Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
20.10.2011, 18:05

Си велам

Турски синдром во Македонија

Ерол Ризаов

Потрагата по антички идентитет е најголемата грешка на политиката на Груевски

Во односите со Европа, Скопје и Брисел се инфицираа од турскиот синдром. Македонија, гледано оптимистички, станува втор вечен кандидат за ЕУ. Турција пред пет децении, во 1963 година во Анкара, го потпиша Пактот за асоцијација и стабилизација со Европската заедница. Конечно пред 12 години, поточно 1999 година, стана кандидат. А, веќе шест години, од 2005 година наваму, води претпристапни преговори со Брисел. Македонија пред десет години потпиша Договор за асоцијација и стабилизација, а шест години е само нем кандидат кој не може да ги почне преговорите . Со ваков специфичен статус во односите со ЕУ единствени се само Турција и Македонија. Во деликатни ситуации Европа има ист одговор во различни пакувања: заостануваат демократските процеси по европски стандарди и не се завршени успешно реформите во повеќе области. За ова никогаш не е тешко да се обезбедат докази.

Таа оценка секогаш е точна во однос на сите кандидати и новопримени држави во редовно членство на Унијата, а и во однос на повеќе редовни членки на ЕУ кои се примени пред 30 и повеќе години. Неисполнети и незавршени реформи, нарушени демократски процеси можат лесно да се најдат дури и кај оснивачите на Европската Унија. Никогаш доволно демократија. Никогаш завршени реформи. Затоа е непотребно, дури и глупаво, да се полемизира со европската бирократија на таа тема. Значи, суштината е во тоа што Европа според виталните интереси на своите редовни членки, особено на големите држави на стара Европа, ги отвара и ги затвара вратите на бриселскиот клуб. Нема европски политичар, или проследувач на политиката на европските земји, кој ова не го знае. Тоа мошне прецизно е запишано и во основачките акти на ЕУ . Солидарноста меѓу редовните членки и одбраната на сопствените интереси во однос на земјите надвор од Европската Унија е суштината на постоењето на Европскиот сојуз. Вревата што ја креваат погодените од таквата политика е поради сопствената јавност. Кревањето на гласот на локалните и регионални политички лидери против моќната Унија секогаш носи привремени поени кај онепарвданите земји. Што помалку се знаат механизмите на одлучување во европската администрација толку полесно е да се пренасочува гневот на граѓаните кон Европа кои со години го сонуваат европскиот сон. Жесток напад врз бриселската бирократија е најдобриот начин да се заборават домашните горливи егзистенцијални проблеми како што се безработицата, сиромаштијата, скапотијата, нискиот стандард, загрозените слободи и човекови права, лошиот квалитет на живеење, корупцијата и криминалот. Нема поуспешна операција, за неуспешната политика, од тоа секогаш друг да биде виновен. Идеално е кога за лошите резултати најголеми виновници се светските моќници и домашните предавници. Тоа е полн погодок. Ем локалните политичари стануваат големи херои, ем домашните непријатели и разни кодоши се демаскирани и ставени на столбот на срамот. За тоа време комшиските последни карвани врват кон Европа бидејки ја научија играта. Тоа што го загубија по патот за европскиот клуб ќе го наплатат кога ќе влезат во плеј оф-лигата.

Турција со своите 76 милиони жители, со економија меѓу 17-те светски велесили и со 11.300 евра национален доход по глава на жител, со двоцифрена стапка на развој, најголема во светот, со геостратегиска позиција на главен мост меѓу Европа и Азија, со енергетски коридори од Арапскиот свет кон Европа и со излезот на четири мориња, нов лидер на Блискиот Исток и моќна НАТО членка, може да си дозволи тврдо да и одбруси на Европа. Во една таква позиција турскиот премиер Таип Ердоган на своите граѓани, покрај огромното разочарување на европски ориентираните Турци, им понуди алтернатива. Сопствен брз економски развој, успешни економски реформи, двојно повисок стандард, повеќе работни места и неколку грандиозни енергетски и инфраструктурни зафати од светско значење: гасоводи и нафтоводи, брзи железници, автопатишта и патишта, нови аеродроми, а под Босфорот ќе гради железница и автопат, сличен на тој под Ламанш. Турција дебатира за предлогот на Ердоган за изградба на голем морски канал и нов град кој ќе го олабави Истанбул и ќе го спаси Босфор од загадување спојувајќи ги Црното, Мраморното и Егејското Море. Нов Босфор и нови Дарданели. Покрај оваа светла страна, турскот пат кон Европа има и своја темна страна. Секуларизмот на Ќемал Ататурк таткото на турската нација, е во опасност. Се ниша една од најголемите придобивки што ја одделува Турција од Исток и ја прави Европска. Европа уште не ја согледува оваа опасност за себе од уривањето на оваа брана. Неколку мислечки Европејци осамени од поодамна укажуваат на опасноста од иранизација на Турција. Тие признаваат дека за развојот на ваквата ориентација голема вина лежи и во европската протекционисти��ка политика и отпор кон Турција најмногу поради популистички причини. Владите кои ќе дадат зелено светло за влез на Турција во ЕУ ќе паднат.

Тоа се турско-европските проблеми и дилеми кои имаат тешко премостливи географски, историски, верски, културни наслаги и предрасуди.

Што е со вториот вечен кандидат Република Македонија. Мала мирољубива држава со два милиони жители која не преставува опасност за никого, и која со помош на Европа, издаток, кој Старата дама нема ни да ја почувствува, може за десетина години да стане рајска градина. Тоа беше и основниот мотив што при неодамнешната посета премиерот Ердоган го утеши својот македонски колега Груевски дека Македонија е поблиску до ЕУ од Турција. Притоа го охрабри да не попушта за името и ја осуди Европа за својата срамна политика. Гест на вистинско пријателство , добрососедство и поддршка. Така мислат и мнозинството Македонци. Но, што правиме со алтернативата. Премиерот Никола Груевски не само што не нуди други можности како Ердоган, туку јавно вели Македонија нема друг излез за својата иднина, развој, стабилност и безбедност отколку членство во ЕУ и во НАТО. Ако ова е кажано искрено врз основа на ограничените македонски ресурси, ако тоа го кажуваат и сите други релевантни македонски политичари и надлежни институции за развој на Македонија , тогаш, во ова време на лажно херојство, кога и врзува шлаканица на Европа, а вели нема друга алтернатива отколку да живееме со неа, Груевски е должен да даде неколку суштински одговори за тоа каде ја води Македонија. Тоа е подобро наместо да раскажува јуначки приказни за мали деца кој игра пиперевка, кој игра сиртаки, а кој го игра само тешкото, а кој го игра последното танго. Груевски и должи одговор зошто јавноста во Европа, и во светот, а не само бриселската бирократија, стануваат се поединствени во поддршката на Грција. Зошто држави и велесили кои не признале под уставното име и кои со години ни давале силна поддршка, поради грчкиот ултиматум и уцена за кумство, веќе ни го вртат грбот. Зошто ги изгуби Македонија симпатиите на светската и европската јавност. Време е Груевски да ја признае бесмисленоста на македонската антиокамнија која ни нанесе непроценливи штети. Потрагата по антички идентитет и пославно минато од ова што го имаме, со политичка интервенција во науката и историјата, е најголемата грешка на Никола Груевски и неговата политика. Националистичкиот вознес со прогласување на Александар Македонски како безимен татко на нацијата го сврте светот на грчка страна. Со погрешна политика им дадовме можност на тие што одлучуваат во светот да си го покријат срамот и да си ја олеснат совеста од неправдата што и се прави на Македонија со уцената за името.


Статијата е прочитана 3026 пати.

Испрати коментар



Кочани во холивудски филм
И Венера не' изненади
Патриотско интервју на Македончето
Лански снег – изборите на 5 јуни



Zacuden, 21.10.2011 00:38:36
Да не е тоа проект „Истанбул 2014“ предлогот на Ердоган за изградба на голем морски канал и нов град кој ќе го олабави Истанбул и ќе го спаси Босфор од загаду��ање спојувајќи ги Црното, Мраморното и Егејското Море. Нов Босфор и нови Дарданели. Токму така. Ердоган гради и затоа Турција има своја алтернатива и смело вели дека нема да моли за ЕУ во која Грција ги блокира. А што фали и Македонија да гради (како што гради) и да и рече „не“ на ЕУ?
jovan, 21.10.2011 00:41:40
Ima slicnosti so Turcija vo ovaa tvoja prikaska, no Turcija e svetlosni godini ispred Makedonija. Ima najbrzorastecka ekonomija koja i preti duri i na Kina. Ima edna od najmoknite armii vo svetot, ima kade kade poveke mlado naselenie od Evropejcite. Moze da se sluci Evropskata Unija da ja moli Turcija da vleze vo Unijata, a Turcija da gi odbie. Nie Gospodine Rizaov, sme gotovi. Osven Bog, veke nikoj nemoze da ne spasi. Ili ako ne veruvas vo Bog, togas, samo cudo moze da ne spasi. No cuda se slucuvaat, pa ni ostanuva nadezta deka nesto ke se sluci, da ne izvadi od ovoj kor rezil sokak.
melbourne, 21.10.2011 03:07:00
Bravo,vaka treba da se nudi nesto(idei),kako da se izleze od ovaj korsokak vo koj ne vturna vladata.A Erdogan gradel mostovi,patista,fabriki za da ja napravi Turcija taa sto e denes,a ne spomenici koi ne gi vrakaat parite nazad.
Siljan, 21.10.2011 03:37:58
Pochetokot na tekstot vi e fenomenalen G-dine. Rizaov.Izgleda deka sogledavte deka taka lesno,so nasilno novinarstvo ,so antagonizam kon Makedonecot, nemozete da mu prodavate magla,ili i vie definitivno se svestivte koj e Riki a koj e Kiki vo Evropa i kako se igra igrata.Ili mozebi pomalku pari pocnaa da vi pristigaat na smetka,pa izrevoltirani najavivte deka ke pochnete realno da pisuvate?Vo vtoriot del postavuvate prasanja za koi vie lichno i takvite kako vas treba da odgovorat.Zosto?Zosto kako platenici ja legnavte Makedonija na stolbot na sramot?Za lichni interesi li?Kako toa Erdogan ,i pokraj toa sto ja raznebiti Ataturkova sekularna Turcija,no gi brani Turskite interesi,vie go digate vo zvezdi,a Gruevski,prviot Makedonski politichar koj direktno se pobuni protiv nepravdite kon Makedoncite,vi e nokna mora?Dobar piusuvac na tekstovi ste,no da se bide novinar treba i etika i moral.Toa vam vi fali,pocituvan G-dine Erol RizaovSo dvojni arsini ste.
respekt, 21.10.2011 03:45:51
Споредбата со Турција во колумнва ја свакам како доказ на нашата скоро безизлезна состоба.Секаква друга споредба со Турција би била како да споредуваш мечка и мравка.Логично е дека за состојбата во која се наога државава, најодговорен е Премиерот.Човекот можеби навистина работел 24/7, но еве очигледно е на кое дереџе се доведе СЕБЕ и ДРЖАВАТА. Оттука доблесно е да каже дека СЕ правел со најдобри намери за Македонија и народот што живее во неа но ете, НЕ УСПЕАЛ и -- да си поднесе ОСТАВКА. Ако не го направи тоа, единствено му останува да нареди, да ја НАПАДНЕМЕ Европската Унија! Ако ги победиме--господски ке живееме, ако не поразат-- ке не ранат.
Janakiev Nikola, 21.10.2011 06:07:01
Kole 21.10.2011god. Gosp.Erol vie povese pisuvate od nekoj sto vi stava vo fiokata.Na tereno e sasvim drugo. Persija Makedonija nese vojni ekonomski sili se nesto povece.
Внимателен читател, 21.10.2011 07:39:11
Долгото чекање на Турција и Македонија за одлучувачки напредок кон ЕУ и ригидниот однос на Брисел кон Анкара и Скопје е заеднички за овие две земји. Се друго е многу различно. Турција како што пишува авторот гради стратегиска инфраструктура значајна и за Азија и иза Европа. А Македонија гради споменици и објекти кои ке трошат пари и не се приоритетни, немаат никакво ниту регионално ниту стратешко значење.Турција е економска велесила и лидер на регионот, па може само до некаде да и возврати на Европа. А Македонија ем шуто, ем боде.
Ljubotan-Trade Name, 21.10.2011 07:55:11
@ Jovana ,Jovane ,dobro e sto tvojata Makedonska Sujeta padna na kolena,Tvojata Ispovest,treba da ja zapamtime,ama ne samo tuka,tuku na site forumi.kade sto Glagolis! Bezvredno je ,ednaciti ;Grcija i Turcija so Makedonoja! Grcija i Turcija se Geo politicki -strategiski sili,a Turcija i Vojna strategiska sila! A, PoranesnaJug,Rep,Makedonija, Koj Kvalitet? Solun go ima Klucot!
bugi, 21.10.2011 08:02:52
Abe bozem tolku godini si novinar ama nisto ne nauci!Kade ima muslimani Evropa ne saka drzava na teroristi,paraziti vo opstestvoto kade samo baraat prava,glavnite alki na drogata gi drzat oni. Albanija , Bosna ,Kosovo , Turcija pa i Makedonija ke vlezat koga ke si go vidam tilot!Neka gi izvadat pak Albancite 25% ke begaat kako od gavol od nas!Gi naucija vise gotovo!
Jaz, 21.10.2011 08:29:09
со 11.300 евра национален доход по глава на жител - Blgarija e so pogolem dohod po glava od naselenieto, taka da ne znam zoshto go davate toa za primer. A toa deka nekoj komentira deka EU ke moli Turcija da stane del od nea e smeshno. Turcija nikogash nema da e vo EU. Mentaliteta i kutlurata na turcite se aziski, ne se evropski.
dobar den, 21.10.2011 08:53:47
G. Erole, pak eden pozdrav do vas. Vo vrska so igranje piperevki i tanga, samo zabeleška, deka na brodot, što poleka potonuval, nikoj neigral, samo orkestarot sviral.. Melodii za dodavanje nadež (lažna - oti brodot propagjal... i propadnal vo more). Znam, deka brodot Makedonija na krajot nema da potone - veruvam vo toa, a za orkestarot: verovatno so tek na vreme ke se promeni. Za začuden : MK da kaže na Evropa NE - pa neka kaže NE!Neveruvam, deka nekoj vo EU ke skape plačejki. NIKOJ! Uostalom - i Švajcarija nee vo EU i prosperira... Pa zošto ne i Makedonija? Samo napred! So svoi sili i umovi, nikoj ne vi treba, vie sami znaete, što e najdobro za vas! Poželuvam sreka i sé najdobro. Pozdrav.
Буги-вуги, 21.10.2011 09:50:43
Кута Буги,Албанија ма 70 % муслиманско население,сега е во НАТО,а а некоја година во ЕУ!Многу ти е глупаво објаснението!
Vesna, 21.10.2011 10:05:53
Gospodine Rizaov vi cestitam za tekstot! Napisano so logika, so dobro poznavanje na temata i sto e najvazno objektivno. No, sto vredi? Gruevski ne znae sto e logika. Se cudam kako moze da se obraka na EU vlastite kako da se rasprava so jatrva, a vo slednata recenica da veli deka EU e nasata opredelba? Toa ne e samo laga i dvolicnost, toa e paradoks!!
PIPIUEVKA, 21.10.2011 11:53:00
Ednostavno besmismleni se paraleli megju Turcija i Grcija od edna i Makedonija od druga strana. Nie i samo nie sme ubedeni vo sopstvenata vaznost i golemina a vsusnost sme samo spica pod noktot na Evropa. Taa pak ili ke ceka da izlezeme so gnojot ili ke ne operira...
do Erol, 21.10.2011 15:36:35
Aman be.Ako sme vlegle vo EU rajska gradina ke sme stanale.Vakvi tvoi pisuvanja te dviraat kako novinar,odnosno samiot ti si se dviras.Nikoja drzava vo EU ne e rajska gradina,duri nekoi drzavi vo EU se blisku da stanat kako pekolot.
ТОЧНО, 21.10.2011 18:12:03
Точно е дека политиката на Груевски РМ да ја прикаже како наследничка на ант.Мк. а нас како потомци на Александар,е погубна за Македонија,но не и за Груевски.Груевски на два пати ги добива изборите играјќи на картата дека ние сме потомци на ант.македонци и славната историја на Александар,а Грција поради тоа не`мрази, па помогната од другите ЕУ држави,сака да ни го одземе тој „наш“античкомакедонски идентитет(нашиот ант.мак. јазик) и името Македонија кое „го носиме“ уште од античките вермиња.Тој многу убаво знае дека нашето право да се нарекуваме Македонци,а нашата држ.-Македонија,не произлегува од нашето потекло од Александар,туку од нашето учество во антифашистичката војна,но тоа не носи изборни поени.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Ситен дожд
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |