената динамика.
„Претходно немавме никакви документи и проекти, како ни физибилити студија. Сега студијата е изработена и е доставена до банките што треба да го финансираат проектот, како и до Руската Федерација, како партнер во делот на затворање на клириншкиот долг“, изјави Ставрески. Тој посочи дека делницата за Струмица ќе биде приоритетна и оти за неа ќе се направи конкретен проект и ќе се предложи меѓу првите за финансирање од ЕИБ и од ЕБОР. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 695 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Dilan |
Датум: 28.12.2010 13:49:49 |
|
Super samo koga gasifikacija????Veke ostarev slusajki za aerodrom,zeleznica sega gasifikacija na Strumica uste samo stanica za istrazuvanje na kosmosot so kosmodrom ni fali i se e na red!!Samo prvin kockata kon Radovis da ja smenime se ke bide potoa polesno:-))))))))) |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 28.12.2010 21:11:33 |
|
Кум Ставре,а отвори уста и нешто каже,знајте дека ве лаже.Еден колега од Струмица ми кажува дека ако владата од љубомора не го кочела проектот за гасификација тие веке во Струмица ке имале гас уште пред две три години.Сега решиле стопанствениците сами да градат гасовод па сега тој ги лаже.Само и само да се завртат против нивниот градоначалник Заев,кој се што ветувал извршувал.На последните избори од нивната изборна единица изгубил Ставре баш од Заев. |
|
|
|
|
|
|
|
|