Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Политика
17.10.2011, 17:38

Заев го кани Бучковски на дебата во СДСМ

Раководството на опозициската партија стави знак на равенство меѓу поранешниот лидер и младите што држеа трибина во Градското собрание

Александра М. Митевска



Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев не е загрижен поради критиките што ги испраќа н�� адреса на партијата поранешниот лидер Владо Бучковски, а што јавноста ги доживува како раскол во опозицискиот табор.

„Добро е кога има судир на идеи, но за тоа треба да се разговара во партиските тела“, вели струмичкиот градоначалник, кој смета дека искричењата меѓу сопартијците се вообичаени во постизборниот период.

„Очекувано е по избори да има разочарување и да се бараат виновници. Тука се во прашање и некои лични амбиции и очекувања што паднале во вода со неосвојувањето на власта“, вели Заев.

Критиките упатени кон СДСМ тој ги оценува како „ставови на поединци“, но вели дека секој има право на свое мислење. Заев не се согласува дека во партијата отсуствува демократија. Вели дека со личен пример може да потврди дека партискиот лидер Бранко Црвенковски често ги повлекувал своите предлози за да прифати друг предлог, што се покажал како поцелисходен во текот на дебатата во партиските тела.

„Во СДСМ има демократија и ако има забелешки што ќе се достават до партијата тие ќе бидат разгледани. Особено ако тие забелешки доаѓаат од наши поранешни високи функционери. Тие знаат дека слободно може да дојдат во партијата, на седница на Централниот или на Извршниот одбор, дури може да иницираат и вонреден конгрес. Отворени сме за суштинска дебата на која било тема, па и за смена на раководството на партијата, ако некој смета дека треба да се отвори расправа на таа тема во партиските тела“, вели Заев.

Во екот на разногласијата околу пописот и извештајот на ЕК што се појавија меѓу партнерите во Владата, левичарското упориште повторно стана цел на незадоволни социјалдемократи, кои апелираат за реформи во партијата. Кратко траеше договорот што го постигнаа социјалдемократите на конгресот во Битола - несогласувањата да не се изнесуваат во јавноста, туку за нив да се разговара во партиските тела. Бучковски го прекрши непишаното правило, но тој го има во ракав алибито дека, откако не е пратеник, не е член ниту на форумите на СДСМ.

Поранешниот лидер на социјалдемократите деновиве повторно го повика Црвенковски да создаде ситуација да не се доживее како потоп неговото заминување од врвот на партијата, што, како што вели, еднаш мора да се случи.

„Не претендирам Црвенковски да биде сменет на недемократски начин, но ако е сигурен во поддршката на членството јас сметам дека негов најголем интерес би било тој да е промотор на идејата за непосредни демократски избори, уште повеќе што по дефиниција политичките партии се реформираат кога се во опозиција“, изјави Бучковски во интервју за Радио Слободна Европа.

Викендов група млади што се претставија како поранешни функционери на младината на СДСМ дигнаа нова врева околу партијата. Тие, на трибина во Градското собрание, насловена „Како СДММ да стане победнички партиски подмладок“, оценија дека во моментов социјалдемократската младина нема капацитет, дух и жар за какви било активности, бидејќи централата на партијата не била заинтересирана за реформи и за идеите на младите.

Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ, вчера ја коментираше

трибината во Советот на град Скопје на која поранешни функционери на социјалдемократската младина бараа смена на генерации во партијата, но само површно се осврна на новата доза критики што кон „Бихаќска“ ги лансираше Бучковски. Георгиев посочи дека поранешниот секретар на подмладокот на СДСМ влегол во матрицата на поранешниот партиски лидер, па „додека цела Македонија страда за заштита на демократијата од Груевски, тие тргнале да го демократизираат СДСМ“. „Ниту во СДСМ ниту во СДММ внатрепартиски врие, како што тоа некој сака да го прикаже, и оваа тема навистина станува досадна во ситуација кога во државата буквално врие од проблеми“, изјави вчера Гордан Георгиев. Тој побара од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, да објасни како може на лице кое не е носител на никаква функција во државата, градот да му отстапи сала за да одржи трибина.


Статијата е прочитана 1099 пати.

Испрати коментар



Груевски испука торпедо кон Брисел
Почна изградбата на „Џонсон контролс“ во Штип
Патот кон ЕУ е тежок
Шеик во Скопје
Опозицијата бара Анкетна комисија за пописот
Хелсиншки



iskustvo, 18.10.2011 08:57:12
E SDSM, SDSM ke prodavate vie pufki za demokratija, a najgolemi licemeri ste na zemjava. zarem mislite deka Makedonija zaboravila na toa kako go izdiferenciravte Gosev, Nano Ruzin i cela duzina neistomislenicki intelektualci. Sega ke se natprevaruvate koj posilno i povalkano ke plukne vrz Bucko i hrabrite mladinci. Kakov moral imate vie da im se smeete na pokolnicite na PASTIROT. isti ste. Aaboliciraniot Z e vo vecna blagodarnost.
ФЕЛИКС, 18.10.2011 11:47:06
Е тоа е комедијата на ситуција по теркот на Фејдо.Бараш демократија во државата а со сите сили ја давиш во сопствениот партиски двор и гарнирано по стариот етикетен рецепт.Па така сите што мислат поинаку се апострофираат за прикриени подржувачи на власта.Кој знае што им следи на пратениците нивни кој во напад на искреност го подржале прекинот на пописот.Неможат да ги отповикаат но им следи истиот редослед како и новооткриените подржувачи.Можеби кога се споменуваше ,,жешката партиска есен,, се мислело на ,,обрачун код ОК Бихаќка,, времето ќе покаже кој е В.Ерп, Д.Холидеј а кој Клејтонови.
tradicijata prodolzuva, 18.10.2011 15:18:40
Edno mora da mu se priznae na Feliks i ostanatite glasnogovornici na DPMNE. Tradicijata na selsko ogovaranje pred cesma uspesno ja prodolzuvaat. Abe cirkus eden neviden. Ti mu vikas ajde da gi fatime tie sto falsifikuvaa a toj veli ne gi fakame ama po hodnici e vazno sto ke govorime. Ili ti mu vikas ajde da ja revidirame privatizacijata, a toj veli ne sakam podobro mi e vaka da kukam sto godini deka taa e vinovna i po dvaeset godini za mojata nesposobnost. Ti mu vikas sekoj da odgovara za storeni zlocini a toj veli ne, avtenticno ke gi tolkuvame i patriotski ke digneme raka za da gi oslobodime. Milina edna da gi slusas i da gi gledas

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |