19.10.2011, 18:16 Едиторијал
Шеикот не раздвижи, но да не не заслепи
Александра М. Митевска
Емирот од Катар, шеикот Хамад бин калифа ал - Тани, дојде во Скопје, прошета низ чаршијата, ја заскокотка љубопитноста на граѓаните и си замина со орден и униформа, со импресии од македонските вода и печено месо и со ветување дека неговата земја ќе инвестира во Македонија. Албанија е следната дестинација во неговата балканска рута на турнејата низ Европа.
Така, обично, завршуваат сите државнички билатерални средби - со договори за поинтензивна економска сорботка. Но, емирот од Доха не беше обичен гостин. Неговото доаѓање, особено во ситуација кога странски државници не навраќаат често во државата, беше атракција, па затоа и ги мобилизира политичарите и ги заинтригира бизнисмените. Низ скопските улици не може секој ден да се види шеик со цела свита. Затоа и се следеше до најмала пикантерија неговата посета и се прераскажуваа сите детали, почнувајќи од специфичната традиционална облека во неговата земја, семејната состојба ( имал три жени и 24 деца)..., па до несреќниот курцшлус во „Александар Палас“.
Катар е мала, но многу богата држава и со тоа завршува секој обид да се повлече некаква паралела со нашата земја. Држава е устроена како апсолутна монархија на чие чело веќе век и половина е династијата ал - Тани. Шеикот што беше во Скопје во исто време е и премиер и шеф на државата. Сепак, ал-Тани важи за реформски ориентиран политичар, кој работи на демократизација на Катар.
Македонија, пак, нема нафта и земјин гас, уште помалку БДП од над 88,6 илјади долари по жител, а, колку што е познато, немаме ни монарх. Сепак, Катар е една од ретките арапски држави со кои Македонија (во 2004 година) има воспоставено дипломатски односи, на ниво на амбасади. Од тие аспекти, посетата на ал - Тани е значајна за земјава.
Треба да се искористи пружената рака за соработка, откако двете држави го потпишаа договорот за испраќање работници од Македонија во Катар, а Владата соопшти дека гостите се заинтересирани за инвестирање во повеќе области, а особено во енергетскиот сектор, банкарството, земјоделството и инфраструктурата. Властите во Катар, очигледно, се расположени за инвестирање во регионот. Пример за тоа е доаѓањето на познатата катарска телевизија Ал Џезеира на просторите на поранешна Југославија.
Но, во ситуација кога македонските власти отворено настапуваат со сомневања за евроатланските перспективи на државата поради, како што велат, фаворизирањето на Грција и условувањето на Македонија да го реши прашањето за името, „злобниците“ би можеле да побараат и друга симболика во посетата на високиот гостин од арапскиот свет.
Впечаток е дека, во последно време, се интензивира „дружбата“ на Македонија со земјите од Југозападна Азија. Пред неколку дена престојуваше во Скопје една друга делегација од шеици, претставници на Народното собрание на Кувајт.. Нивната посета, сепак, не помина толку бомбастично во јавноста. Минатиот месец во Њујорк, пак, на маргините на Генералното собрание на ОН, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, се сретна со колегата од Кувајт, со кого разговарале з интензивирање на соработката меѓу двете земји, особено во полето на економијата.
Македонија не може да биде зијан од дружбата со Катар или со Кувајт. Напротив, добро е комуникацијата да продолжи и да се продлабочи. Но, тоа не смее да биде на сметка на соработката со земјите кои ни се и поблиски и послични и со кои делиме послични вредности. И кон чиј табор се стремиме да се приклучиме. Или барем не' убедуваа дека е така до неодамна. |
|
Статијата е прочитана 1061 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 20.10.2011 00:42:17 | двете држави го потпишаа договорот за испраќање работници од Македонија во Катар- Ova e edinstvenoto nesto za koe bi sorabotuvale so nas, bidejki veke ni Indijcite ne se tolku eftini kako nas. No mozebi i toa e podobro nego nasi deca i rabotnici da odat po brodovi, plantazi, da rabotat na crno, da se snaogaat so bugarski pasosi i.t.n. Od izvoz na argati nemoze nitu edna drzava da profitira i da se razviva. No doturkavme do tamu da sega se raduvame i go smetame za uspeh da bideme kenleri, cistaci i rabotnici na seicite. No koga ke se najdes vo bezizlez i ocaj, i ova se smeta za bingo. |
| nato-jato, 20.10.2011 07:57:21 | DA , Jovan za zal potpolno e vo pravo , a mislam deka najvekje kje investiraat vo dzamii ovie zemji... |
| lila, 20.10.2011 08:11:13 | Do Jovan - celisno ste vo pravo. Decata ni stanaa belosvetski slugi samo za da preziveat. |
| Realist, 20.10.2011 10:42:33 | Do Jovan,nato-jato i Lila, Gospoda ako mislite deka cistenjeto ne e za Makedonci togas ne si vo pravo vie sigurno ste ziveele na tatin grb a ne vo realnosta,mozebi zatoa Makedonija e vo takva situacija koga mnozinstvoto misli kako vie,vie gospoda so vasite misli uste dolgu ke go sonuvate Marsalot i ostala bagra.Ne vi se lutam oti nemate videno poveke od kaj sto ste,na zapad 90% od intelektualcite zavrsile skolouvanje rabotejki kako cistaci toa e fakt,a ne da lezat na nekoj tug grb i zatoa se uspesni,a za Seikot samo treba luge od zapad da razgovaraat so nego a ne vie vie ste site nesposobni od A do SH. |
| Nekoj, 20.10.2011 11:15:05 | Tocno taka Realist. Pari ne se pravat so sedenje vo kancelarija i dremenje i cekanje da vi kazat sto da napravite deneska. Covekot e sozdaden da misli i da kreira, da se snaoga, da sozdava. A znaete koga najmnogu misli? Koga nema! :) Nema sramni raboti ima samo mrzlivi luge, a da se bide mrza e sramota. Balkancite po mentalitet se mamini i tatini sinovi koi cekaat bukvalno se od roditelite. Zatoa se tamu kade sto ste. p.s. Rabota na brod e mnogu podobro otkolku dremenje vo 4 zida. |
| od doma, 20.10.2011 12:54:32 | Realist, vie ne ste go razbrale Jovan koj vprocem,vo posledno vreme ni dava ubavi prikazi za vistinata vo nasata ni tatkovina. Tocno e deka vo EU i voopsto, studentite od bilo koe socijalna sredina ,mozat da rabotata za da si gi podobrat finasniski studentskite denovi, sekoj spored svoite potrebi. No, ne rabotat bilo sto, odkako ke ja imaat diplomata vo dzebot. Vo Makedonija, znam magistri koi zavrsile vo stransto, a se bez potrebna podrska, ostanuvaat so godini bez rabota. I koga odat vo strastvo, ponizeno rabotata bilo sto ili ako se na adekvatno rabotno mesto, plateni se daleku pomalku od nekoj drug kolega od nekoja PRESTIZNA ZEMJA. Prasajte lekari koi bile na rabota po brodovite, sto rabotat i kolku se plateni od gazdite?! P i vo Kuvajt ako otidat,vistina ke bidat zadovolni, zemajki vo predvid sto se peceli kaj nas,no DALI ke bidat plateni kako eden Germanec, Francuz ili Amerikanec, makar i za istata rabota. A da ne zboruvame za sitnata rabotna raka kako ke bide tretirana |
| Da_Vinci, 20.10.2011 13:35:16 | @ Realist Не наседнувајте на (ѓорчепетровско-владини) маалски приказни дека интелектуалците на Запад почнуваат од метла... Тоа се приказни за мали (о умни) деца... И, токму во социјализмот ги раскажуваа таквите париказни апропо проклетиот капитализам... И, многу сте Конфузен, а не Реален... Консолидирајте си ги мислите, зашто од „млатење празна слама“ секојдневно во државава, ни слама не ќе остане на крајот...@ Јован = точно, во оваа безизлезна состојба, се ни е бинго, за жал... |
| Tarzan, 20.10.2011 14:19:36 | do Realist i Nekoj,
abe aj odejte ........ legnajte si... |
|
|
|
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Ведро
|
Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Сабота
Ситен дожд
Макс: 18°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
|