Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.10.2011, 17:40

Граѓаните поделени меѓу име то и ЕУ

Кога би морале, граѓаните најмногу би ја прифатиле додавката „северна„

Македонските граѓани се поделија околу дилемата НАТО и ЕУ или уставното име на земјата. Во анкетата што ја спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка, на прашањето дали сте за НАТО и ЕУ и по цена на компромис околу името позитивно одговориле 40,5 отсто, додека блиски 39,6 отсто и натаму ��е за зачувување на името, и по цена на застој во евроинтеграцијата. Анкетата спроведена на 1090 испитаници покажува дека граѓаните би сакале многу (58 отсто) спорот да се реши годинава, но дека во огромен процент не веруваат дека ќе се случи тоа, а 24,2 отсто од нив не веруваат дека ќе се реши воопшто.

Толкувањата на МЦМС се дека анкетата покажала дека е во тек национално обединување околу спорот за името, односно граѓаните од сите етнички и партиски припадности ја бранат црвената линија за идентитетот и бараат одлука за името на референдум. Како паралела на грчката црвена линија ваквата обединетост е наречена гранитна црвена линија, бидејќи мнозинството граѓани (64 отсто) се против дефинирањето на државјанството како, на пример, „граѓани на Република Северна Македонија„, а уште поголем процент од нив (74 отсто) се противат на додефинирањето на јазикот во ОН, како на пример македонски јазик( официјален јазик на Република Северна Македонија). Она околу што исто така се обединети граѓаните е дека одлуката за името треба да се донесе на референдум, бидејќи 64 отсто се изјасниле за тоа.

Иако МЦМС го нагласи фактот дека за крајната опција, неменување на името, се определиле 45,3 отсто од испитаниците, не останува незабележано дека речиси исто толку се изјасниле за разни форми на компромис, од ново име за сите употреби, двојната формула, двојно име за меѓународна употреба до име за меѓународни организации, при што најголем процент се за двојната формула. Исто така, за „никаква промена„ лани биле 48,4 отсто од граѓаните а годинава три отсто помалку, што е симболично, но покажува дека Македонците се заситуваат од спорот, како што поминува времето.

Најинтересно е дека граѓаните веруваат во голем процент дека Грција, и да се реши спорот, ќе бара нови отстапки околу идентитетот и јазикот, се додека не го уништи македонскиот идентитет и дека решавањето може да доведе до раскол на предавници и патриоти. „Овие две закани се закани по опстанокот на нацијата и веројатно се главен мотив во одбивање компромис„, оцени Сашо Клековски, кој ја презентираше анкетата.

Во однос на географските одредници кои како додавка на името досега циркулираа во јавноста, за граѓаните најприфатлива е Северна, а по неа Скопје и Вардарска Македонија. Речиси секој четврти граѓанин притоа е подготвен да излезе на улица и да протестира за одбрана на името, јазикот и идентитетот. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1584 пати.

Испрати коментар



Ја поправивме бизнис-климата, но што е со политичката?
Груевски за Блумберг
Невработеноста се намалува вештачки
Иванов
Грција подготвува реакција на говорот на Груевски
Беџети тврди дека не ги исмејувал судиите
Шпионско досие: како го разоткрив МИ6
СДСМ
Не им се брза со нов попис



The Shadow, 21.10.2011 00:29:26
Ваков „автогол“ од анкета не може да се случи во hell-ass. Во тоа се подобри од самоуништувачкиот синдром од кој патат неосвестените Македонци. За ова не е потребна анкета. За ова е потребен здрав разум врз основа на прашањето кој и што губи и добива од наметнатиот од страна на hell-ass и прифатениот од страна нанекои домашни структури, измислен спор за името. Името е само штитот кој пред себе го поставуваат узурпаторите на хеленската култура - дојденци од Суб-сахарска Африка. Проблемот е поинаков. Тие се со лоша карма, тие се крадци на туѓа култура, т.е. она за што ја обвинуваат Македонија, трудејќи се да го заташкаат најголемиот ГЕНОЦИД на тлото на Европа, направен надвор од временските граници на светските војни.
nacional-patriot, 21.10.2011 03:27:32
Ovoj tekst napisan verojatno od nekoj od klanot evrofanatici Jovanovski e obid da se prikaze deka sega megju gragjanite ima podelenost za i protiv dodavka na imeto.Ovoj tekst e taka napisan za da sozdade pogresen vpecatok,a osobeno podnaslovot na ovoj tekst,bidejki podatocite od anketata koi se prikazaa vo drugite mediumi,vo ovoj tekst ne se napisani,sekako namerno.Vo ovoj tekst ne e napisano deka 20% od anketiranite se za dvojnata formula,a toa znaci poznatoto,drugo ime za Atina da go koristi,a za cel svet ustavnoto ime.Zaedno so drugite 45%od anketiranite koi se zalagaat ustavnoto ime da se koristi vo cel svet,no duri i vo Atina da se koristi,vkupno se 65% od gragjanite sto se protiv bilo kakva dodavka.Onie anketirani sto prifakjaat dodavka severna ili nekoja druga se povekjeto od etnickite malcinstva.Ovaa anketa uste pokaza,a vo ovoj tekst namerno ne e napisano deka 74% od etnickite Makedonci se protiv bilo kakva dodavka na imeto na drzavata.
dedo dimo, 21.10.2011 03:43:36
Samo edna raka luge ke bidat za da se izmeni imeto.Samo eden izlez od ovaa glupava kriza e Dbojna Formula ,za svetot Republika Makedonija a so Grcite mozi Severna Republika Makedonija .Da se izmenuva imeto samo za vlez vo EU toa e GLUPOST .Lugeto treba da se prashaat ,do kolku se prifati izmena , shto ke bidi so Makedonija do kolku EU zavrshi kako Jugoslavia ?.Vo Jugoslavia 5-6 narodnosti a vo Evropa .okolu 30 i plus.shto znachi procentot e mnogu pogolem za EU da PROPADNI pobrzo od JUGOSLAVIA.
tup i glup, 21.10.2011 06:48:11
ima li nekoj maz da im objasni na makedoncinjata deka AKO NE VLEZAT VO NATO CE SE RASPADNI I TAKA RASPADNATATA DRZAVA, PORADI TOA STO BRACATA ALBANEZI CE SI ODAT SO DRUGITE BRACA. posle da ne bide nekoj drug vinoven.
Do Shadow, 21.10.2011 10:33:52
Do The Shadow: Ti mora da ne gi svacas nekoi raboti ,ili pak mozebi poteknuvas od Egejska makedonija pa si isfrustriran. Makedonija bez vlez vo NATO I EU ima mrcna idnina. A jas eve javno se soglasovam so imeto Severna Republika Makedonija( pa nie sme vo severniot del na makedonija) so toa da identitetot , jazikot i narodot da si ostane makedonski.Toa se vika razumen kompromis.
do tup i glup, 21.10.2011 10:41:42
Neka si odat be brate ete im ja albanija nek vlezat so nea vo EU,sekako ako ti dozvolis.
ФЕЛИКС, 21.10.2011 12:01:33
За разлика од Дневник , тука сосема штуро се дадени податоците по неколку прашања и тоа сосема селективно .Го нема процентот на подржувачите на опозицијата кои се против промената на името а тоа 44%.Прифаќањето на Северна е само 20% а тоа се премолчува тука.Против erga omnes се 58% а 69% се против било какво дефинирање на јазикот и идентитетот.А 57% од Македонците се против било каква промена на името.Е ова се бројките кој тука одсаствуваат,ги има и уште но доволни се овие.
sando novoselec lubljana, 21.10.2011 12:23:18
za vlez vo EU ne treba da si go menime ustavnoto ime r Makedonija takva politika agresivna što vodi EU ke se raspadne evropejcite ke svatat da EU ne e med i maslo ima i ke se ragat ušte državi kako grcite i gi ima ušte samo vo javnosta ne gi davat kakov problem si napravivme so privremenoto krstene vo FIROM MAKEDONIJA NA MAKEDONCITE ne po puštane na nekoi evropratenici koi zimat mito da se protiv Makedonija toa e sramota za niv nikoj vo evropa ne spomnuva 1913 god i od 45 do 49 sega pak ne vrti EU kako jagne na ražen greota i sramota što se raboti na Makedonskiot narod FALA
до Феликс, 21.10.2011 17:26:33
Што го тупиш.Ти и сите други заблудени овци кои ВМРО на Груевски ги шиша како сака,ќе ја прифатите секоја промена на името кога Груевски ќе го стори тоа,а тоа многу брзо ќе се случи.
makedonec, 21.10.2011 18:03:24
a ti Do Shadow da ne si vlav. Pa ova ne e tvoja zemja barem egejcite se borele za del od makedonija a vie vlasite od 1990 ja raspadnavte cela ekonomija

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 6°C

Понеделник
Ситен дожд
Макс: 18°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |