16.10.2011, 17:03 Гуштеров отвори војна против градоначалникот на Штип
Што си кажаа на телефон градоначалникот и бизнисменот
Иван Бојаџиски
Штип - Речиси тотално замрената политичка сцена во Штип деновиве ја растресе бизнисменот Ристо Гуштеров кој, гостувајќи на една локална телевизија во Штип, го нападна градоначалникот Зоран Алексов. Гуштеров, кој во емисијата на водителот Т��ни Михаилов беше поканет да говори за сите аспекти околу изградбата на фабриката на Џонсон контролс, неочекувано се нафрли врз штипскиот градоначалник..
„Градоначалникот Алексов не треба да се занимава со лаги туку да си го крене задникот и да оди по фирмите, да разговара со бизнисмените, да види како да и помогне на економијата, односно да работи за доброто на Штип“, рече Гуштеров.
Гуштеров предметот на својата голема лутина кон градоначалникот Алексов го најде во едно соопштение кое пред јунските избори беше пуштено преку локалните медиуми а каде како адресант стоеше изборниот штаб на ВМРО - ДПМНЕ. Во соопштението Ристо Гуштеров беше обвинет дека лаже во однос на најавената голема инвестиција со Џонсон контролс, односно дека во Штип нема да има фабрика на оваа американска компанија.
Дваесетина дена по настапот на Гуштеров на истата телевизија гостуваше градоначалникот Алексов. Тој појасни дека неговиот критичар ја погрешил адресата на која ја упатува својата лутина. „Јас немам ништо со тоа соопштение бидејќи на предвремените парламентарни избори не бев член на регионалниот изборен штаб како на изборите во 2008 година. Но, очигледно е дека на господинот Гуштеров некој му дал погрешни информации во врска со тоа соопштение. Надвор од секаква логика е јас како градоначалник да бидам против една така голема и значајна инвестиција и секогаш јавно истата сум ја подржувал и ја подржувам“, е краткото појаснување на Алексов во однос на судирот кој го наметна Гуштеров.
Штипскиот градоначалник вели дека телефонски се слушнал со Гуштеров и дека се договориле да се видат и да ги расчистат сите нејаснотии во врска со оваа пикантна политичка манџа од која дваесеттина денови се насладуваат штипјани вечно гладни за политички пикантерии.
На локалната политичка сцена вмровското членство со нетрпение го очекува својот нов локален лидер. Изминаа два месеци од затворањето на огласот за претседател на ОК на ВМРО- ДПМНЕ. На интервју пред комисијата формирана од Извршниот комитет, беа сите 27 кандидати. Трајче Димков, актуелен општински лидер на оваа партија, кој оваа позиција мора да ја напушти бидејќи е избран за пратеник, ни изјави дека наскоро ќе се знае името на неговиот наследник.
„За нас од првостепено значење е фактот дека имаме најдемократски избори во кои секој наш член кој смета дека со успех ќе може да ја извршува оваа функција доби можност да се пријави на огласот. По извршените интервјуа очекуваме на чело на Општинскиот комитет да добиеме личност која ќе го продолжи континуитетот на успешната политика која нашата партија ја води на општинско и на државно ниво“, ни изјави Димков.
Штипските социјалдемократи пак целата своја енергија ја насочуваат кон локалните избори во 2013 година. „Ние сега сме преокупирани со внатрепартиски активности. Наши пратеници на чело со Емилијан Станковиќ, и од општинското раководство на партијата, сме постојано меѓу луѓето. Наша примарна цел е да ги добиеме локалните избори на што силно сме посветени“, кратко ни изјави Новит Здравев, претседател на општинската организација на СДСМ. |
|
Статијата е прочитана 9150 пати.
|
Испрати коментар
|
|
imeroski, 17.10.2011 09:06:39 | Pocituvani urednici,
tekstovite vo elektronskoto izdanie vi nemaat MARGINA od leva strana |
| Mafijas, 17.10.2011 10:46:03 | Kakov nov lokalen lider kakvi gluposti, daj izlezete od filmovite. Partijata vmro e organizirana po mafijaski princip i funkcionira blagodarenie najmnogu na zakanite, ucenite, kontrolata i i ovlastuvanjeto i drugi protiv zakonski aktivnosti. |
| dedo mitre, 17.10.2011 14:30:10 | A sto se cudi gradonacalnikot Aleksov.Toj od koja parija doaga.Koga go plukase Gusterov i go ismejuvase za vreme na izborite za najavata za otvaranje na takva fabrika vo Stip.Togas zboruvaa deka toa bilo uste edna golema laga na Risto Gusterov kako milijardata na Tupurkovski.I sto sega?Toj ne znael,toj ne izjavil kako da e od druga planeta.Bidi maz i priznaj, ama vmrovcite ne se mazi tie se patrioti. |
| MPO politika i DPMNE nedovetnost!, 17.10.2011 23:14:51 | Dedo Mitre e vo pravo. Namesto da mu se izvini na Gusterov za namestenite izbori, namesto da se izvini za dadenite izjavi i navredi perd izborite - toj kaok po obicaj vo DOMNE se do najvisokoto rakovodstvo SE PRAVI NEDOVETEN. Ne mora da se pravis nedoveten gospodoin gradonacalnik, NIE ZNAEME DEKA poveketo od DPMNE se NEDOVETNI ama MPO gi upatuva na vistinskite cekori za mestenje izbori i vladeenje vo interes na drugite od sosedstvoto. |
| Istocna Makedonija, 18.10.2011 11:23:29 | Ne e cudno reteriranjeto na stipskiot gradona
calnik,inaku vo vladeackata partija dojden ka- ko kadar od politicki nejzin oponent.Stip e zam
ren,graganite plakaat najskapa voda,ulici ni-
ikakvi,nema realizirani proekti,a,,tenderoti
za tezgice na pazarot odi vo cetiri oci,se znae so kogo!E Riste,Riste,so tvoeto biznismensko pedigre,civi i portfolio,dovolni se Djonson kontrols,donatorstvoto vo crkvata vo Rado-
vis,spomenicite...so kogo se konfrontiras!Ti si za cudenje,izvini na persiranjeto!27 kandidati aplicirale za lokalen lider na VMRO-DPMNE vo Stip! E,sekoj saka ,,da go tovari magareto
koga partijata e na vlast.Komparativno,2003
godina,koga ovaa partija bese vo opozicija
konkuriule,edvaj,3-4 kandidati!Abre,Makedon
ce! |
|
|
|
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C
|
Среда
Сончево
Макс: 20°C, Мин: 4°C
|
|
|
|
|
|