Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Политика
17.10.2011, 18:29

Груевски испука торпедо кон Брисел

„На Грција и' играат ’пиперевка’, а нам ни покажуваат колку се моќни“, вели премиерот во интервју за МИА

Светлана Унковска


Премиерот Никола Груевски, во интервју за државната агенција МИА, повторно жестоко ја нападна м��ѓународната зедница дека и' врши притисок на Македонија за решавање на спорот со името и за тоа, како што вели, користела смислена тактика преку забелешките дека недоволно ги спроведуваме реформите и дека со пренагласување на слабостите имале за цел да не' доведат во непријатна ситуација. Според Груевски, меѓународната заедница со вакви критики сакала да не' девалвира пред јавноста, бидејќи не можеле да влијаат врз Грција, пред која, како што вели тој, „играле пиперевка“.

Со ваков тон и со сличен вокабулар Груевски настапи и при објавувањето на Извештајот за напредокот на земјава од Европската комисија минатата недела, и тоа пред директорката за проширување на ЕК, Александра Кас Грање, со која одржаа заедничка прес-конференција.

„Тие веруваат дека ако јас и Владата прифатиме некоја од грчките варијанти за решение за името, тогаш се решава проблемот, поточно дека нашата поддршка ќе значи успешен референдум. Тоа е голема грешка и како резултат на тоа грешно верување нивната тактика е да вршат притисок врз Владата и врз мене како премиер, во правец дека недоволно правиме за реформите. Оваа тактика ни беше најавувана индиректно, а некогаш и директно и не е важно кој ја смислил, дали поединци во Брисел или подалеку, сепак, резултатите ги гледаме, таа се спроведува“, вели Груевски.

Според него, Брисел спроведувал сосема погрешна тактика, која предизвикувала обратен ефект и која ги оддалечува двете земји од решението.

„Со оглед дека таа веќе се спроведува, немам избор освен да се справувам со неа. Ова прашање не се решава со сила, особено не на ваков начин, кога целиот притисок се става на едната страна, а врз другиот речиси и да нема притисок. Нашиот народ вели ’не можат по атот, па по самарот’“, вели Груевски. И покрај ваквите ставови, тој реторички повторува дека и натаму останува на истите приоритети за членство во НАТО и ЕУ и дека е тоа наш стратешки интерес.

Само неколку дена откако го прими последниот Извештај на ЕК, Груевски самиот најавува дека в година е можно и повлекување на препораката. Според него, Брисел намерно посилно ја критикувал земјава се' со цел да се најави дека следната година ќе останеме и без препораката бидејќи Комисијата била доведена во непријатна ситуација, затоа што три години стоиме во место.

„Тие бараат излез, а еден од излезите е да не' прогласат за неспособни и да ја повлечат препораката и да си ја подобрат сопствената комоција. За такво нешто потребно им е годинава, како позитивна, сепак, да ни ја намалат оценката, за да подготват терен за следната година“, смета Груевски, кој додава дека дополнителен проблем им било тоа што сега ЕУ форсирала други земји со кои требале да почнат преговори и дека за нас им било потребно оправдување зошто се' уште не сме дел од Унијата.

Тој го оцени комесарот Штефан Фуле како искусен дипломат кој не зборувал директно, но дека тој, пак, научил да ги чита пораките искажани со јазикот на дипломатијата. Груевски, вели дека меѓународната заедница, всушност, покажувала мускули и не' казнувала како послаба страна за разлика од Грција.

„На Грција и' играат ’пиперевка’, заради Грција низ Европа паѓаат влади, а нормално кога не можат на Грција нам ни покажуваат колку се моќни. Тоа е“, одговара Груевски.

Забелешките од меѓународната заедница, премиерот ги гледа уште и како одење на рака на опозицијата, која ја нарече екипа со старо водство, безидејност и пристап дека друг ќе им ја одработи победата. Без критика, секако, не поминаа и невладините организации, граѓанскиот сектор и медиумите. На новинарско прашање или повеќе констатацијата дека треба да се очекува ваков вид пренагласено истакнување на слабостите од повеќе страни, Груевски вели дека нив ги има од многу страни.

„Разни меѓународни НВО, здруженија, институции, политичари, експерти... ќе добијат поддршка и од некои медиуми, веројатно. Целта е јасна, притисок за решение на спорот по секоја цена“, вели Груевски, кој го цитира и Балашевиќ, дека се' било во стилот „принципот е ист, се' останато се нијанси“. (Св.У.)

За што Груевски ги обвини Филе и ЕУ

п Вршење притисок врз македонската Влада

п Вршење притисок врз Груевски како премиер

п Намерно девалвирање на Груевски

п Закани дека ќе вршат негово компромитирање

п Обвини и дека само македонската страна е под притисок, а не и грчката

п Барање решение за името по секоја цена

п Манипулации со соопштенијата кои ги издава по средбите со државниот врв

п Нанесување неправди на Македон��ја во последните 20 години

п Дека за меѓународната заедница Македонија е несакано дете

п Намерно потценување на достигнувањата на Македонија во последната година

п Режирање ситуација за одземање на препораката идната година

п Фаворизирање на Грција за миленик на Европа, а потценување на Македонија

п Намерно посочување на Македонија како неспособна со цел Брисел да си најде алиби за неуспехот со името и да си ја чува сопствената комоција

п Фаворизирање на Хрватска, Србија и Црна Гора, а намерно отфрлање на Македонија со изговор дека има застој во реформите и не е решено името


Статијата е прочитана 9100 пати.

Испрати коментар



Почна изградбата на „Џонсон контролс“ во Штип
Патот кон ЕУ е тежок
Шеик во Скопје
Опозицијата бара Анкетна комисија за пописот
Заев го кани Бучковски на дебата во СДСМ
Хелсиншки



зачуден, 18.10.2011 00:50:15
пиперевка, ајвар, жмурки на топка, ластик.....абе овој ако не знае има ли некој да му каже каков речник да употребува. Мислам, во најмала рака ги навредува моите интелектуални вредности, па ја не сакам некој вака да си игра со мене, мислам со мојата држава. Вака по дома, на баба Нада и на Боркица нека и вика, можеби тие му играат пиперевка а можеби и тој на нив. Помагај господе
Realist, 18.10.2011 01:07:40
Gosp.Gruevski te podrzuvame 100% vo tvoite izjavi za korumpiranata Evropa,pak eden sovet,Makedonskata vlada da se preorientira na pogolema sorabotka so Turcija, Kina i Azija,i Ruskata federacija,batali Evropska unija,kako sto pred nekoj den napisa eden od Avstralia,ako Avstralia ja ima Kina i Japonija za glavni trgovski partneri zosto Makedonija ne go sledi toj pat.Ako nie se preorientirame Evropa sama ke ne bara,(jas sum bogat zar da go delam bogatstvoto so nekoj koj cel zivot sedi i uziva za rabota nema gajle i ja cica Drzavata neka mi odgovori nekoj )toa e vistinata.
ladenjeto pocnuva, 18.10.2011 02:18:44
Aaaajjjjj sramota, vakov demokrat da go citira Balasevic. Vo pola pesni na Balasevic moze da se pronajde samiot I negovoto vladeenje. Pozdrav do nasiot cenet lider so stihovi od Krivi sme nie, neka se pranajde ako e fraer. Patuvaj Evropo, nemoj poveke da cekas na nas.Ne prasuvaj mnogu, I ti ke dojdes na los glas. Patuvaj Planeto, super se druzevme.Nas ni e ubavo, bas kako sto zasluzuvame. Grobarot na idninata na ovaa drzava I idnite pokolenija N.G.
Prase, 18.10.2011 02:27:42
Iskreno, ne go sakam Gruevski, no site ovie obvinuvanja se na mesto. Samo me interesira, dali ima Mekedonec koj ne go znae ova? Ako ima, togash mora da e bajagi limitiran u glavata! U nekoja raka go opravduvam vakvoto odnesuvanje na Gruevski, bidejki dosega vo istorijata se pokaza deka koga se pravevme fini so vodechkite zemji vo svetot, arno ne vidovme od niv, tuku naprotiv sekogash ni go napikuvale odzadi. Ajde ovoj pat da probame poinaku.
Dame, 18.10.2011 02:51:14
Pa sto misli Gruevski deka ke ja laze Evropa?se se prati i se se znae sto se raboti vo sekoj grad vo MKD.Ima mnogu diskriminatorski raboti koi ne se koregirat,se uste se vodi komunisticka politika so degradacija i opstrukcija na licnosti. Mladata krv na VMRO-DPMNE napravi rastur vo demokratijata.Seto toa Evropa go znae-sto sakate togas-da ve primat,da pregovarat -koga ne gi ispolnuvate demokratskite normi nema so vas da komentirat.Iljada pati vi kazaa.
Stojan, 18.10.2011 04:12:34
Bravo Premiere. Treba jasno i glasno da se kaze vistinata. Bi te zamolil na slednide razgovori so prestavnicite na Evropa da razgovaras samo za reformite nikako ni 1%za imeto , zosto toa e nadleznist na ON,
Od Canada, 18.10.2011 04:21:06
Mnogu tocno kazano, prasanje dali ova ni odi vo prilog. Odgovor: Nisto ne ni odi vo prilog, prifakanje i smenuvanje na imeto i identitetot ili diplomatski napad, retorika. I vo dvata slucaja Evropa ne saka Makedonija da postoji, ne moze nikoj da me ubedi vo sprotivnoto.
Racio, 18.10.2011 05:19:00
Odi doma kaj majka ti placi. Vistinata boli, znam.
EU observer, 18.10.2011 07:20:59
No Comment.
Makedonec, 18.10.2011 07:37:15
GOTOVO, VLEZEN E VO FILMOT NA MILOSEVIC-TESKO NAM..
mkd, 18.10.2011 08:10:44
Pa 3 godini zbor ne kazavme i NEMASE efekt. Mozebi ovoj pristap ke bide poefektiven. Seedno covekov ja kazuva vistinata no vistinata vo Brisel se kazuva so lobiranje pod masa,pa ne e loso i Makedonija da odvoi 10tina milioni evra za potpupuvanje na nepotkupliviteevropski politicari i realno taka ke imame poveke komocija.Ako mozevme 10 za popisot da odat vo veter mozeme i po 10 za vo Brisel i SAd. Da ne go sakaat Kosovo ili X druga zemja premnogu???? Ubavo plakaat pod masa. I nie treba malku da ucime od niv.
ivan, 18.10.2011 08:22:13
Istorijata se povtoruva. Pred 10 godini eden drug premier od redovite na VMRO se obide da ja napadne Medjunarodnata zaednica za nepravda kon Makedonija i zneme kako zavrsi. A koj znae mozebi i ovoj posakuva takvo nesto. I normalno e koga vo nekoja rabota nema pomestuvanje na napred i koga i smiot ne veruva vo progres normalno e da se trgnes nastrana.A Evropa normalno deka ke pritiska sega koga site stasaa pred vratite na Evropa (Srbija,Crna Gora)zar nie ke ostaneme crna dupka na Balkanov.A toa okolu patriotizmot na ovie okolu vladata brgu ke splasne koga ke im se zaprat parite isto kako i pred 10 godini.
Александар М., 18.10.2011 08:44:42
А, колкава е твојата интелигенција, господине зачуден?
Влатко, 18.10.2011 08:48:11
А бре луѓе што се заислуваме ние. Па ак е така како што вика премиерот ајде да си тераме ние некоја наша алијанса, Македонци и само Македонци. Не ни треба никој. Ние сме си најпаментни, и читаме меѓу редови како што нас ни одговара, да му врземе уште по некој шамар на европејците. Па дајте да се свестиме малку дека не потекнува се од нас, дека многу многу на европа и не им е гајле што ќе се случи со нас, зошто 70% од европејците и не знаат што е тоа Македонија.
евроскептик, 18.10.2011 08:55:59
Гледајте ја Грција и споредете ја со Бугарија, Македонија, Албанија, Србија има слично стопанство плус туризам, а десетпати поголеми плати и покрај намалувањата, па зарем нивната економија е реална, не сеуште, сеуште јадат на вересија на Германско-Француска сметка. Конечно политичар да му се спротивстави на Бриселското-Гркоманство, па зошто Македонија или некоја друга земја да ги плаќа грчките долгови, дали некој нам ни дал бесплатен ручек? ЕУ ќе се распадне како Чехословакија по мирен пат, а не со војна како Југославија, а и двете федерации се распаднаа кога веќе немаше економски интерес една република која е побогата да дели бесплатен ручек на сиромашните републики.
b, 18.10.2011 09:02:06
Не, не! Милошевиќ, сепак, имаше далеку поголем такт. А и помалку непријатели. На овој, нашиов, сите му се непријатели кои немислат како него и дома и надвор. Тешко нам!
Istocna Makedonija, 18.10.2011 09:06:20
Vo nekoi raboti kako,zadrzuvanje na avtenticniot nas,makedonski identitet,jazik,kuktura,ime,drzav niot vrv e pod imperativ da bide kategoricen i da ne potklekne na zakani i uceni.No,medaljata ima i druga strana,stupidnost i anksioznost.Narodnite izreki,mudrosti i poraki na golemite klasici imaat dlabok amanet!Kako na primer:Ne go luti onoj koj go molis,So glava sid ne se turka,Ne ja krsi glavata od sidot,cekaj toj da padne,koga to- gas(mudra taktika,pa i pasivna rezistencija).Ne mu zaviduvaj na drugiot(Srbija)raboti,kreiraj!
Nekoj, 18.10.2011 09:30:00
Da bese makeodnskiot narod mnogu sposoben sega ke bese tamu kade sto se i site evropski zemji (so isklucok na 3-4 koi imaa vojni, no izgleda pobrgo ke se integriraat i od vas). Kakov narod, takva vlast, takvi rezultati. Mislam deka da davate pamet na Brisel treba da ste navistina nadvor od pamet.
ПЛАЧКО, 18.10.2011 09:43:12
Не плачи Груевски.Таква е меѓународната заедница.Не само што покажува сила,туку и тепа (бомбардирањето на Србија,Авганистан,Ирак,Либија,санкции на Куба,Северна Кореја,Иран...).Кога таа претставена од Советот за безбедност ќе побара нешто од некоја земја,таа земја МОРА да го стори тоа.СБ на ОН од РМ побара во преговори со Грција да се пронајде решение за името,СО ЦЕЛ ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ ВО РЕГИОНОТ.Ако РМ не го направи тоа,значи го загрозува мирот,а за тоа СБ нема да покаже само сила,туку може и да не`натепа.Затоа не плачи туку работи на проблемот.
citatelka, 18.10.2011 10:25:17
Of mori majko. Koj bara da vleze vo EU - tie ili nie? Kolku i da ima za nekoi raboti Gruevski pravo, ochigledno e deka ili e mnogu naiven, bidejki so vakva retorika ja stava MK vo definitivna i totalna izolacija od svetskata zaednica, ili e (vo sto poveke veruvam) edno obicno iskompleksorano diktatorce koe zemjata si ja vodi kon propast. Albanija vo vremeto na Enver Hodza od paranoidnost imase komunikacija samo so Vietna i Severna Korea. Znaeme kako zhiveeja lugjeto tamu. Neka ni e na zdravje.
vlatko, 18.10.2011 10:28:49
МАШКИ ДО КРАЈ НЕКА СИ БРКААТ РАБОТА СИТЕ ДОСТА Е ОД НАДВОРЕШНИ ПАМЕТУВАЊА ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА
[email protected], 18.10.2011 10:45:19
Браво Никола! (несум ВМРО-вец) ама за оваа работа те подржувам 100% ! А овие што критикуваа нека проба лута пиперка, Македонска!
von kragh, 18.10.2011 10:45:36
Citam tekstot, komentarite i bi sakal da kazam deka taka i treba mora da semenuva taktika posto ovaa do sega istata ne funkcionira. Ziveam na zapad i da vi kazam i ova za ovie ludje sto ziveat tuka. Ako Jahve e lut na nekogo na ovaa zemjina topka toa mora da e zapadot i samo zapadot - zosto, pa ako ima nekoja definicija da se opise djavolot vo covecka koza toa se tie. Za pari se spremni na se bukvalno na se. Za samata Grcija veruvajte mi da e samo taa vo prasanje taa letna vo bankrot odamna tuku tie samite se vnatre so polno pari vo toa e problemot. No dosta so toa sto e tukae eve i nesto pozitivno za Makedonija, deno se blizi go gledam, koga edna planina niz toploto drvo ce se izdigne do sonceto, togas lavot ce bide tolku jak da ce vladee so murmidite
vladan, 18.10.2011 10:50:13
ajdeee,ke pocnat sega raznorazni teorii za zagovor protiv silnata makedonija.brisel,vasington,nato,se takvi sili,sto mozat na vakvite kako nas,srbija,crna gora direktno da ni kazat sto i kako mislat za nas,i toa go pravat.se drugo e za domasna upotreba. sto se odnesuva za sporot so grcija,samite ja prokockavme prednosta sto ja imavme ,i simpatiite na celiot svet ,so nasite nepromisleni potezi i provokacii,pisma do celiot svet i sl. dosta so tie bolni politiki za po doma,populisticki,zasto bi ja favorizirale hrvatska,c.gora i srbija,a nas bi ne zapostavuvale,ne mrazat li,se plasat li od nas,ajde kazete
Sasho Manevski, 18.10.2011 10:51:11
Koj i da e na premierska fotelja dali vlast ili opozicija ke se sooci so isti taktiki na Brisel. EU ni go targetira imeto! Jazikot koj go koristite da go opisete intervjuto na momentalniot premier e krajno sugeriracki i gi vodi vashite citateli kon celta kon koja vie ja odreduvate. Zadaca na eden novinar e da izvestuva za vesta a citatelot da odluci kako ke ja tolkuva vesta.
do realist, 18.10.2011 10:52:39
Dobro be realist, si cul li ti za podelba na svetot na interesni zoni.E aj malku razmisli i izracunaj vo koja zona sme nie.Aldo Moro pocna da mesa zoni i zavrsi kariera na cuden nacin.
Балканец, 18.10.2011 11:00:31
Арно де, Груевски, па откажете се од кандидатурата на Македонија во ЕУ и кажете гласно и јасно дека не сакате да бидете член на ЕУ. Ама тогаш престанете да ги земате парите од европските фондови. Едно е да го лажете македонскиот народ, па друго да се откажете од европските пари.
gasterabajter od ch, 18.10.2011 11:01:25
bravo nikola podobro vo oci ne kako evropskite politicari pred tebe taka pozadi tebe drukcie site go znaat toa .ne se predavaj pravdata mora da izleze pa i i toj bankimun dali negleda nisto ili stava ekstra temni naucari da ne vide nisto sramota za evropa sramota za nivnata takanarecena demokracija izdrzi makedonijo do kraj i ke ostaneme makedonci .pozdrav.
Bravo, 18.10.2011 11:14:38
Bravo Grujo. Evropa e tropa. Noviot svet se izdignuva, a toa e Kina, Indija, Brazil i arapskiot svet. Tie nema da nipostavuvaat nikakvi idiotski uslovi.
Mapkoc, 18.10.2011 11:34:59
По се’ г. Груевски решил да игра „ва банк„ со судбината на Македонија, како да е таа негова сопственост. По прчењето и вокабуларот многу подсетува на Слободан Милошевиќ („Србија се сагињати неќе„), а добро знаеме како заврши неговиот „проект„ и какви се последиците (затоа факултативно Србија ја нарекувам трулежија). Се прашувам има ли земја со која г. Премиер, односно неговата влада, не успеа да ја скара Мкедонија. Во таа насока е и автоголот - забелешката, дека ЕУ ги фаворизирала Хрватска, Црна Гора и Србија, на што и тие ќе заземат „гард„ Патем, прем��ерот сосема ја утнал употребувајки израз пипиревка. Станува збор за српско оро, кое е, спрема познатиот енциклопедист Вујаклија, рискантно за оној кој го игра. Оттаму и „закана„ - ќе ми играш пипиревка! ! Значи, пипиревката никако не можела да и’ биде наменета на Грција.
TNT, 18.10.2011 11:44:37
Pak si ja vrti Gruevski vodata na svojata vodenica. Znaci rekoa deka imeto i ne e tolku biten faktor kolku sto se ekonomijata i korumpiranosta i zatoa e nazaduvanjeto. Ama Premierot ja znae nasata bolka i samo za toa zboruva, kako i sekogas toa so mu odgovara postojano go vergla, toa so ne mu odgovara go krie kako zmija noze. Recnikot i odnesuvanjeto katastrofa, nezamislivo i degradiracki.
ФЕЛИКС, 18.10.2011 11:56:59
Нема потреба од бојазност за можност за ,,торпедирање,, на г-дин Филе.Има тука национални вербални камикази кој со ,,голи гради,, ќе го заустават ,,торпедото,, и омаловажувачот ќе го ,,спасат,, и така како во бајките ќе има идила помеѓу понижените и обезвреднетите и оној кој тоа им го прави,а нормално попатно ќе го ,,демаскираат злобникот,,кој им го попречува матниот дил околу промената на името.
Stipjanec, 18.10.2011 12:49:55
Sto da kazam, ke zgresam. Nekoj go napagaat Grujo (so pravo), a nekoj go branat, i tie se vo pravo.Neli go smenivme znameto, pa Ustavot za Egejcite vo Grcija, pa vo Bukurest prifativme promena na imeto so dodavka, na sto celata Evropska javnost i Bush bea zadovolni od nasata fleksibilnost. No Grcite ne prifatija, tie otidoa so crvenata linija eden iscekor napred. Sme trebale da go smenime i IDENTITETOT. Ajde da go smenime i IDENTITETOT, no Grcite povtorno nema da bidat zadovolni, tie ke sakaat ponatamu da gi smenime i nasite licni iminja, bidejki Todor poteknuva od Teodorakis, Nikola od Nikolakis, Vasile od Vasilakis itn. Povtorno ke bidat i ovoj pat vo pravo bidejki se na ovoj nas Svet e Grcko. Sme dovedeni vo edna situacija, na ona zmijata ili magareto. Sto i da (ne)napravime, povtorno NIE ke bideme kabaetli.
od mene, 18.10.2011 12:54:30
angliskite vesnici kako ke go prevedat zborot piperevka, koga ke ja objavat ovaa recenica na premierot?
Jован АН, 18.10.2011 12:54:48
Зарем Премиерот не е во право?На сите (на ЦЕЛ СВЕТ) му е јасно дека извештаите кои ТРИ пати по ред се ПОЗИТИВНИ се “штелуваат“ само и само да се оправда непочнувањето со предпристапните преговори за кои е “виновно“ нашето непопуштање на фашизоидните барања од јужниве.На жалост,нашите западни пријатели,а и некои наши експерт(утки) и новинари ги поддржуваат ваквите барања.Сите сакаме во ЕУ но не по секоја цена.Премиерот и владата треба да се поддржат.
done, 18.10.2011 12:59:36
Bravo za nasiot Premier
Тоше, 18.10.2011 13:19:39
Заради ОВОЈ ПРОСТАК кој не води, добиваме се‘ полоши и полоши Извештаи од ЕУ. Ни име е проблем, ни презиме е проблем. Проблемот е Груевски.
Makedonec patriot ama vistinski ne lazen kako ovie na vlast, 18.10.2011 13:22:02
Na gospodinov premier po site izgledi mu se stesnuva prostorot za manevrirajne, na site vo evropa im stanuva jasno deka ova e TOTALIRIZAM vo 21 vek , na domasnata javnost ja zalazuva so spomenici , a od druga strana neistomislenicite gi komprimitira zatvora ucenuva , e sega misli so vakov nastap ce ja ulasi evropa no nazalost se izlazal vo toa go ocekuva ona sto go snajde negoviot predhodnik od 2001 a narodot ce si ja plati smetkata so siromastija bezrabotica i izolacija ....
Маркос, 18.10.2011 13:56:36
По се’ г. Груевски решил да игра „ва банк„ со судбината на Македонија, како да е таа негова сопственост. По прчењето и вокабуларот „исти е„ Слободан Милошевиќ („Србија се сагињати неќе“), а добро знаеме како заврши неговиот „проект„ и какви се последиците (затоа факултативно Србија ја нарекувам трулежија). Се прашувам има ли земја со која г. Премиер, односно неговата влада, не успеа да ја скара Македонија. Во таа насока е и автоголот - забелешката, дека ЕУ ги фаворизирала Хрватска, Србија и Црна Гора, по што тие сосема сигурно ќе заземат гард. Патем, премиерот ја утнал наведувајки дека (оние од ЕУ) и’ играле пипиревка на Грција!? Пипиревка е српско оро, кое е, спрема познатиот енциклопедист Вујаклија, рискантно за оној кој го игра (оттаму и „закана„ - ќе ми играш пипиревка!). Ви се верува ли дека „моќните„ за ќеиф на Грција би можеле да играат за нив така понижувачка игра?
petar, 18.10.2011 13:58:31
Уште одамна постои стара поговорка. Ја знаат постарите, а кој не ја знае, еве ја: `Европа гробот ни го копа`. Подалеку од таа ку.ва.
bhc, 18.10.2011 14:36:19
Samobendisaniot Bokser so tri srca e vo panika. Udira po protivnikot kako lud,aperkati,direkti.levo desno kroshe,vkupno 13no nikako da pogodi.EU konecno pocnuva da udira i toa silno i precizno.Bokserot so tri srca kuka,placi....Evropo nemoj da mavas po mene...JAS sum SAMAROT...udrete po Grcija taa e ATOT.Nisto ne pomaga. Ovcaruuu!!!...ne e imeto tuku reformite.Dosta se kries zad imeto. Ova e pocetok na tvojot kraj Bokseru so tri srca.
Itar Pejo, 18.10.2011 14:52:01
Bravo za nasiot premier, Nikola Makedonski, dostoen naslednik na Voinot na konj. Ima hrabrost da i go kaze na Evropa ona sto ni Milosevic ni Gadafi ni Sadam ni Kim nemaa. Ajde sega Nikola, soberi uste malku hrabrost pareci deka Evropa e orospija vavilonska pa narodot da pee Majka go rodi, slepci vo propast da vodi
Goran, 18.10.2011 14:56:35
Bravo premiere!!! Najposle nekoj javno i glasno da kaze sto se slucuva. Dosta ni e od ulizuvaci i licemeri!!! Neka razmislat EU ubavo, pred da bankruptiraat... Kogo tie podrzuvaat i zosto go pravat toa?
To majstore, 18.10.2011 15:44:20
to majstore abe zver si alal da ti e stvarno im pokaza kolku si jak kolku sakas da ja unazadis nasava drzava, ni samiot ne znam kolku godini go lazes narodov deka sakas da ne vnesis vo eu a gledam deka samo sprotivnoto go rabotis stvarno alal da ti e
mene u eu, 18.10.2011 15:53:25
Toa sto Premierot na EU go ukazuva mu e jasno na cela Makedonija(Referendum).Umetnosta vo Diplomatijata za zal ne mu e jaka strana na nashite politicari i toa e cenata kojasto ja plakame.Popametno bi bilo da Gruevski mesto da troshi budzetski pari na gluposti da zeme eden Internacionalen diplomatski sovetnik kojsto so profesionalna strategija bi de odnel do celta.Ako cekame da Gruevski &Co. go reshat so EU i Elada ova prashanje,mislam da pobrzo EU ke se raspadne pred nie da vlezeme.I dosta veke egoizmi priznajte si da ste nesposobni da vodite i bilateralna a kamoli eu politika.Zalam momci po losh pat ste trgnale.. Ednostavno ne sme interesni za EU po nikoj aspekt osven poveke rabota za policikja u eu zemjite so nas..
Kiro Gligorov prifati strategijata na prof. Igor Janev, 18.10.2011 16:22:49
Ni treba strategija na doblizhuvanjeto kon Nevrzanite drzhavi-chlenki na ON. Tie se potrebni za glasnjeto vo OON pri vospostavuvanjeto ustavnoto ime vo Generalnoto sobranie na ON. Stavovite na akademik prof. Igor Janev gi prifati i Kiro Gligorov i izleze so stav za rezolucijata za imeto vo ON (objaveno vo Utrinski vesnik 2006. godina pod naslov Vreme e za rezolucijata za imeto vo OON).
Ајван Доктор®, 18.10.2011 17:15:51
За жал Гwујокио-Пипиревката кон Брисел пука само со ќорци!Истите само во Македонија може да се претставуваат како „торпеда“!
svedska, 18.10.2011 17:23:58
bravo Grujo,ako imavme kako tebe od 1991 dosega ke bevme i vo EU I NATO,se grozam od komentarite na predavnicite.
Leg, 18.10.2011 17:47:06
Kako ne mu e sram na covekot? Ne razbiram kako mozi da bidi tolku populist, i ne razbiram kako mozat nekolku lugje da mislat deka ja kazuva vistinata... Dali lazi Evrope koga veli deka treba da zastanat so politizacijata na administracija? Dali lazi koga veli deka sudot ne e funkcionalen (prashuvajte ja familijata na Martin...)? Dali lazi koga veli deka slobodata na mediumite se namaluva? Ne lazi... za zal... Populizmot e najopasen bolest, a nie sme vo strashna faza.
Ige, 18.10.2011 18:46:21
Bravo Premiere! Imam prijateli koi sto rabotat vo EU i glavna vest poslednive nekolku nedeli e deka Grcija na poveketo im e preku glava i edvaj ja toleriraat. Ne postignuva nikakvi uspesi so primenuvanje na novite zakoni za zemanje taksi i isplakanje na kamatite. Se sto dobivaat od niv se zalbi... Nie sme uste edna zalba na krajot od taa dolga lista. Pocekajte uste malce i ke vidite promena vo politikata so imeto. Ima nekoi poedinci vo EU koi poradi nekoi nejasni pricini im go branat grbot na Grcite. Poveketo edvaj gi smisluvaat... Pozdrav
haus majsstor, 18.10.2011 18:47:35
Sto misli ovoj ovie od evropska unija se Ramkovski i Brat Ljube ke gi apsi i drugite ke napolnat gaki,abe ovoj epten e vlezen vo film .Tesko nam so vakvi politicari.Gospod da ni e napomos
Ucenik, 18.10.2011 20:20:22
Ova me potsetuva koga odev vo skolo.Imavme edena profesorka dosta stroga i eden den eden nas soucenik vleze vo kavga so nea i na kraj ja opcu ja lupna vratata i izleze.Posle site mu vikavme bravo be alal da ti e,toj si pomisli deka e heroj.Samo sto na kraj na godina ponavljase covekot.
Od Magionicar, 18.10.2011 20:55:24
Bravo Grujo tisi nasiot magionicar imas 100%podrska..................
Петре, 18.10.2011 21:10:16
Господине Премиер, повеќето македонски граѓани се со Вас и затоа како ќе одлучите Вие, ние ќе ги следиме вашите стапки! Да сте жив и здрав!
neopredelena, 18.10.2011 22:31:29
Evropa i cel svet se protiv Gruevski i negovite reformi i napredekot sto go pravi vo Makedonija. Isto kako koga ucenikot ke donese slaba ocenka od uciliste i ke se brani so - me mrazi ucitelot. Ah ovoj Grujo za zalenje bil, toj mislese deka kako na narodot sto mu zamavna so manifestot i mu veti prazna magla, taka ke moze da ja zalaze i svetskata javnost. Ej Grujo, te snimaat so satelit ovie od Evropa, nemozes niv da gi lazes.
populist, 18.10.2011 22:32:45
leg, a be znaes li ti sinko sto e toa populist? ne tuku citiraj nepismeni. Gruevski e prav. Samo taka treba

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Облачно

Среда
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -7°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |