Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
20.10.2011, 17:26

Мислења

Патриотско интервју на Македончето

Гордан Георгиев

Патриотската глазура во интервјуто на Груевски го покажува неговиот личен комплекс на помала вредност

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Се разбира, интервјуто што го даде премиерот Груевски за МИА не е случајно. Но, тоа е интервју на очаен човек што ги исцрпил сите можности за манипулација со сопствениот на��од и со меѓународната заедница. И тој човек, за жал, е премиер на Република Македонија и одлучува за судбината на оваа држава. Им препорачувам на сите граѓани на оваа држава детално и внимателно да го прочитаат ова интервју и да размислат што сака да им порача премиерот и какви се неговите визии (ако ги има воопшто) за иднината на Македонија.

Интервјуто на премиерот не може едноставно да се анализира. За тоа интервју е потребен научен инструментариум за психоанализа. Големиот патриот и' објавува војна на Европската унија, на САД, на опозицијата и на сите останати невладини организации, интелектуалци, неистомисленици. Навидум, овој „цврст и бескомпромисен“ став на премиер на една мала држава изгледа симпатично. Но, премиерот Груевски потоа продолжува и го открива неговиот вистински лик и карактер. Тој вели дека ние сме слаби, ние сме послаби од другите, дека не е фер некој да не опструира (Грција и останатите), дека не можеме веќе вака да продолжиме, дека ако не не' сака Европа нека ни каже, па ние ќе си видиме што ќе правиме итн.

На Груевски неочекувано тешко му паднаа недвосмислените зборови на комесарот Фуле т.е. дека дури и да го решиме проблемот со името, не можеме да бидеме сигурни дека ќе добиеме датум за преговори за членство во ЕУ. Ако некој не ја сфаќа или не сака да ја сфати оваа порака, ќе се обидам да ја појаснам. Таа парафразирано вели дека Македонија сериозно заостанува во реформите во последниве три години и дека работата е толку тешка што дури и ветувањата на Груевски дека ќе го реши проблемот со Грција нема да помогнат. А кои се тие заостанувања на Република Македонија што ги нотира Европската комисија?

Крупна лага е дека Европската комисија ја менува реториката и наводно од инает го критикува Груевски во извештајот. На граѓаните не им треба некој друг однадвор да им кажува дека реформите уназадуваат, дека македонската демократија се загрозува, дека нема слобода на изразување, дека медиумите и новинарите се под константен притисок, дека судството и администрацијата се брутално партизирани, дека царува корупцијата во владата, дека е отворен лов на вештерки кај сите неистомисленици на власта. Тоа е реалноста со која граѓаните секојдневно се соочуваат и никакви режимски медиуми или нашминкани извештаи не можат да ја подобрат таа слика. Ете, завршија прославите, завршија спектаклите, се изградија ултраскапите споменици и граѓаните си се вратија во своите домови и начекаа празна трпеза, празни подруми за огревно дрво и, што е уште пострашно, празна иднина. Со своето интервју, Груевски дефинитивно ни кажува дека сака да ни ја одземе иднината, дека сака бродот наречен Македонија да заплови во немирни и непознати води. Дека бродот неминовно оди во карпа.

Оној кој не е способен да го процени овој круцијален момент за македонската држава, не е способен да размислува за иднината на оваа нација и е индиректно или директно одговорен за судбината на Република Македонија. Ова се однесува на сите носители на функции од страна на владејачкото мнозинство, но и на сите останати граѓани кои сакаат да ја видат Македонија успешна, просперитетна и богата, членка на Европската унија.

На мислење сум дека многу брзо, доколку не се опамети, премиерот Груевски може да се најде во „тесната кожа“ на бившите лидери на држави кои доживеаја крах во надворешната политика и осакатија генерации на свои граѓани. Нашиот премиер, во типичен балкански ситно-дуќанџиски манир, мисли дека може да ги манипулира сите и да ги манипулира цело време. И, се разбира, дојде време да се плати фактурата, и тоа во најлошата можна ситуација за Груевски: кога веќе никој во меѓународната заедница не му верува. И затоа сите тие треба колективно да бидат прогласени за непријатели на Македонија. Да беше Слободан жив, ќе можеше да му биде завиден на својот пулен.

Нашиот премиер, занесувајќи се дека е месија, пет години ја копа дупката во која сите ние како народ и нација тонеме. Јавајќи на бранот на популизмот, национализмот и „црнокошуљачка“ негативна кампања кон сите неистомисленици, Груевски ја исцеди и последната капка бес и огорченост кај македонскиот граѓанин. Сега веќе не ни дава избор. Самиот го избира потешкиот и помачниот пат на неговиот неминовен пад. Таквиот избор очигледно не им е оставен ни на претставниците на меѓународната заедница.

Процесот на отрезнување на македонските граѓани несомнено ќе почне. На големото мнозинство граѓани им е преку глава од малтретирањата што секојдневно им ги приредува оваа Влада. На ос��атокот од оние кои се' уште веруваат дека Груевски е нашиот Македон, им препорачувам добро да ги проучат документите на „Викиликс“, во коишто пишува дека Груевски прифатил промена на името, но цело време не' манипулирал дека други му се виновни.

Затоа, да ја прифатиме неминовноста дека Македонија се наоѓа во тешка политичка криза. Да го прифатиме фактот дека во оваа криза не' вовлече политиката на сегашнава влада на ДПМНЕ. Да прифатиме дека можеби сето ова и го заслуживме да ни се случи, за да можеме конечно да се еманципираме и да тргне работата на подобро. Жална е Македонија во 2011 година, ако треба да преживуваме вакви премрежја. Но, како и во секоја драматична приказна, да се вратиме на онаа познатата: „Она што не може да не' убие, ќе не' направи посилни“. Македонија секако ќе опстои и ќе стане нормална европска држава, исто како и Словачка по Мечијар и Србија после Милошевиќ.

Да заклучам, патриотската глазура во интервјуто на Груевски всушност го покажува неговиот личен комплекс на помала вредност, комплексот на „Македонче“ коешто постојано е онеправдано, понижено и саботирано од сите страни. И овој комплекс тој се обидува да го наметне на целата нација, да не' обедини во малодушноста, слабоста, „калимеро“ правдата. Да појдеме сите по неговиот трнлив пат кон неизвесноста. Се разбира, третиот слој на тој комплекс е понатамошно давања на карт-бланш за царување на корупцијата и криминалот. Нели, во матно најдобро се лови.

(Авторот е пратеник

и потпретседател на СДСМ)


Статијата е прочитана 2397 пати.

Испрати коментар



Кочани во холивудски филм
Турски синдром во Македонија
И Венера не' изненади
Лански снег – изборите на 5 јуни



jovan, 21.10.2011 00:29:30
Pa rabotava i e za placenje. Poglednete na sever (Kosovo), poglednete na jug (Grcija) nie vo sredina slabi, izolirani i otfrleni od sekogo, a i bankrotirani (za toa doprva ke place koga ke ni soopsti). Ostanaa nekolku slamki za koj se fakaat, a toa e, ocajnicko trcanje i moljakanje po svetot nekoj da dojde i investira vo ovaa jazbina, da go tesi narodot deka seici ke ne spasuvaat, da ni kazuva za nekakvi si tabeli od nekakvi svetski organizacii deka tamu sme ripale i po 20 mesta vo reformite, a tie isti organizacii promasija se sto mozese da se promasi, i slicni lagarii za da ocajot bide sto ponevidliv. Lagata kako metod na vladeenje, poveke nemoze da opstoi. Soocuvanjeto so realnosta sega mnogu ke boli.
Јосиф Давидов, 21.10.2011 00:42:20
Кога сдс успеа и од ова момче да направи марионета,полтрон и партиски мегафон, се повеќе сум сигурен дека полека но сигурно сдс го допира политичкото дно а се плашам дека за кртко време ќе остане и без квалитетен млад кадар ако продолжи со ваква катестровална политика, еднолична и без идеи.
Mulla Nasrudin, 21.10.2011 00:58:07
Голема е дилемата дали да се коментира оваа патетична колумна или да се казни со најголемата можена казна - игнорирањето?! Сепак, за волја на вистината и за потребите на оние кои ставот го креираат врз основа на вакви писанија (вклучително и коментарите, како овој), потребно е да се демистифицира, барем делумно оваа деструктивна, фаталистичка патетика. Заради смешното ограничување во бројот на карактери кои можат да бидат содржани во коментарите ќе констатирам само дека ова писание со ништо не се разликува од негативистичката политика на „новиот сдсм“ која не бира средства за да се врати на власт... на погрешен начин, преку плукање на секој потез на оваа влада, без разлика на долгорочните цели и потреби на Македонија. СРАМОТА! вака НИКАДЕ не се стигнува, најмалку на власт. Колку побргу тоа го разберете, толку подобро за Македонија, на која и е потребна силна опозиција а не ваква беда и јад.
Јордан, 21.10.2011 01:58:39
Колумнава е како онаа народната: се пошегувало магарето на зајакот за големите уши
USA, 21.10.2011 08:44:33
Gledam i SDSM go izostavuva zborot makedonec i zboruva vo nominativi sto e navredlivo. Zatoa Gruevski e premier. Dali vi e jasno?
од Сретен, 21.10.2011 08:54:11
Браво јуначе само така продолжи навистина ти си најсилниот и искрениот македонец кој ја посочува вистината на денешното живеење.
Димитар, 21.10.2011 09:53:36
ГОРДАНЧО - македонче во Македонија се вели за мало дете,кога сакаш да пишуваш тогаш пишувај и правилно.Македончиња останаа само уште во твојата партија,инфантилни политичари,научени само да извршуваат тоа што ќе им се каже,да ги потчукнат по рамото и да им дадат лижавче, останатите се МАКЕДОНЦИ, треба веќе и тоа да ти стане јасно,порасни и ти веќе,стани МАКЕДОНЕЦ.
Трпе, 21.10.2011 10:09:48
Постои една поговорка дека со ЛАГА АГА не се бидува.Ама ова кај нас сеуште може да врви со ваков неук народ, кој многу лесно се пали на лажниот патриотизам на владетелотОвој народ има касно палење,кога им се укажуваше и за време на владеењето на Љубчо,тие и главата си ја даваа а сега плукат по него.Така ке се случи и со мистер Рејтинг,но изгубените години и направените големи штети неможе да се вратат и поправат.Некој друг мора да го пере нивниот прљав веш.
Makedonec vo EU, 21.10.2011 10:15:39
Македонија долго страдала (и сеуште страда) од неединство. Најголемиот проблем на Македонија не е ни името, ни Грција, ни ЕУ, ниту пак САД, а најмалку Македонскиот народ - туку групата луѓе наречена СДСМДПМНЕ. Еве до каде се стигнува со силувани избори и турбо-фолк политика. Некој рекол, не можеш да очекуваш различен резултат ако сеуште ги применуваш истите методи. Страшно е на колку малку луѓе во Македонија ова им е јасно...
baba, 21.10.2011 10:21:07
kolumnata e napishana vo apsoluten razbirliv jazik za koj saka da razbere.Komentarite se plukachki .Jas kje pokusham da dadam svoja ocenka vo soglasnost so tekstot.Prvo...sve e vistina vo pisanieto,da ne sakame da vojuvanje so megjunarodnata zaednica..kje pomineme kako Libija bez metak kje ne otepat.Vtoro...vo izveshtajot shto ne e tocno...partizirana adminisstracija,isto i mediumi,sostojbite vo sudstvoto...se e vistina...i shto saka nashiot premier da gleda EU so zeleni ochila kako narodecot ni nash...ne...Gordan ochigledno e eden od najdobrite analitichari i naj realnite kolumnisti vo Makedonija....site posledici se od politikata Skopje 2014 ajde sega...Branko e kriv...Grcija e chlenka kade nie sakame da bideme i zad nea stoi megjunarodnata zaednica...poleka kje go izgubime i FIROM..
Гостиварчанец, 21.10.2011 10:53:59
Читајќи го текстот на потпретседателот ми стануваат јасни причините за многуте порази на СДСМ... Без генерален ремонт не излегувајте на избори ни на совет на станари во станбена зграда, а не пак на локални или парламентарни !
ФЕЛИКС, 21.10.2011 12:13:50
Од учтивост прво да прашам дали ви помина главоболката предизвикана од внатрешното партиско раслојување.Како второ не верувам да сте подржувач да некој ви се обраќа прво со ,,вашиот народ,, и ,,вашата држава,, па покасно сето го дополни со Скопје и Скопјани,гарнирано со негирање јазик и идентитет.Е сега ако од партиски мотиви и беспоговорна послушност кон својот лдер-губитник го прифаќате сето ова на негирање се живо тогаш мислам дека анационалното однесување топтан сите вас опозиционери ве носи долго време во опозициски мрак на партиско битисување.Уште долго нема да видите,,бело видело,, ќе чмаете таму презрени од сите.И накрајот анкетата последна страотно ве д��мантира и ве сместува во трајни губитници.
BitolaHamiltonCanada, 21.10.2011 12:14:52
OCI SIRUM ZATVORENI Na BOKSEROT SO TRI SRCA,ocite mu se sirum zatvoreni i svrteni kon sebe.Toj se gleda samo sebesi.I sto gleda? Mesija,junak kacen visoko na konj,falangata pod nego....i si veli:Ova sto jas go gledam e VIZIJA ova e VIZIJATA ZA MAKEDONIJA i treba da go vidat site.A kako? se zaprasa VIZIONEROT i si odgovori:Ke si izgradam spomenik vo centarot na Skopje i taka site moi slepci so isprani mozoci i siroko zatvoreni oci ke mozat da go vidat ona sto jas go gledam...MOJATA VIZIJA. A za REFORMI ! Eh,sto znaat slepci za REFORMI...Jas, Nikolce Golemiot, sum REFORMI za Makedonija.Jas sum :sudija,administracija,policija, so eden zbor Jas sum se. Ti se blizi krajot Bokseru so tri srca.GOTOV SI TI NEMA SPAS.
psihoanaliza, 21.10.2011 12:29:49
A be dajte dosta, ako nekoj stalno cmizdri ste vie. grujo postojano nesto pravi i izgleda deka toa pocna da ima i konkreten efekt. Vie samo prodolzete so psihoanaliza, i nakafe gledajte koga ke se vratitenavlast vakvi. Nikogas.
cane sokolovski-toronto, 21.10.2011 12:48:54
....Osven po problemati;noto minato, nacionalizmot se karakterizira so omraza prema drugiot Goethe
od doma, 21.10.2011 13:14:27
Vistina bilo deka narodot e vo pravo i koga gresi! Gi citam komentarite na ovoj prekrasen i jasen tekst, no koj da go razbere ili koj smee da go razbere?! Ili pisuvaat kmentatori po naracka, nemislejki za idninata na Makedonija i so cel, samo da napravat ekspolozija megju clenovite na SDSM.Cutajki go denesen Dnevnik, se cini deka atomskata bomba e podgotvena. Duri i lceto od USA, nisto nerazbira sto se slucuva vo nasava jdna Makedonija. Bi trebelo nesto pocesto da dovagja i da zivee vo makedonski uslovi kak sto toa go pravi pogolemiot del od narodot i onie koi ne se zasega istrizeni ovci.Jovan e ( sé pocesto) vo pravo koga veli deka sme za placenje.No, naskoro,nedolicno i so arogancija kako uteha, ke ni ponudat samicinja PALOMA ili tablet za da ni se spusti temeraturata. A placenjeto doprva ke bider sé posilno i posilno za srekja na Paloma....
Оливер, 21.10.2011 14:22:00
Од далеку се гледа дека само ти кажувале како е и колку значи да се биде во фотења т.е да си функционер, желбата е огромна да се биде тоа, но Гордане свести се дека не е овој начинот за тоа да го направиш, оти со ова само си ја рушиш националната мисла и контаминираниот национален дух нема повеќе да се претвори во жива материја барем кај тебе сега засега. Доколку мислиш дека при момент на колективно национално освестување(надвор од рамките на политиката) на народот како што е ова, ти не ќе можеш со ваков тон бихаќко-фотељашки да го сопреш тоа, обидувајќи да те прогласиме за светец, далеку е таа цел со овој тон, а твојот шеф(издавачот на директиви, неуспешни за среќа) е човек за кој се мисли дека е инкарнација на злото и со негова поддршка само помагаш во одржувањето на овој систем.
Stefan, 21.10.2011 14:39:41
Jasno izrecen stav na gospodinot Georgiev so koj nekoj ke se soglasi a nekoj ne. I normalno kako potvrda na vistinitosta na izrecenite negovi stavovi se javuvaat makedoncinjata. Navredeni od celiot svet, site niv gi mrazat bidejki se nebeski, samo tie ja govorat apsolutnata vistina. Istite tie koi ladnokrvno gi izbrisaa ranite na zrtvite od 2001 i istite koi avtenticno rekoa deka edinstveni zlostornici vo 2001 bea Ljube i Johan.
Nikola, 21.10.2011 15:33:12
Gruevski ne saka EU i NATO oti ce nema moznost za reketiranje na firmi i ludje! Ako sakase EU, nemase da go kritikuva Izvestajot na EU za raboti za koi nema napredok, tuku, dovolno bese da zameri za odbegnuvanje na pridavkite makedonski. Vo toj slucaj, ce dobiese podrska i od gradjanite, no i solidarnost od del na clenkite na EU. No toj ne saka EU, i kolku polosi ni se odnosite so EU, za nego tolku podobro!
do BHC, 21.10.2011 15:49:15
Krajot vekje vi e dojden na tebe i na tvoite istomislenici.
ПРАШАЊЕ, 21.10.2011 18:34:35
Каква врска има Груевски со Милошевиќ?Милошевиќ се бореше неговиот народ да не биде поделен да живее во три држави како што беше поделен нашиот народ во 1913 г.Милошевиќ се бореше Косово, кое е дел од Србија,да остане во Србија.Има борба за која вреди и да се изгуби и да се гине.ЗА ШТО СЕ БОРИ ГРУЕВСКИ?Зар борбата на Груевски за власт личи на борбата на Милошевиќ за Србите?Зар борбата на Груевски да не`прикаже како потомци на Александар и РМ како наследничка на ант.Македонија,а со цел собирање на изборни поени, личи на борбата на Милошевиќ?

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Ситен дожд
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |