Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Фирмите со поповолни оцени во ноември

Раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија ја оценуваат ноемвриската економска состојба како поповолна во однос на ноември минатата година.

Според податоците од Државниот завод за статистика, оцената за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во ноември 2010 година бележи мал пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се малку понеповолни. Во ноември 2010 година резервите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки, се под и околу нормалата. Резервите на готови производи во ноември 2010 година се зголемени во споредба со претходниот месец.

Според оцената на раководителите, во наредниот период просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2010 година изнесува 61,3 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството во ноември 2010 година имаат недоволната странска побарувачка со 20,5 отсто, недоволната домашна побарувачка со 17,1 отсто, финансиските проблеми со 10,7 отсто и неизвесното економско опкружување со 10,4 отсто. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 340 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
За пакетче се дава и последниот денар
Тендерот за „Чебрен“ и за „Галиште“ уште само сон
Нема продолжување на рокот за дворовите
Над половина милион луѓе работат на црно
Гасификацијата добро се движи
Сакаат враќање на германската марка
Збогум на либерте книшките
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks